Доделување Оскари 2021

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,565
7,174
1,153
Big Sur
Вечер ќе се одржат 93тите по ред Оскари, а за тоа дознав дури завчера. :zelen
Не знам дали е до мене или навистина веќе не се интересни овој тип манифестации, но некое време веќе не следам што се случува во филмската А класа, туку радо би гледала некој треш од Ш класа.
Така да, очигледно не знам скоро никој од филмовите, освен Mank и Borat Subsequent Moviefilm.
Од ова што разгледав па, едни исти 4-5 филмови се вртат по скоро сите категории. Секогаш имало форсирања, ама ми се чини никогаш не било толку еднолично.
Ќе ги гледа ли некој? Што мислите за тоа кој има шанси да победи и во која категорија?
Односно, пошто најверојатно темава ќе ја видите по завршувањето, правото прашање е дали сте задоволни со изборот?
Видов на Инстаграм кратко клипче од глумата на Вајола Дејвис и сметам дека жената секогаш ги заслужува сите награди. Прекрасна и преталентирана ми е во секој поглед.

За заинтересираните, програмата почнува во 2 по полноќ, а еве и линк со номинираните:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,565
7,174
1,153
Big Sur
Гледам по мреживе и разни форуми (наши и странски) дека мнозинството се подеднакво незаинтересирани за Оскариве веќе подолго време.
Ѕирнав некои ред карпет моменти и сум онака мех... Голем дел од личностите не ги ни познав. Мање битно тоа, веќе знаев и дека Оскарите ќе одат кај други раси за да се задоволи жедта за социјална правда на привилегираните пошто црнците и азијците што се по улици, ќе се гордеат и ќе ја јадат статуетката на некои си второкласни режисери, шминкери и споредни улоги.
Нејсе, еве ја и скромната листа.
Штуро, навистина штуро. Ко Златна Бубамара за богати.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,099
5,640
1,683
Disco
Гледам по мреживе и разни форуми (наши и странски) дека мнозинството се подеднакво незаинтересирани за Оскариве веќе подолго време.
Ѕирнав некои ред карпет моменти и сум онака мех... Голем дел од личностите не ги ни познав. Мање битно тоа, веќе знаев и дека Оскарите ќе одат кај други раси за да се задоволи жедта за социјална правда на привилегираните пошто црнците и азијците што се по улици, ќе се гордеат и ќе ја јадат статуетката на некои си второкласни режисери, шминкери и споредни улоги.
Нејсе, еве ја и скромната листа.
Штуро, навистина штуро. Ко Златна Бубамара за богати.

Брат ми не пропушта ова па и јас ѕирнав онака, не ми беше јасно што е ова, дали дека немаше публика, дали дека не видов ниту една позната фаца од калиброт на Даниел Дај Луис, Де Ниро, Спејси (oh wait, Спејси го канселираа), све некои анонимуси.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra