Диета за оние кои немаат физичка активност | Црнобело Форум

Диета за оние кои немаат физичка активност

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,555
1,133
За да почнат мастите да се топат потребна ти е физичка активност (кардио вежби). Вака со ова диета губиш само чиста мускулна маса, а мастите остануваат. Кога ќе продолжиш со стариот начин на исхрана ќе си ја вратиш мускулната маса, а мастите си стојат.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,388
1,133
Yellow submarine
Оваа диета ја држеше пред неколку години еден мој познаник.
Во комбинација со физичка активност, ја држеше два пати едно подруго намали околу 16-17 кг не сум сигурна.

Мислам дека ако има воља за малку повеќе размрдување физичко, резултатите сепак ќе бидат многу поповолни.
Знам дека темава е за физички неактивните во кои се вбројувам и јас, ама мислам дека сега како што запролетува греота е на тоа прекрасно време да не си дозволиме рекреација, ако за ништо друго барем за своја душа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Lola Stain

Нов член
21 јули 2012
15
19
3
Афионски Полиња
Ајде и јас да кажам една диета што ја има држено една моја другарка.
Нема забранети јадења, и се е до комбинацијата на храната.

За појадок се внесуваат шеќери и јаглехидрати.
Може да појадувате мафин, парче ролат, овошје какво сакате, еурокрем, сладолед, можете празни кифли, ѓеврек, ама да не биде измешано. Пример, ако јадете кифла, ќе јадете празна кифла, не кифла со сирење, или бурек со месо и слично.
За ручек ќе си ручате што имате дома, со кришка леб, или без леб уште поубаво, можете во комбинација со салата.
За вечера протеини во комбинација со некоја зелена салата, сирење, чаша млеко, јогурт..на пример варен пилешки стек со марула, или краставичка со кисело млеко. Шопска со малце сиренце..

Битно е меѓу оброците да има размак најмногу 4-5 саати. Да се почитува редоследот на внес на јадењето, што е за појадок, што за ручек, што за вечера. Ако сакате поефективни резултати, отфрлете го благото и лебо, или конзумирајте, но многу ретко, и нормално, ако немате забранети јадења, да не значи дека постилате софри насабајле или навечер, па да се настегате три лиснати и кило месо. :D Диетава ја имам читано и по форуми, луѓе без физичка активност, со нормално движење намалуваат и до 4 килограми за десетина дена.
Другарка ми за еден месец ослабе 6 кила, си се движеше само онака, нормално. Си јадеше по кришка леб, ама благо одбегнуваше.
Во текот на денот ужинки се забранети, можете само кафе или чај, ама, без шеќер. А утринското кафе или чај може да го конзумирате со шеќер. Исто газираните сокови, и другите сокови купечки, ако ги пиете, пијте ги наутро, секако, во умерена количина. Првата недела можеби нема да имате резултати, бидејќи му треба време на организмот да навикне на ваквиот режим, после тоа ќе ви биде полесно.
Јаглехидратите кои ги внесувате наутро, се трошат во текот на денот и затоа се ставени за појадок.

Ајт, со среќа. :D
 

lili marlen

Нов член
12 март 2012
1
0
1
53
Доручек:
Исклучиво овесни снегулки со јогурт, млеко, кисело млеко или кисела вода, а и секогаш кога се чувствува глад.

Ручек:
1 ден: Макарони со сирење или јогурт
2 ден: Ориз со сирење или јогурт
3,4,5 ден: Варено пилешко со салата
6,7,8 ден: Варено телешко со салата
9,10,11 ден: Риба со салата (скуша,ослич или туна)
12,13 ден: Овошје и зеленчук
14,15 ден: Зеленчук (леќа, спанаќ, компир)
16 ден: компир на секаков начин освен пржен
17 ден: Макарони со сирење
18,19 ден: Ориз со сирење
20 ден: риба со компир (скуша)

Вечера:
Навечер да се јаде до 20h и преку еден ден да се јаде за вечера супа од компир, морков, овесни снегулки место фиде, магдонос и лук.

Не смее да се јаде:
Пржена храна, зачини, благо, сувомеснато, жесток пијалок и пиво. Се препорачува само бело вино во исклучителни случаеви. Да не се пијат газирани пијалоци и густи сокови кои содржат шеќер, а за замена на шеќер може да се користи вештачки засладувач.

Ручекот треба да се обави во приближно време +/- 1 час, количината на храна не е ограничена доколку се спроведува како горенаведениот режим.

Со оваа диета се слабее 5 до 10 kg.

Со среќа
 

коста

Истакнат Член
21 мај 2013
145
61
328
33
е како да ослабнам кога само ми се јаде бе луге? и со и без физичка активност пак си јадам и си кажувам по некое кило ама никако да помогни диета и вежбање..веке што да се прави аман како воденица ке станам :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja