Дезодоранс или антиперспирант?

rotkiviangela

Староседелец
10 август 2012
27
4
1,003
Мислењата за безбедноста од штетното дејство на антиперспирантите врз кожата се различни...
-Кое е вашето мислење?
 
Последна промена од модератор:

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Штетни не штетни,користам е део. и анти персп.Сакам да испробувам од разни марки,.нови мириси,најбитно е да се внимава да не добиеш некоја алергија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: rotkiviangela

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
пред некое време читав негде за ова
дејството на антиперспирантите било поштетно од дејството на дезодорансот поради тоа што антиперспирантите содржеле нешто поврзано со алуминиум што дејствувало штетно врз потните жлезди, дојката и др( извинете вака но не се сеќавам на што друго беше) а дезодорансот штител од непријатна миризба а и ги уништувал бактериите



јас користам и тоа и тоа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: rotkiviangela

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Не сум свесен за евентуалната последица од антиперспирантите или дезодорансите,но не поминувам ден без тие (препарати) заправо неможам да замислам како би било без нив.Мое мислење од штетно дејство е после употребата може да има реакции само ако сте алергични,за друго не сум запознаен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: rotkiviangela

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Дезодорансот не влијае на потењето, содржи парфем и некое антисептично средство. На тој начин се уништуваат бактериите и се наутрализира непријатниот мирис. А антиперспирантот го спречува потењето, содржи "хемикалии" кои го спречуваат потењето преку затворање на порите. Антиперсипрантите се поефикасни од дезодорансите во спречување на непријатното потење но и поризични поради тие хемикалии.

Јас секојдневно ги користам, исто како што кажа една членка погоре сакам да испробувам нови марки и мириси, ама знам дека појќе Rexona немат да купам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and rotkiviangela

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Дезодоранс не користам, користам стик anti-perspirant/ anti-Transpirant Deodorant (Dove -natural touch,dead sea minerals)
До сега не сум имала никаков проблем на кожата иако има штетни супстанци.
Некој што има проблеми со кожата најубаво е со бебешки сапун и вода да си одржува хигиена.
Како што рече Ана-Каренина,деозорансите се помалку штетни ама не ја спречуваат потта ,туку ја неутрализираат лошата миризба,а антиперспирантите ја спречуваат потта и даваат свеж мирис во текот на целиот ден.
(Имам читано дека ако користиме вакви средства за хигиена да бараме нешто што не содржи парабен и алуминиум,но таквите производи се многу ретки)
Е сега се јавува проблем кога ги депилирате пазувите со восок и нанесувате хемикалии,тогаш кожата е надразнета и многу осетлива и постои можност да се појави оток на жлездите или ''топчиња'' со гној,затоа наместо депилација под пазуви користете го бричот.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Антиперспирантот го спречува потењето, но не ја маскира непријатната миризба.
Мојот избор е дезодоранс, бидејќи дејството му е подолготрајно и спотнатото си мириса на дезодоранс.
 

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
Јас не сум приметика некоја разлика во миризбата . И со дезодоранс и со антиперспирант исто е . После еден до два часа , непријатната миризба се осеќа . Некогаш сум во можност да ги носам со себе , некогаш не сум . Поубаво ми е кога сум во можност да ги носам со себе . Во врска со хемикалиите , до сега фала богу сум немала никаков проблем :)
 

Swatkata

Староседелец
26 јуни 2014
49
16
1,008
Незнам и двете се океј,но кога би морала да изберам меѓу нив би рекла дезодоранс