Овие несреќни денови се зад шест годишното момче , бидејќи тим на англиски хирурзи се реши да му направи операција на момчето.
Малиот Дидие имал малигнен израсток на грбот предизвикан од Congenital Melanocytic Nevus, што дури наликувал на оклоп од желка.
Покрај болка и некомфорност, израстокот го спречувал и растот на детето, па по повеќе пластични операции, израстокот на Дидие е целосно отстранет.
Сега тој може да има среќно и нормално детство како и секое друго дете.
Во Пакистан се роди бебе со шест нозе
Лекар од клиниката, кој побара анонимност, појасни дека малформацијата на детето е резултат на исклучително ретко генетско заболување, кое погодува едно на милион бебиња во светот.
Семејството е сиромашно и нема доволно средства за да обезбеди лекување на бебето.
Сведоци сме на многу вакви случаеви кај деца коишто се раѓаат со некакви деформитети..
Уште пожалосно е па,кога ќе прочитам дека семесјтвата немаат пари за лекување на истите.
Сте помислиле ни некогаш што ако и моето дете се роди вакво? Што доколку му фали нешто и не е како сите нормални деца?
Или доколку уште при бременост се воочи некој поголем проблем ,дали мислите дека подобро решение е да се абортира детето,отколку да биде инвалид цел живот,или да има било каков друг проблем..?
Еден пример ќе ви кажам,мајка ми вчера ми кажа дека некоја млада жена што била бремена (незнам точно во кој месец од бременоста) и кажале дека рбетот на детето не е во ред и дека детото цел живот ќе биде инвалид ,па прифатила да и ставаат провокации да го роди и да го фрлат,за да не го носи за џабе во себе а и тоа да не се мачи со таков живот..
Би направиле такво нешто? Подобро да се спречи отколку да се лечи(а можеби и нема да се излечи?!) ?
Сите имаме желби , кој машко,кој женско,кој 2,кој 3...пред се ќе кажам нека бидат живи , здрави ,нормални,па какви ќе ги даде Господ такви..