Депресијата на мојата генерација

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
И сега што? Прашање кое секојдневно се поставува. Или што утре, задутре, догодина... Ќе биде ли подобро? Ќе биде ли полесно? Ќе биде ли воопшто... Оптеретени сме до максимум. Секој ден, секаде, за никаде...

Денес сме сите образовани. Стручњаци...Експерти за се, од игла до локомотива... Се си знаеме бре...најдобри сме! А пак секојдневно и со години си ја кркаме суровата реалност, како поп-алва или оџа-баклава. Се срамиме да си признаеме дека ја утнавме работата... Тонеме самите во себе. Вредностите одамна се изгубени, како и нашата генерација... А можеше поинаку..., секако дека можеше, а и мораше!

Завршивме факултети, магистриравме, докториравме...Наоружани сме со знаење до заби. И? Работа немаме, или имаме...онаа за 300 евра. Си работиме бе...приватно...со вујче, копаме бунари...Што работиме бре? Дома дреме генерацијава...будна до 5, спие до 2...и така секој ден! Без работна навика, без волја, без идеја... А фино не советуваат...да го направиме првиот чекор...да измислиме топла вода...да станеме Стив Џобс, Бил Гејтс... Ама слабо нешто... Чекаме од родителите решение, а тие немоќно ги шират рамениците. Па што да ти прават бре? Ќе платат струја, парно и бензин и ќе им остане за семки... Сакаме да се осамостоиме да формираме семејство...ама како? Со 300 евра плата и 1100 евра квадрат? Епа ако си мангуп купи стан... Или да..., ќе живееме повторно сите заедно, како во некои други времиња...или никогаш не сме ги поминале тие времиња? Ама први сме во Европа, трети во свет...не знам за што беше...абе најдобри сме...барем така чув на телевизија...

Станавме зависници, вистински. Зависници од дрога, алкохол, компјутери, телефони... Децата веќе не растат во паркот пред зграда...тие растат пред компјутер со некои насилно нереални животни, со пукање, порно филмови... Мајките веќе не ги викаат за ручек од тераса, туку им ѕвонат на мобилните телефони... Нема веќе џамлии, жмурка, фудбал, баскет...нема, децата станаа дигитализирани идиоти...

А ние? Нашата генерација? Онаа што требаше да ја издигне оваа држава... Онаа што требаше да направи квалитативна промена? Онаа што требаше да ги смени лошите навики? Што направивме ние? Ништо... Се претопивме во минатите генерации, потонавме со нив, нема никаква промена... Станавме робови...вистински робови... Без идеја, без иницијатива, без бунтовност, без мадиња... Станавме политички заморчиња и потрчковци на богатите газди...Си ја продадовме младоста, духот, енергијата... Седиме по кафани пиеме ракија со мешана и правиме муабет за историја, за патриоти, за предавници, за рекетари, за кој колку украл, за кој каква кола земал на лизинг а има 30 и живее во гарсоњера со баба му дедо му и родителите... А што прави нашата генерација од Европа? Не знам, немам доволно да одам да видам... Или имам? Не, со 300 евра не се оди во Лондон, Париз, Мадрид, Минхен... Или се оди? Со паштета, патлиџан, ајвар и цигари од дома... Не, така ич не одам! Ама бев јас всушност... Европска тура, 18 дена, 10 во автобус...испотен, леплив, смрдлив... Абе браќа и сестри со 500 евра не можеш да ја видиш цела Европа... Ама, боље ишта него ништа...

И? Како од утре? По старо...бајато, веќе видено... Се правиме глупи со сила...или сме? Не се спротиставуваме, на никого, за ништо! Главата во песок и шибај. Нит сум видел, нит сум чул... Ќути ќе те разберат! Не ќутам! Нека ме разберат, нека знаат дека не чини. Лошо е! Сакам да биде подобро! Сакам да се цени мојот труд, сакам да се цени моето образование, сакам да се цени мојот интелект, сакам да се цени мојата држава, сакам да се цени добра музика, филм, книга, сакам да се цени она што вистински вреди... Ок е дечко, ќе биде... Кога? Никој не знае... Некој ден... "Па на вас е сега редот, еве вие бидете паметни па оправете ја државава..." -Епа баш би сакале, ама не можеме... Залепени ви се задниците...Кора имаат фатено, не мрдате бе брат... Ама сам кој си оди? Дур има овци ќе има волна! Додека мојата генерација спие...многу лоши работи се случуваат додека мојата грнерација спие!

Лупање во гради? Јачање? Солун е наш Атина ќе ја делиме? Мртов ****** добар ******? Лош филм момци... Очајно лош филм! Обично доаѓа кога нема идеи, кога нема решенија...а нема! Не се другите криви за сопствената неспособност! Нацинализмот, самобендисаноста, од нас почнал светот...ЛОШ ФИЛМ! Разбудете се! Не врви, не иде... Или иде? Па...за одвлекување на вниманието од катастрофалната реалност...и криминално богатење на поединци...е за тоа иде... И не возат и не возат и не возат на тој филм...а ние? Ние спиеме...мојата генерација спие! Лизни ваму, лизни таму...може ќе те вработат...може ќе лапаш 300... Ама такви времиња се дојдени...Се се менува...ама требаат мадиња...ги имаме? Јок!

Шпански па хрватски па турски...серии нормало! А квиз? А документарец? А дебата? Што ќе ни е...Си лапаме султани и пиштолџии секој ден! Башка имаш Миленко, Јанко, Латас...е они знаат стварно се! Они ти се како мајка и татко! Имаш и "пинк" имаш и "пајнер" имаш и наша копија на пинк и пајнер... Имаш и деца кои на памет го знаат новиот албум на Аца Лукас, идол им е Кеба, доживуваат емотивна екстаза на "муштулук" "београд"... Но нели, за вкусови не се збори...ама јас си зборам, таков сум, тоа не може да ми го одземете...или може? А....да, ќе заборавев, има и други деца..."различни"... Не разбрани од средината, општеството... Черга систем... Црни маички, долги коси, пирсче, стартка, лоша хигиена... Никој не ги разбира...они се кул разбираш, во друга димензија... Депресии драги мои...депресии!

И сега сум хејтер, така? Ништо не ми чини... Епа не ми чини! Што да правам кога "разумен компромис е разумен компромис" или така нешто...Пораснав со тоа срање! Доста веќе, ми се повраќа!
Значи ли тоа дека ќе лапам 300 и ќе се тргнам на страна (како мојата депресивна грнерација)?
Не! Нема да ме фатите на кондиција! Мора да го смениме филмот!
Не си одам од тука бе! Не одам...не земам пасош од друга држава...не ја продавам душата! Тука сакам филмот да успее, да биде добар...Тука да растам деца...Во мојата земја...ама визионерска, прогресивна...Свој на своето! Ова парче земја не е добиено на поклон...за него се гинело...со генерации! И нема потреба некој да ми кажува кој сум и што сум...кои ми се корените...си ги знам јас корените! Не ми продавајте реклами, јас не живеам во телевизор! Дај те ми перспектива... Овозможете ми да живеам како мојата генерација во Европа! Ослободете ме! Ама слободата не се поклонува...за слобода треба борба! Јас сум спремен за борба...а вие моја генерацијо? Се гледаме таму...во првите редови...за подобро утре, зошто немаме резервна татковина...барем не јас...

извор
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Среќна сум што се родив 93 години и што затекнав барем мал дел од тоа што значи детството, си игравме по улиците, се смеевме, јадевме надвор, мајка ми стално ми викаше да одам да јадам, се дерев за да излезат на тераса да ми дадат некоја пара да си купам сладолет, се прскавме со вода, мававме земја по луѓето од мојата тераса, несакав дома да си одам, кога ќе ме викнеше мајка ми, јас се лутев, сакав уште, ехх многу убави времиња беа тие, сега децата не знаат ништо од тоа, сето тоа полека и полека исчезнува... гледам некои деца уште си играт надвор но на што?? зеле топката фудбал машките, девојчињата седат, зборуваат само, не си играт на ништо, девојчињата од моја мала кои се по 7 - 8 одд дечковци имаат веќе (facepalm) зарем знаат што е тоа љубов и дечко?? помалите машки зеле пиштоли, пушки на полат си играат, као демек пукаат, убиваат :x жално... што се однесува до образованието, сите сме паметни, денес без факултет во нашава државичка си никој и ништо... па зарем мора секој да биде учен?? некои не ги бива за тоа, ама поради тоа што македонија ни го налага тоа, мораме |-( плати мали, поделби големи, ако немаш врски ти си никој и ништо, па ако сакаш биди и со надпросечна интелигенција :eek ехх македонијо златна, до кога вака???
 

Wild.One

Истакнат Член
17 јуни 2012
197
147
343
Wonderland
Убаво детство имавме ама што во иднина Цаци, тоа е смислата на колумната. И баш убаво си има наведено авторот дека и со факултет си пак никој и ништо, ама каде е проблемот? Докторат земаш за 6 години, значи имаш 25 а си доктор во некоја област. Подобро било порано кога требало да си го испотиш га:cenzura ето за да исчистиш семестар или да објавиш колумна во Њу Јорк Тајмс па да добиеш назив Д-р, а до тогаш косата ке ти обеле и ке имаш 40+. Моментално факултетите се "гола вода" затоа и има недостаток на невработени, секој сака да си работе по струката, а не е научен на ТФР и се легаче по дома..
Големо браво за телевизијата, имам размислувано на таа тема зошто нема документарци по нашите телевизии, среќна сум што ја имаме барем дискавери, ми се плаче кога ги гледам братучедите како играат Полат по цел ден со пиштоли и пушки, се чудам што со нив во иднина и нивната генерација. Сицилијански живот на висока нога вероватно ...
А мое мислење е дека филмот нема да се смене, не си го кршам планот да киднам од овде...
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Убаво детство имавме ама што во иднина Цаци, тоа е смислата на колумната. И баш убаво си има наведено авторот дека и со факултет си пак никој и ништо, ама каде е проблемот? Докторат земаш за 6 години, значи имаш 25 а си доктор во некоја област. Подобро било порано кога требало да си го испотиш га:cenzura ето за да исчистиш семестар или да објавиш колумна во Њу Јорк Тајмс па да добиеш назив Д-р, а до тогаш косата ке ти обеле и ке имаш 40+. Моментално факултетите се "гола вода" затоа и има недостаток на невработени, секој сака да си работе по струката, а не е научен на ТФР и се легаче по дома..
Големо браво за телевизијата, имам размислувано на таа тема зошто нема документарци по нашите телевизии, среќна сум што ја имаме барем дискавери, ми се плаче кога ги гледам братучедите како играат Полат по цел ден со пиштоли и пушки, се чудам што со нив во иднина и нивната генерација. Сицилијански живот на висока нога вероватно ...
А мое мислење е дека филмот нема да се смене, не си го кршам планот да киднам од овде...

Затоа и завршил факултет .. за да си работи тоа што го завршил :)
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Ама први сме во Европа, трети во свет...не знам за што беше...абе најдобри сме...барем така чув на телевизија...
Први сме во светов по коефициентот на невработеност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Секоја генерација има свој проблем, со жалење ништо не може да се смени. Јас познавам деца што не дремат пред компјутер/телевизија и се надвор по цели денови, играат игри со деца, трчаат низ маало. Се е до воспитувањето. Те тера некој да му купиш мобилен на твоето дете? И компјутер? Ти имаш контрола врз твоето дете, не тоа врз тебе.

Денешните деца/тинејџери и луѓе во своите 20ти, не знаат за вистинска работа. Научени се да се жалат, зошто тоа го гледаат на телевизија и го слушаат од нивните дома. Кога Тито беше жив, овака било, онака било, а денес... А како им било на твоите баба и дедо/прабаба и прадедо кога работеле макотрпна работа за да издржат големо семејство, за храна и топол дом и ништо повеќе? Почнувале уште на 15 години и порано. Денес секој се жали дека не може да најде работа (односно не сака да работи било што) или дека има премала плата. Немој да ми кажеш дека само гзолижачи и морони со врски имаат доброплатена убава работа. Секој е способен да има успешна кариера, ама ако вистински се трди. И да не успееш прв пат, ќе пробаш втор пат. И втор пат да не успееш, ќе пробаш трет пат. Нема откажување, победниците продолжуваат.

Мене преку глава ми е од луѓе што се жалат за се и сешто. Ако не сакаш келнер да бидеш, или потрчко на шефот, купи си нива и орај. Барем ќе имаш за храна.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
да не одам офф топик многу на темава
ама подруго е кога си во врска не те занима ништо друго сем тоа од искуство ти кажувам :pusi
Шо зборвиш бе чоек? Сакаш да кажиш дека ако си во врска и се е розево? Дека не ти е битно колку е платата, колкав е коефициентот на инфлација, невработеност, порастот на нафтените деривати и 300 чуда од кои си зависен.
Седи аман, фактот ти е за срамота.