Домашните верници, а вие атеист

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Среџено Шака.

Сега децо уште да сакавте да дискутирате, мераци ќе беше. (nod)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ShakaZulu

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Шака зумбул ин екшн. Дер ис ноу нид оф фртр коументс.

Инаку и кај мене е таква ситуацијата, само моите дома не ме замараат со такви ствари, никад не паднало муабет на таа тема.
Си живееме сите онака како што си сакаме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ShakaZulu

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Еве убаво си кажа дека секој има право на избор, ондак ти си верничка или ?
Не да имаш проблем , туку сакав да прашам ти што а што родителите,и од овде гледам некоја дискусија што може да има некаде и децата да бидат атеисти а родителите вериници, затоа ја отворив темата. Да се искажете како сте по дома :)

Да верничка сум :)
Кај мене дома сите сме верници, така да не дошло никогаш до таков разговор или дискусија на таа тема,така што нема потреба да коментирам повеќе на оваа тема : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: goodgod

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
А мислење за обратно, домашните - неверници, а вие - верници се важи?
Мајка ми и татко ми на пример не се големи верници. Татко ми ретко оди во црква, не пости, не празнува празници и слично, а и мајка ми е тука некаде, додека јас и сестра ми секогаш постиме, одиме во црква, се прекрстуваме пред секоја црква и тн..
Секој човек си е способен сам да се определи дали ќе е верник или не, мама и тато се едно, а детето е друго.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: goodgod

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Моите дома не се којзнае какви верници, ама ги пратат сите обичаи и традиции што ги носи православието..
Јас сум атеист, но многу ретко сме влегле во дискусија зошто.. како..
Но доколку има потреба за конфронтација со верници, однапред знам дека фактите тежат на моја страна. Знам, сум читал и читал.. и едно е сигурно... Човекот ментално еволуирал... Не е тој истиот од пред 2000 години заробен во црковниот карантин и тогашните сваќања за животот и опшеството. Денес луѓето се повеќе и повеќе се дистанцираат од вербата кон бог..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: goodgod

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Се пронајдов и јас во темава, едноставно ако јас не ја поштувам религијата не значи дека треба и другите да ги замарам со тоа (и нејкам они мене да ме замараат). Ок за бадник ќе вртиме лепче или нешто за слава ако треба, ама тоа чисто од почит према моите, сепак ни можам ни сакам некого да убедувам некој што е дупло постар од мене да му се мешам во тоа. А кога еден ден јас ќе имам мои деца, моја жена мој дом, сигурно не би практикувал такви ствари, нити би правел слава нити би ги крстел децата во црква, кога ќе пораснат ако сакаат никој не им брани. Е сеа мал конфликт настанува кога мајка ми ќе ми стави некој крст или икона во соба а јас ја тргам, или ќе ми донесе некоја “света вода“ од црква... Од почит према неа не се расправам ниту ја разубедувам, само гледам на најмирен начин да се извадам од ситуацијата пошто ми изгледа глупо и смешно. Лани мислам беше дремам на комјутер и ми влага поп у соба, тоа за божиќ или велигден не знам кога, кога доаѓаат по дома и најпоштено му реков друже ај глеј си работа не мора овде да ми прскаш, па ми сврте попот муабет ко злото почнало да ме обзема пошто сум седел на ѓаволската машина (комјутерот), толку беше озбилен што едвај се воздржав да не му се насмеам. После предаванја три дена како не сум бил културен према попот. Што е до мене не би го ни пуштил да ми влезе дома ама ај...
Така да не се замарајте и не стварајте непотребни расправии по дома ако се разликувате во мислењата за тие работи со родителите и не пробувајте да ги разубедите, пошто не е можно и башка нема поента некого да разубедуваш за таква работа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: goodgod, warr and ShakaZulu

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Кај мене е истата приказна,сите се верници само јас атеист...исто ко црната овца сум ама нејсе :D
Одат често на црква ги пракаат сите обичаи а мене ич уво не ми чуе.
Башка не ни смеам да спомнам дека сум атеист зш со се партали ке ме искараат од дома.
Само мама знае дека не сум верник.
Имам за таа тема многупати разговарано па дури и сум имала кавги со другарки...
Демек се што ми се случувало лошо било зошто не сум верник.(facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: goodgod