Диета според крвната група

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Крвна група тип О


О- крвната крупа е првата крвна група која потекнува од ерата кога главен извор на храна за човекот бил уловениот плен во таканаречениот лов во групи, околу 50.000 години п.н.е. Во тој период исхраната претежно се базирала на консумирање големи количини црвено месо и многу малку житарици и млечни продукти. Па така според логиката на Dr. James D`Adamo, на крвната група О најмногу и одговара месна диета (диета со внес на месни продукти). Како ваквата диета е богата со животински протеини, на луѓето со крвна група О им е неопходна интензивна физичка активност која ќе им помогне да го согорат висококалоричното месо.

Луѓето со крвна група О се склони кон стомачни проблеми поради прекумерната секреција на желудечна киселина. Тие исто така можат да бидат повеќе склони кон болести на зглобовите (артритис) и штитната жлезда како резултат на прекумерната активност на нивниот имун систем.


Користењето житарици и млечни производи исто така поттикнува воспаленија кај луѓето со оваа крвна група поради предизвикување нерамнотежа на имуниот систем.

Лицата со крвна група О можат значително да си ја покачат својата телесна тежина доколку се подложат на диета со висок внес на јагленохидрати (шеќери), бидејќи нивниот организам не е во состојба соодветно да ги разградува и метаболизира овие материи.


Крвна група А


Крвната група А настана во ерата кога човекот започна да води земјоделски стил на живеење некаде помеѓу 25 000 и 15 000 години п.н.е. Луѓето со крвна група А најдобро ја поднесуваат растителната исхрана. Најлесно можат да ја намалат својата телесна тежина доколку се подложат на вегетаријанска диета особено на макробиотска исхрана.

Индивидуите со оваа крвна група одвај продуцираат хлороводородна киселина во својот желудник, па затоа многу лошо ја поднесуваат диетата со месо или млечни производи како што е диетата на Аткинс.

Генерално луѓето со крвна група А се повеќе склони кон појава на рак, шеќерна болест и срцеви болести доколку не се придржуваат кон советите за здрав живот. Генот на алкохолизмот е исто присутен кај луѓето со оваа крвна група.


Крвна група Б


Крвната група Б настанала со мешање на крвната група О и крвната група А. Тоа се случило помеѓу 15 000 и 10 000 години п.н.е. како резултат на патувањето на луѓето од едно на друго место на земјата.

Од таа причина, на крвната група Б најмногу и одговара млечна диета (консумирање млечни производи) со умерен внес на месо ( без пилешко) и само малку житарици.

Луѓето со крвна група Б најмногу страдаат од инфекции на жолчката и мокрачните патишта. Тие се исто така склони и кон вирусни инфекции особено кога нивниот имун систем ќе заслабне.

Со оглед на тоа што луѓето со Б крвна група можат лесно да ги разградат и метаболизираат млечните производи и повеќето останати видови храна, тие обично лесно можат да ја намалат својата телесна тежина доколку во својата исхрана исклучат консумирање житарици, пченка, кикирики, бадеми , лешници, ореви.


Крвна група АБ


АБ е најретката крвна група која воедно и најкасно се појавила кај луѓето. Датира од пред околу 1 500 години. Оваа крвна група е најдобро прилагодена на умерена диета. Индивидуите со АБ крвна група можат да имаат корист од диетата за А и онаа за Б крвната група.

Сепак, месото не се разградува толку добро како морската храна, млечните производи, житариците (освен пченицата) и соините производи.

Луѓето со АБ крвна група се склони било кон болестите кои се карактеристични за Б крвната група или за оние што се карактеристични за А крвната група. Потребна е дополнителна метаболичка типизација за секоја индивидуа со АБ крвна група за да се утврди кон кои болести е посебно осетлива.

За да изгуби од телесната тежина и за да се одржува здрава тежина, лицето со АБ крвна група најпрепорачливо е да внесува морска храна, млечни производи, лешници, ореви, бадеми и житарици (со исклучок на пченица).

Колку ги практикувате овие продукти, соодветни за вашата крвна група?
Дали сте биле во ситуација да одлучите намалувањето на килограмите да го форсирате преку овој начин на исхрана?
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Ја сум нулта позитив и точно е дека сум месождер (и поддржувач на PETA - People Eating Tasty Animals)... за имуниот систем исто е така, а за другово до сеа сум немал проблеми па ќе видиме...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јас сум нулта негатив.
Не сум ждерач на месо додуша, кога ќе размислам само пилетина си поштувам.
Ама дека млечните производи ми го надразнуваат желудникот, шо е право, право е...:)
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Млечните производи постојано јас ги надразнувам, а желудникот до сеа не се побунил