Дигитализација на учебници

Дали дигитализацијата на учебниците ќе биде корисна?

  • Да

  • Не

  • Не сум сигурен/на

Резултатите се видливи откако ќе гласате.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Да не пишувам вовед, ќе ги вметнам овие извадоци копирани од порталот mkd.mk
Дигиталните учебници во образованието ќе се воведуваат етапно, а целосно ќе бидат воведени за пет години. Од учебната 2021/2022 ќе се применуваат само во четврто одделение, најави министерката за образование и наука, Мила Царовска.
-------------------------
Царовска соопшти и дека училиштата во текот на летото ќе се опремуваат со библиотеки со дигитални уреди за учениците кои ги немаат. Ученик кој не ќе може да користи дигитален учебник ќе може да има печатен, ако е од ранлива група на семејство ќе го добие од училиштето, а ако не е, самостојно ќе го отпечати.
Како и секогаш, мислењата се поделени, што на партиска основа, што по логика.

Од една страна, лично сметам дека е сосема потребно учебници и други македонски книги да се достапни во дигитални верзии пошто тоа е пракса насекаде, освен кај нас, па треба да се намачиш добро да дојдеш до информација. А за голем плус го сметам тоа што ќе нудат и книги со Брајово писмо и/или аудио книги (нели, ако навистина планираат да го истераат ова до крај).

Од негативното: толку сме веќе слепени за мониториве, што ова ќе дојде ко капак на сите капаци. Башка што нема логика она „ако не ви се допаѓа или немате услови за дигитално, ќе се испечатат.“ Иде ко „ако немате леб, јадете колачи.“
Трето е што прво имаме многу, мноооогу други работи за средување во образованието, што ова треба да дојде некаде сосема на крај, кога веќе учебниците ќе се со истражувања понови од '86та и нема да се полни небулози и непроверени факти.

Навистина не знам на која страна да завлечам повеќе. Ваши мислења?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Јас сега ќе зборувам како родител на школско дете...
Прво и основно, учебнициве кои се по програмата Кембриџ се чисто срање, затоа што од нив само детето не може да научи апсолутно ништо...
Нашите учебници си немаа мана...Се знаеше како треба да изгледа една лекција, опишана со примери со дефиниции, објаснето, образложено...и затоа ние немавме потреба од помош од родител или било што друго.
Овие не се затресоа да ги коригираат сегашните учебници па ќе воведуваме дигитални...
Јас мислам дека ако децата имаат асолни учебници пред нив, нема да имаат потреба од ништо друго.
А, од друга страна не сум против, нека ги има, нека постојат, само што образованието во Македонија има поприоритетни работи за решавање отколку дигитализација на учебници...ама како и се во оваа држава...се нема вредности, се нема прироитети и тоа е тоа...
За жал, последиците ќе ги сносат нашите поколенија, а и ние покрај нив...
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Јас можам да зборувам од професорска гледна точка, иако моментално не предавам.
Зборувавме баш со професорките што ми беа на факс на темава и заклучокот е дека моментално не е баш најдобра и најпотребна опција. Разговорот ми помогна да увидам некои работи.
Првин треба да се истренираат професорите да работат онлајн бидејќи некои уште не знаат да ракуваат со апликации ко Зум, Гугл Мит или што и да користат за онлајн предавања, а не па друго.
Побогу, се сеќавам во средно кога ги воведоа компјутерите и онлајн дневниците, постариве не знаеја што е куќиште, па имавме професорка седиште што го викаше :)rofl), ама жената беше пред пензија, не може да очекуваш да го хакне Пентагон. Така да, првин треба малку тренинг и едукација и кај едукаторите, не само од децата да се очекува да владеат со интернетот и да се снаоѓаат како знаат.

Башка, од она што имам видено од денешни учебници, ептен се на некое глупаво ниво... Не знам дали децава ги сметаат толку уназадени или едноставно е до мрза и тоа што партиски пиуни ги пишуваат, но некои не заслужуваат да се во никаква форма, освен пеплосана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Пред неколку дена случајно видов 50ина души соберени на плоштад и ги спремаа паролите со „Стоп за дигитализација на учебници“, „Не за сексуалното образование“, „Стоп за родова и полова сензитивност“, па решив да посматрам малку од страна.
Реално, не слушнав никакви поенти зошто тоа не треба/не го сакаат, туку тинејџери читаа лоши составчиња што вртеа кон политика, цитирам „Излезете министерке Царовска помеѓу овие востаници“... Ама зошто?
Зошто мора овие работи да се одлучуваат на основа дали вашата партија го поддржува тоа? Триесет години никои не се наситија со манипулации врз народот, а ни народов 30 години не се опамети да размисли со своја глава.
Дигитализацијава ајде, треба да се разгледа поубаво, но стојам зад тоа дека е пожелно да се имаат учебниците и во дигитални форми.

Зошто да нема сексуално образование? Имам чувство дека некои мислат (ако мислат) дека за домашно ќе ги тераат децата да имаат секс, божемесачувај. Сакале или не, сексуалноста е составен дел од животот, па колку и да сака некој, не можеме да не сме свесни дека децата тоа ги интересира и е нормално да се информирани за што е сексуален однос, а не да прашуваат по форуми дали има шанси да се бремени пошто партнерот им ејакулирал на папок. Битно е да се знае за СПБ и најбитно е да пораснат во здраворазумни индивидуи што утре нема сексот да го гледаат ко нешто страшно и срамотно, половите органи да ги гледаат ко нешто што „се дава“ на партнерот или да се кикотат на зборот пенис на 25 години.

Да нема родова и полова сензитивност. Зошто едноставно па да не се вратиме во времето кога за женските било многу да имаат и четврти разред, да знаат да перат посерени гаќи на раце на 7 години, а веќе на 14 да раѓаат (секако, без сексуално образование, пу пу)? Машките па еве од мали нека ги учат кој треба да им мие нозе и строго на 8 години веќе да знае барем 593 варијации на пцовки и да може да носи фрижидер на рамо.
Ова не е никакво зачувување традиции. Ова е очајно понижување.
Не е рајава крива, сигурна сум дека барем пола од нив и не знаат зошто протестираат.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Има неколку моменти во ситуацијава.
Пред и над се, било кој нов предмет кој се воведува тоа се прави со една и само една цел а тоа е ухлебување на невработени подобни кадри. Ете сега има образовани на нови програми родови студии што све не, и време е да им се најде место на државна цицка.

Колку уствари се учи нешто на чколија? Скоро ич. Мнозинство население има сериозни проблеми да се изрази литературно а учеле македонски 12-18 години. Математика исто па и полошо. Англиски не знаат да бекнат млади лица кои 12-18 години учеле англиски во клупи. Географија, имаше клипови каде особи ја покажуваат САД на карта во .....Сибир....или чак во океанот, па толку бре не им сече дека плаво=вода ццц...:DИсторија да не правиме муабет, не за џабе Ниче Македон и Дардан Венетски хараат. Биологија не знаат ништо, хемија, физика помалку од ништо.

Нема причина да се претпостави дека и со новите предмети би било поинаку.
Кој и каков (партиски) кадар ќе предава сексуално образование и што тоа ќе содржи?! Во теорија делува одлично во пракса тоа ќе биде уште еден канал за вработување штакори.

А ова "родова и полова сензитивност" не знам што би требало да биде. Поштовање према жени, па и према други лица општо најчесто се пренесува од родители на деца. Кај мене не се пренесе на тој начин пошто моиве не се мирисаа никогаш па имаше муабети и за разводи, додуша никоаш немало физичко насилство но психичко од двете страни и тоа како. Здравиот разум ми кажуваше дека нивниот однос е срање, према тоа и секој лош однос према жени е срање и тоа беше тоа. Помогна и тоа што воглавно бев подобро третиран од жени него од мажи барем док стиже моје сечање:)
Здравиот разум е пат до поштовање на самиот себе, жени, деца, мажи или било кој. Тука зборуваме за поштовање кај лица кои се партнери или релација деца-родители бидејќи не знам како поштовањето би се давало по дифолт на било кој. Тоа се заслужува.
Пристојност и учтивост да, тоа може по дифолт да се дава на секој, но има разлика.

Не верувам дека ќе има предмет кој ќе се учи само од машки деца, нели за поштовање на женски пол.
А дали во наставна програма би имало воопшто нешто такво?
Имаше примери од Канада и остали декадентни места каде на мали деца им се предавало како тоа розефко не е срамота, фустанче уште помалку, ако машко дете сака да си игра со кукли тоа е кул, дека именување на мајка со поимот мајка не чини пошто тоа било сексистички, поимите родилка или домаќинка биле резултат на гнасниот патријархат, дека машко било само некомплетно женско, сестра било надминато, сега требало sibling 1, sibling 2 и така натаму

Ете во Франција на национално ниво се забрануваат поимите Мајка и Татко во школскиот систем и се заменуваат со Родител-еден и родител-два. Какви ретарди. Колку механички и безлично делува тоа родител-еден, родител еден бе...
"Родителу-еден што има денес за ручек? Се надевам дека ручекот го зготвил родителот-два пошто да се остава родител-еден да готви е сексистички":unsure

Во Немачка имало голема афера со два учебници кои после гневот на јавноста биле повлечени од школите.

Во нив се охрабрувале родителите "да ја истражуваат сексуалноста" со сопствените деца, вклучително взаемна мастурбација и "масажа".
Ако ова не е болесно не знам што е.

Затоа треба внимавање. Не се шегувам кога викам дека на запад има сериозна декаденција. Ништо невидено и нечуено низ историја, се јавува во одредени периоди.
 
  • Ми се допаѓа
  • Angry
Реакции: MoonFairy and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Океј, ова да истражуваш мастурбација со сопствени деца е језиво до бола.
Мислам дека проблемот кај нас во голема мера настанува што предлагаат, а не кажуваат што план имаат за програмата (ако воопшто имаат, нели), па тука машта ради свашта. До некој степен и не ги обвинувам целосно пошто сме израснати во општество каде секс е срамота и за курви, а луѓе не се запознаени со контрацепција и СПБ, па се чудат што би се учело по тоа сексуално образование, ако не секс пози според Камасутра.

Тоа против родова и полова сензитивност е инаку да не им се наметнува на децата дека се еднакви, туку се протестира да се учат на традиционални „вредности“ т.е. дека машките смее да имаат едни интереси и да гледаат машки кариери, а женските да се типично понежни, заштитени и фамилијарно настроени.
Ако за некои традиционалноста си е супер, супер и за мене, нема што да ме тангира. Но, премногу е да се бара тоа од целиот систем, премногу е уназадувачки, дури потиснувачки.

За наставните кадри шта речи. Тоа е прашањето што највеќе треба да се разгледа пред да се почне со било што.
Може треба темава да ја направам да е за сите предлог-новитети или пак да се оддвои сексуалното образование и родова и полова сензитивност во друга пошто има многу, многу за пишување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Senorita

Полноправен Член
16 декември 2020
31
10
18
113
Или сакаат да експериментираат со децата, или сакаат да ги уништат децата што поскоро за да не остане ни еден млад во оваа наша ЧУДЕСНА И ЖАЛНА МАКЕДОНИЈА......
 
Отворив нова тема па да продолжиме таму, навистина има многу да се каже :)
Сексот е крајно едноставна ствар, премногу се мистифицира, особено со порно индустријата ама тоа е друга тема.

За совети во поглед на контрацепција, заштита од СПБ и бременост, consent, тоа може да се опфати во неколку часа, не знам што би "учеле' цела година ако се земе дека најмалку еден час неделно, па ако тоа трае повеќе од една година, цело средно или како и да планираат. Со што би пополнале наставна програма?
Друго кои квалификации би биле потребни :franticа ако се земе "знаењето" кое ученици го стекнуваат после 13-18 години учење по други предмети, може да се претпостави како ќе биде и со сексуално васпитање. А тоа ќе биде лошо. Има еден скеч од Монти Пајтон на оваа тема ама е +18 :)

Повеќе смисла би имал некаков двонеделен курс од сексолог кој би бил вметнат наместо други часови па така за 10-15 часа би се опфатиле основни ствари. Заврши курс во една школа, оди во друга па во трета и така.
Макар да во време на нет каде може да се најде било што од таа сфера, не знам...

Сеа ми текнува ботовите-професори и професорки во средно што ми беа и ме фаќа смеа некои од нив да кажуваат како се става кондом или спирала :D Еден лик со мртва фаца мумлаше нешто никој не го разбираше, кошмари...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Senorita

Полноправен Член
16 декември 2020
31
10
18
113
Јас немам ништо против тоа да воведат сексуално образование. Тоа требало да се воведе уште многу поодамна бидејќи ова постои од самото постоење на човекот. Како влегуваш во пубертет така работат хормоните и нема во ништо друга да ти биде умот освен во "тие работи". Но јас мислам дека ни тоа нема да вреди бидејќи хормоните што вријат во телото не даваат мир. И 24 часобно да висиш над тој/таа што му вријат хормоните нема да им се тргне тоа од глава.
Да не одам многу далеку, темава е дигитализација. Јас во еден пост реков сѐ што треба да а се каже.
Или сакаат да експериментираат со децата, или сакаат да ги уништат децата што поскоро за да не остане ни еден млад во оваа наша ЧУДЕСНА И ЖАЛНА МАКЕДОНИЈА......
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Не ѕирнав од кога е новината, ама се врти по дома и ми привлече внимание насловот што гласи у стил „Кој нема да купи таблет, нека испечати учебници“. Што е ова бе? Стварно бидна ако нема леб, нека јадат колачи...
Значи навистина бев на почеток као океј, нема да е лошо да ги има книгите и во дигитална форма, но со акцент на И, а не да ги снема сосема. Не сфаќам што пробуваат да направат со ова.
Па дали се свесни дека просечниот партиски паразит од професор не знае документ да конвертира, ниту проса Ексел табела да напави? Побогу, во средно деловите на компјутерите не ги знаеја, се мачеа по 20 мин. со електронскиот дневник, а на факултет имав професорка што прво пишуваше google.com за потоа на Гугл срч да пише YouTube, па да го кликне линкот од резултати!
Во ред, жената беше пред пензија, но муабетот е дека никој не ги учи професориве да бидат електронски писмени, а се бара некаква дигитализација. И ова ли малку читање што остана да го снема?