Детството ми помина со...

Smiley_1996

Истакнат Член
14 февруари 2012
345
802
393
Кумановоoo !
Веќе препоставувате што значи оваа тема ... Сите ние имаме многу филмови,емиси,музика,јадења,книги,слики ... кои не потцетуваат на нашето детство,во оваа тема ке може да ги објавите сите тие нешта ... :* :)

  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Сара.13

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
играње фудбал и кошарка, криенка, камај камај, водени пиштолчиња, играње со коцки и количиња, ѕвонење по комши и бегање хахах, капење по базенчиња, седењето на скали и многу други работи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
- многу стар филм што мајка ми често ми го пушташе снимен на касета.
На македонски во превод беше „Мајко слушни ја мојата песна“.
Прекрасен филм, што кога...после тоооолку години го гледав повторно ме натера да се сетам на старото црнобело телевизорче со антена, и на старата фотелја што беше толку „истоштена“ што кога ќе седнев на неа(дете со тежина од неколку грама) пропаѓав во неа.
И ме тера да се чувствувам... Повторно мал. Повторно мирисот на јадењата од мајка ми ми минуваат низ носе.

друго.... ќе се навратам повторно на темава кога ќе ми текне.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996 and Сара.13

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Детството ми помина со другарчињата, играње мижи татара, прчи-газе, па седење до кај 11 саатот и после в кревет. Пред да заспиеш си викаш: После 11 саатот, кизнај колку е убаво да си надвор!

Исто така ми помина со чекање да дојди 19часот за да почне омилениот цртан, а тоа беше Дигимон. Па после некое време почна да го емитуваат и Покемон и Драгонбол... за по некое време да продолжам да го гледам Yu-gi-oh.... и така.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Со диносаурусот Денвер, со Бушава азбука, Дајте музика, со синхронизираните цртани филмови како Душко долгоушко, Пајо паторот, Попај морнарот, Перо плескавичарот итн итн, со Чук Чук Стојанче, станување секое утро за да гледам Дивиот свет на Тојота и Семи (оној што кажуваше некои ситни трикчиња), со Македонски Народни Приказни... купишта работи по телевизиите кои беа многу поквалитетни од ова што сега се пласира како програма за најмалите.
Плус, по цели денови на улица (се` дур не дојде некој од твоите да те прибере за да јадеш) играјќи триста игри и правење будалаштини. И на крај пишување домашна задача пред легнување.
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123

Јас би го додала и цртаниот Пепи ги сака бисерите и бисерите го сакаат Пепе :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996 and slb_bobo

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203

и леб и маргарин надвор и трчаш ко бесен да не те прескокнат на горенка.....незаменливо....и утоп воден оти цел ден си се лизгал на снегот...дома чуриш :sreken