Динамична и трансформабилна архитектура

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Ротирачки кули, објекти кои ја менуваат својата форма во зависност од временските услови, објекти кои се самоодржливи или ако сакате „интелигентни“ објекти.
Човековата имагинација уште еднаш ги поместува границите помеѓу возможното и невозможното.

Трансформабилни облакодери
Идејата е преку трансформација облакодерот да се адаптира на временските услови, интензитетот на сончевата светлина, како и непосредното опкружување.
Фантастичен објект, едноставно наречен Kinetower.
Проектот е дело на студиото Kinetura

kine1.jpg


kine2.jpg


kine3.jpg


kine4.jpg


kine5.jpg


kine6.jpg

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and JaMi

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Ептен ги сакам овие футуристички дизајни.Додека во светот се прават вакви ствари ние си живуркаме во барок, тапа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and JaMi

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Првата динамична, подвижна зграда во светот, кулата на осумдесет спрата со ротациони апартмани е дело на архитектот Дејвид Фишер и неговото проектантско студио. Ситуирана е во Дубаи и се со состои од осумдесет префабрикувани апартмани кои што се ротираат независно еден од друг. Дејвид Фишер - Израелец по потекло но Италијанец по националсност кој цел живот работи во Фиренца изјави: „Ова претставува прва зграда која се ротира, движи и го менува својот облик, оваа зграда никогаш нема да изгледа исто ниту еднашка во нејзиното опстојување“.

Висока е 420 метри, апартманите се ротираат за 360 степени на гласовна команда околу централниот столб со силата на 79 гигантски турбини на ветар лоцирани помеѓу секој спрат.Зградата е предвидено да е самоодржлива бидејќи турбините се замислени да ги задоволуваат енергетските потреби на целата зграда, дури и да создадат вишок енергија кој што ќе го враќаат во централната градска мрежа. На апартманите ќе им биде потребно од 1 до 3 часа за да направат полн круг и ќе коштаат од 3.7 до 37 милиони долари.

350x517-images-stories-stranska-dinamicna_arhitektura-16.jpg











 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jericho