До сега три пати имам дарувано крв. Првиот пат во трета година средно, бев меѓу добритеволци што не се плашеа од игли, крв и слично Башка и ни следуваа два дена слободни кога сакаме до крајот на годината да ги искористиме. Признавам првиот пат кога давав крв беше од погрешни причини. Но кога помислив дека некому мојата крв помогнала, и дека некој живее бидејќи и мојата крв тече низ неговите вени некако се почувствував семоќно и исполнето.
Вториот пат на факултет исто имаше крводаротелска акција каде нормално се приклучив од вистински причини бидејќи едниствената бенефиција беше задоволството дека сум направила добрина на некој човек. Третиот пат беше претходната година, и знам дека нема да биде последен пат.
Не чувствував замор ниту еднаш, напротив бев полна со енергија. Убаво чувство е, хумано, и воопшто не е болно и не е страшно.