Диети според крвната група

Македонец

Староседелец
14 февруари 2012
315
440
1,063
Држите диети, се храните здраво, а сепак нема никакви резултати? Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така? Храната што ја внесувате можеби е здрава, но сте помислиле ли некогаш дали одговара на вашата крвна група?
Основната теорија за крвните групи ни открива дека антигените крвни групи различно се однесуваат во биохемиските реакции со одредени додатоци ( т.е. некои од нивните состојки).
Кои се карактеристиките на секоја крвна група и кои додатоци како и животен стил најмногу им одговара?

Крвна група 0
Профил за диета - високо ниво на протеини, месо, риба, зеленчук и овошје
Ограничено - житарици, грав, мешунки ( грашок, соја, кикирики)
Терапија за губење на тежината - треба да избегнувате грав, леќа, карфиол и сенф, додека морските алги, морската риба, џигерот, спанаќот и брокулите се многу корисни. Се препорачува интензивна телесна активност, аеробик, борачки вештини и трчање.
Крвна група А
Профил на диета - вегетаријанци, овошје, морска риба, житарици
Терапија за губење на тежината - треба да се избегнува месо, млечни производи, грав, пченица, додека помагаат соја, ананас, зеленчук. Во исхраната треба да се додадат и витамините Б, Ц и Е, фолна киселина, глог, ехинацеа. Овие лица треба да спроведуваат мирни вежби како што се јога и таи чи.
Крвна група Б
Профил на диета - сештојад, избалансирана исхрана, месо (со исклучок на пилешко), млечни производи, житарици, грав, овошје, зеленчук.
Терапија за губење на тежината - да се избегнува лешници, леќа, пченка, пченица, а да се користи многу зеленчук, јајца, сладок корен, диво месо и чај. Во исхраната треба да додадете магнезиум, сладок корен, лецитин. Треба да се прават умерени вежби како што се шетањето, велосипедизам, пливање и тенис.
Крвна група АБ
Профил за диета - месо, морска риба, млечни производи, мешунки, житарици, овошје.
Терапија за губење на тежината - треба да се избегнува црвено месо, грав, семки и пченка. Во исхраната треба да се додаде витамин Ц, глог. Лугето што имаат крвна група АБ треба да се бават со мирни телесни вежби како јога, таи чи, пешачење, велосипедизам и тенис.