Диета за невести

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Додека њушкав низ нетов, со умисла да постирам некоја нова диета, налетав на ова :)
Диета за невести!

Со оглед на тоа дека многу млади девојки кои се на прагот на изговарање на своето судбоносно ДА, премногу хаотично го сфаќаат периодот на подготовки, една од „ најважните“ работи е да не висат спојлерчиња :giggle
Оваа диета, им е наменета токму нив.
Планот е да се држи 6 дена.

Ден 1:

Појадок: 2 јаболка, 1 портокал, 1 шол зелен чај без шеќер.
Ужина (2- 3 часа после појадокот): 1 јаболко, 1 чаша негазирана минерална вода.
Ручек: 2 чаши вода, 2 портокала, 100 гр. бело пилешко месо на скара со зелена салата.
Вечера: 1 чаша вода, пола јаболко, пола портокал, 1 варено јајце и 100 гр. салата од свежа зелка.

Ден 2:

Појадок: 2 портокала, 1 шол зелен чај без шеќер.
Ужина: 2 јаболка, 1 чаша вода.
Ручек: 2 чаши минерална вода, 2 портокала, парче риба (околу 100 гр) и околу една рака бланширан спанаќ или блитва.
Вечера: 1 чаша вода, 3 јаболка.

Ден 3:

Појадок: 3 портокали, 1 шол зелен чај без шеќер, 1 лажиче мед.
Ужина: 1 јаболко, 1 чаша вода.
Ручек: 1 чаша вода, 1 јаболко, 80 гр. младо сирење, салата од цвекло (околу 100 гр).
Вечера: 1 чаша вода, 1 јаболко, 1 мандарина.

Ден 4:

Појадок: 1 јаболко, 1 портокал, 1 шол зелен чај без шеќер.
Ужина: 2 јаболка, 1 чаша минерална вода.
Ручек: 1 чаша вода, 1 портокал, 1 тост од интегрален леб со премаз од варени и испасирани моркови.
Вечера: 1 чаша вода, 1 портокал, 1 јаболко.

Ден 5:

Појадок: 2 јаболка, 1 портокал, шол зелен чај незасладен.
Ужина: 1 портокал, 1 чаша минерална вода.
Ручек: 1 чаша вода, 3 јаболка
Вечера: 1 чаша минерална вода, 1 портокал, 1 шол немастен јогурт.

Ден 6:

Појадок: 1 јаболко, 1 шол зелен чај незасладен, 1 лажиче мед.
Ужина: 1 јаболко, 1 портокал, 1 чаша вода.
Ручек: 1 чаша вода, 1 портокал, 100 гр пилешко месо со сезонска салата без масло.
Вечера: 1 чаша минерална вода, 2 јаболка, 200 гр. кисело млеко.

Напомена: За ручек и вечера обавезно прво јадете го овошјето, а после 15-тина минути другата храна ( риба, пилешко месо, јајца, кисело млеко...)

Неколку совети:

- Дневно да се внесуваат најмалку 1.5 литри вода, а летно време со физичките активности повеќе. Тоа ќе ја одржува вашата кожа хидрирана.
- Јадете го вашиот појадок, барем еден час после вашето станување од кревет. Појадокот би требало да обезбеди 30% од дневната исхрана и енергија потребни на вашиот организам за нормално дневно функционирање.
- Јадете најмалку два часа пред да си легнете и никако немојте да јадете дополнително после вечерата, особено не слатки работи.
- Млечните производи овозможуваат полесно варење на храната, како и прочитување на организмот од токсини.
- Вежбите помагаат да се согоруваат калории и затоа е задолжително да вклучите лесни вежби од по 10 минути дневно најмалку.