Да ѝ помогнеме на Мила

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Кога ќе ја видите, не можете да замислите да се вика поинаку, мила е и премила, но нејзината дијагноза - NEVUS PIGMENTOSUS GIGANTUS (џиновска бемка, пигментација на цела лева стграна од лицето, челото и скалпот) бара серија од операции.
Невусот треба да се отстрани со намалување во повеќе фази, што значи дека ќе треба да се извршат повеќе операции. Ќе се применува техника сопоставување експандери (балони) во пределот на здравиот дел од кожата на лицето и главата, нивно полнење, па отстранување. Сето тоа ќе трае 3-4 месеци и ќе се прават 3 такви рунди со пауза помеѓу нив од 6 до 9 месеци. Операцијата ќе се прави во Чикаго, САД.
Да помогнеме да се соберат пари за сето тоа да почне што побргу, додека Мила е малечка, за да памети што помалку од тој мачен и болен процес.
Мислам дека сите можете да ги претпоставите ризиците ако не се направат операциите, но да не зборуваме сега за тоа, да и’ пратиме на Мила најдобри желби, а и да донираме, кој колку може.
Наскоро истекува периодот кога се активни телефоните, па да побрзаме....!!!
ТЕЛЕФОНИ ЗА ДОНАЦИЈА:
070 143-191 T-Mobile, ONE: 075 143123, VIP: 077 143-193
ДЕНАРСКА СМЕТКА: 300001000023282 жиро сметка од КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
ДЕВИЗНАТА СМЕТКА е истотака на КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА: br.na smetkata 02-307-0329134.7
IBAN BR. MK07300307032913435
SWIFT:KOBSMK2X
на име Sibinoska Tanja. Mоже да се уплати од било која банка.
184408_569680769750954_1600360471_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lillian and violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Донирано и дај боже се да помине во најдобар ред,а Мила да има нормално и среќно детство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lillian, Хоуп* and JaMi