Денот Д

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Сте размислувале ли за престанок на човештвото, односно дали сте имале апокалиптички визии што би се случило кога ќе исчезнат луѓето од Земјата?


Апокалиптичките визии на иднината многу ретко вклучуваат бришење на човечката раса од лицето на планетата Земја. Но тоа не е добро за Стив Робинсон, кој и понатаму се прашува што би се случило доколку луѓето едноставно исчезнат? Се согласувате ли со идејата на овој „Нострадамус“ или типов врска нема што зборува?

Замислете дека утре ќе дојде крај на светот, по некое страшно сценарио за денот Д – нуклеарна зима, смртоносен вирус или било што. Каков би бил светот без хомосапиенсот, односно како би изгледала планетата кога од лицето на Земјата ќе исчезне само човекот, а сиот останат животински и растителен свет ќе опстане.


1 месец по денот Д

Откако ќе исчезнат луѓето, целата инфраструктура, меѓу кои и уличните светилки, камерите и слични направи, ќе продолжат со работа сè додека има струја. Без надзор, електраните и нуклеарните централи можеби ќе предизвикаат страшни катастрофални експлозии. По сето тоа, светлата на планетава ќе исчезнат засекогаш.
Светот ќе почне да се закрепнува од загубата на највлијателниот животински вид. Природата ќе си ги поврати загубените простори. Очајните и гладни животинки од Лондонската зоолошка градина, очајни за храна некако ќе избегаат од своите кафези.

5 години по денот Д

Почнува биолошка ерозија на градовите во кои веќе се пробива природата. Флората ќе се рашири. На почетокот најраспространети ќе бидат тревите. По извесно време ќе пораснат и грмушки и дрвца. По извесно време, улиците и цементот ќе почнат да се распаѓаат. Домашните миленици веќе одамна ги напуштиле домовите на своите сопственици. Милениците, групирани во мали групи ќе талкаат по улиците, а мачната потрага по храна ќе придонесе да се вратат кон своите корени, односно ќе почнат да се однесуваат како своите предци.

Громовите ќе предизвикуваат пожари во многу области. Пожарите рапидно ќе се шират поради потпалените цевки за плин и нафта. Во отсуство на итни служби, Филаделфија би претворила во пепел. На другата страна од планетата, огновите би беснееле, уништувајќи шуми и остатоци од градови какви што биле Калифорнија и Холивуд.

50 години по денот Д

Педесет години по денот Д, планетата Земја би била сосема поинакво место. И покрај тоа што неколку згради опстанале, многу градби веќе се срушиле поради влијанието на природните сили. Внатрешноста на опстанатите згради воопшто не би била сменета од денот кога луѓето исчезнале. Пластичните кеси сè уште би биле присутни. За нивно распаѓање би биле потребни уште педесетина години. Потврдата пластика, пак, би била присутна за многу милениуми.
Во Обединетото кралство, шумите би биле распространети речиси насекаде, посебно во областите кои некогаш биле села и ниви. Многу животни веќе би имале создадено домови во распространетите шумски предели. Дивите мечки можеби би живееле во центарот на Бирмингем.

1.000 години по денот Д

По еден милениум, биолошкиот живот на нашата планета се менува. Во Велика Британија, мачките се живи и здрави поради растечката популација на глувци. Мачките се претвораат во големи и силни предатори
Температурите растат, глобалното затоплување предизвикува топење на поларните мразови и ги поплавува крајбрежните области. Холандија е под вода, исто и Флорида.
Градовите се сега руинирани. Од вселената овие области се гледаат како мали сиви флеки, со помалку зеленило. Некои згради и замоци се уште стојат, но и на овие зданија деновите им се броени.

И покрај тоа што човекот веќе го нема на планетата, ефектите од неговата активност се уште се присутни. Многу вештачки сателити се уште функционираат и се вртат околу земјата. Сателитот „Војаџер“ кој беше лансиран во 1976 година е оддалечен 346 милијарди километри од Земјата. Иако неговите системи одамна не функционираат, тој се уште плови во темнината. Голем астероид удира во Земјата во близина на Москва и ги уништува остатоците од градот за секунда. Прашина се шири преку целиот европски континент и го блокира сонцето за 10 години.

Како што нашите згради и алати полека се распаѓаат, биолошкиот живот на планетата рапидно се менува. Нови видови животни, кои еволуирале од домашните животни, се приспособуваат кон природата. Големи глодари се населуваат под почвата, копајќи мноштво дупки и тунели.

Следната ледена доба никогаш нема да се случи поради глобалното затоплување кое го предизвикал човекот. Северниот пол веќе го нема, и целиот реон е покриен со голем океан.

500.000 години по денот Д

Заради човекот, следните четири ледени доби нема да се случат, но сега се случува глобално заладување. Мразот повторно се формира на половите на Земјата и се шири кон Северна Америка и Европа. Ледените покривки се протегаат дури до Италија. Многу животински врсти нема да ја преживеат оваа климатска промена. Мразот ќе ги покрие последните остатоци од Лондон, Париз, Њујорк и Токио. Ерозивните сили на мразот би ги срониле и последните остатоци од некогаш гигантските градови. Кога мразот ќе се повлече, копната на Земјината топка ќе бидат оголени. Сите сеќавања од човекот би останале закопани под многу слоеви од почва како фусноти од човековата историја.

Сателитот „Војаџер 2“ продолжува на својот пат, 28 светлосни години далеку од дома, без никакво знаење за тоа што се случило.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Секоја година е денот Д. Само што заборавив оваа година кога му паѓа точниот датум. Мислам дека декември некаде.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Секоја година е денот Д. Само што заборавив оваа година кога му паѓа точниот датум. Мислам дека декември некаде.

Темава не се однесува кога ќе дојде "судниот" ден. Се однесува дали и какво е вашето размислување ако исчезне најголемиот предатор на Земјата - човекот. Што би се случило, како би се одвивале понатаму без него нештата?
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Незнам зошто се отвараат вакви морничави теми. Јас искрено не сум размислувала за ваква тема. Јас незнам што ќе се случи утре, дали ќе сум тука, дали ќе сум жива, а не пак да размислувам за денот Д.
Мислам дека ова се само теории. Човекот и живее само од теории, создава ама само кога има успех. Мислам дека не е време да се дискутира на ваква тема без врска.
Извини за мене ова се глупости кои ги преплавуваат социјалните мрежи и интернетот.
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Како прво сакам да препорачам една серија која се однесува на темава.
MV5BMTgxNDYwMjc5MV5BMl5BanBnXkFtZTcwOTczNDMwMg@@._V1._SY317_CR18,0,214,317_.jpg

Понатаму, сметам дека пред можеби повеќе од 5-10 000 години веќе се има случено исто или слично сценарио со оглед на тоа што сме биле интернет-сведоци на пронајдени градови (подводниот град близу крајбрежјето на Јапонија, тунелите во Малта на кои не им се знае крајот, познатиот Мачу Пикчу итн).
Сите работи за кои се пронајдени докази дека постоеле се случувале во циклични периоди, слично на менувањето на леденото доба во светот. Од формирањето на Пангеа па до ден денешен е изминат предолг временски период за кој можеме во најголем дел само да претпоставуваме што се случувало.

Имам читано дека кога би се случило горенаведеното сценарио, на Земјата би и биле потребни 50-100 години за да повторно и се вратат "белите дробови", односно да се заврши природниот процес на регенерација на флората, фауната, кислородот, условите за живот на планетата.
Идејќи по логиката, во најголем дел можно би било да се случи тоа сценарио како што е напишано или како што е прикажано во серијата.
Мислам дека со тек на време (периоди од 500-1000 години) сегашните наши домашни миленици би еволуирале во нешто појако, посилно, крволочно за разлика од што се сега. Со тек на нивните генерации, ќе им "исчезне" питомоста каква што базично ја знаеме за да денес направиме дистинкција меѓу пинч и волк, на пример. Идеме понатаму,
Буквално, би се создала џунгла на асфалтот. Растенијата, дрвјата ќе растат без да има кој да ги потскрати, неретко големите дрвја ќе се корнат од земјата и ќе паѓаат на земја, и на нивно место ќе растат нови.
Малку ми е симптоматичо, тоа што го пишува во текстот, за градбите, односно зградите дека по 50 години би се срушиле во оглед на природните сили. Да, Empire State Building е изградена пред околу 80 години, па досега иљадници тони снег ја погодувале, и секакви олуји ја преплавувале па никому ништо. Да, разбирам дека треба одржување на секој објект, но да зборуваме за рушење после 50 години малку ми е чудно. Нејсе...

Да, прејдеме на Скопје, како мое место на живеење. Градски парк би станал мочуриште, во кое и понатаму ќе се тегнат под сенките лавот и лавицата, само овој пат ќе нема кој да ги храни со смоки, туку самите ќе одат во лов на ситни, слаби животинки. Вардар можно е да се излее од коритото, и да се прошири до половина од Градскиот парк. Водно ќе биде обраснато, ќе има пожари, банредите ќе почнат да гнијат и да паѓаат...

Ова се само мои претпоставки, сега за сега :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Човекот секојдневно безразлика што и да прави ја уништува природата, ги уништува зелените површини градејќи место за живеење, разни инфраструктури и сл. Па така со снемувањето на човекот природата повторно би заживеала...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: marjan