Добрината и лошотилакот во 10 точки

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Некои паметни и познати луѓе во колумни или во Фејсбук постови не можат да се изначудат за тоа каде отишла добрината на луѓето, зошто лошотилакот ја надвладеал добрината во нашава чудесна земја, итн. Е, па, треба да ги разбереме следниве работи за да можеме да одговориме на тие прашања:
  1. Зло и добро не постојат како натприродни сили или енергии или духови или што ти ја знам веќе како. Овие концепти постојат само поради постоењето на животни кои чувствуваат болка и уживање. Ако не постојат животни кои чувствуваат болка и задоволство — нема да постои ни зло ни добро. И треба да се потенцира дека болката има многу поголема тежина од уживањето. Како и да е, и двете сензации се случуваат во мозокот.
  2. Луѓето не се раѓаат добри, за после некои од нив да станат лоши.
  3. Луѓето се животни и имаат нагони да преживеат, да се размножуваат и да се грижат прво за своето потесно семејство, а потоа за поширокото семејство.
  4. Значи, од 3. следува дека луѓето по дифолт се себични. Се разбира дека некои се раѓаат со предиспозиции за помала себичност, други со поголема, но генерално, луѓето се грижат за својот задник и за најблиските. Во суштина, не се ништо подобри од нивните најблиски роднини — шимпанзата, ниту пак од останатите цицачи. За да бидат помалку себични, потребно е уште нешто. Ама, читајте понатаму.
  5. Пар проценти од секоја популација се психопати и социопати. Тие луѓе во своите мозоци немаат развиени центри за емпатија, сочувство, срам, вина, совест. Исто така, нивните мозоци им даваат силна волја да ризикуваат, да манипулираат, да глумат дека имаат совест, да се борат за моќ и да ги остваруваат своите цели не водејќи грижа за другите. Овие луѓе, ако се доволно интелигентни, се инсталираат во политиката и бизнисот како лидери, директори и паразити. Не сите лидери и директори се психопати, но голем дел се. Ќе ги препознаете по тоа што имаат голема моќ и пари, уживаат во луксуз, а мува не ги лази кога прават штети. Исто така, не сите психопати/социопати се во политиката и бизнисот. Повеќето се обични лопови, преваранти, насилници, маалски битанги.
  6. Способноста на еден поединец да ги оствари целите од 3. е правопропорционална со неговите сопствени знаења и вештини, а обратно пропорционална со неговите сопствени заблуди. Зошто погрешните перцепции се минус? Па, дури и да сте махери во одредена професија, ако имате тешки заблуди за реалноста (што во таков случај ве прави фах-идиоти), некои психопати ќе се обидат да ги злоупотребат вашите погрешни верувања за да извлечат корист на ваша штета.
  7. Способноста на просечниот поединец да ги оствари целите од 3. е исто така правопропорционална со вкупното знаење и обратно пропорционална со вкупните заблуди во општеството. Тоа е така затоа што психопатите/социопатите на врвовите од сите политички и бизнис хиерархии имаат одврзани раце да го работат заблуденото население како нива и да ограбат се’ што може да се ограби на штета на целото општество. На тој начин психопатите лидери ги осиромашуваат вкупните ресурси на заедницата. Во вакви услови, како колатерална штета страдаат и пристојните луѓе со многу знаења/вештини и малку заблуди.
  8. Кога луѓето се недоволно способни да ги остварат целите од 3., а ресурсите во општеството потребни за остварување на целите од 3. се недоволни за сите, тогаш себичноста цвета. Луѓето неминовно стануваат рамнодушни па дури и немилосрдни кон сите кои не им се блиски. За да обезбедат егзистенција за себе и своето семејство, мнозинството “нормални луѓе” се спремни да крадат, лажат, манипулираат, па дури и да убиваат ако дојде ептен зорт. Под притисок на околностите, може да се однесуваат ефективно како психопати. Оти не знаат како поинаку да обезбедат опстанок. Значи, загрозен опстанок води до вишок на зло.
  9. По дефиниција, добрина е директно или индиректно придонесување за добро здравје на други луѓе и ненанесување на штета на други луѓе. Лошотилак е спротивно од добрина.
  10. Имајќи ги предвид 6., 7. и 8. во комбинација со 9., се заклучува дека вкупната добрина во едно општество е правопропорционална со вкупното знаење, обратно пропорционална со вкупните заблуди, и правопропорционална со вкупните ресурси во општеството.
Да резимираме. Ако сакаме повеќе добрина кај луѓето, треба да се погрижиме сите да имаме пристап до квалитетно образование, да се учиме да ја сакаме и бараме вистината во секое време, колку и да е непријатна. Со помош на вкупното знаење треба да создадеме устав, закони и институции кои ќе бидат системска противтежа и заштита од грабливците психопати/социопати. Со вкупното знаење стекнато низ квалитетно образование ќе се развие одржлива и здрава економија која ќе создава доволно нови ресурси потребни за преживување на сите единки. Кај нас има сериозен недостаток од знаење, сериозен вишок од заблуди и сериозен недостаток од ресурси. Затоа лошотилакот е многу поголем од добрината. И не се надевајте дека добрината ќе не’ спаси од маките. Знаењето и вистината се спасот. Добрината е само пријатна последица која доаѓа покасно.

Сега засега, нашето општество е хибрид од лабаво спроведување на закони и доминација на вкоренет бандитизам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Добро обмислено и одлично напишано, би предложил придружување во некоја од постоечките теми (има за психопати и социопати) или отварање нова.
Има што да се каже за справувањето со психо и социопатите :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: massimaux