Да му помогнеме на Зоран Ѓорѓиески

Annie

Нов член
5 мај 2015
14
19
3
Зоки е роден во Вевчани и има 25 години.
Од својата 19-та година тој се бори со кардиомиопатијата - општо позната како конгестивна срцева слабост, односно неспособност на срцето да пумпа доволно количество на крв со цел да ги задоволи потребите на организмот. Моментално Зоран се наоѓа на интензивна нега во локална болница во Скопје и потребна му е итна трансплантација на срце во странство.
Да му помогнеме на Зоки!! Секоја помош е добредојдена.

ПОМОШ ОД СРЦЕ ЗА СРЦЕ!!

11188474_10204250256161944_2923476044183137887_n.jpg

http://www.gofundme.com/sgmvqk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Операцијата чини 300 до 500 илјади евра а се донира по 100 денари, цела држава по еднаш да донира пак нема ни приближно да е. Никогаш нема да ги собере тие пари.
 
Последна промена:

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Операцијата чини 300 до 500 илјади евра а се донира по 100 денари, цела држава по еднаш да донира пак нема ни приблично да е. Никогаш нема да ги собере тие пари.
Еееееее...а Рокфелерчо милијардерот дури 7 срца си имал, да ти пукне филм:banghead
 

Annie

Нов член
5 мај 2015
14
19
3
Колку што слушав на вести, фондот ќе обезбеди одредена сума на пари, но таа сума не е ни приближно до потребната. А само еден ден во Систина Зоран го чини 600 евра.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Како можат да наплаќаат толку огромна сума за операција од која зависи живот, па тоа срце што Зоран треба да го добие некој ГО ДОНИРАЛ, не го продал за сега некои што малку повеќе учеле да заработуваат од него. Сите такви типови на операции треба да бидат ако не бесплати барем достапни и за најсиромашните затоа што и тие се луѓе и тие заслужуваат да живеат. Ок разбирам и дека не е така лесно да се направи или изведи една таква операција и постои огромен ризик (за кој одговорност не снесува докторот, а пациентот) дека нема да успее операцијата но цел тој труд да чини од 300 до 500 илјади евра па тоа премногу. Немаат ни грам совест.
Се надевам Зоран ќе ги собере тие пари, јас донирав колку што можев и ми се можностите и се надевам дека државава ќе пушти малку срце и ќе му помогне да ги собере средствата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne, malo and Annie

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Колку што слушав на вести, фондот ќе обезбеди одредена сума на пари, но таа сума не е ни приближно до потребната. А само еден ден во Систина Зоран го чини 600 евра.
Колку ќе обезбеди фондот? 1000 евра? За пат ќе им дадат пари. Од тие лопови ако се чека нема никогаш да се дочека.
 

Annie

Нов член
5 мај 2015
14
19
3
За жал Зоран ја изгуби битката која ја водеше.
Почивај во мир!!! (brokenheart)
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Колку ќе обезбеди фондот? 1000 евра? За пат ќе им дадат пари. Од тие лопови ако се чека нема никогаш да се дочека.
Тоа е за жал нашата држава, само да не се разболеш или да им чукнеш на врата нема излез е има ама оној што никој не го сака :(
Нека почива во мир! :(
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Колку ќе обезбеди фондот? 1000 евра? За пат ќе им дадат пари. Од тие лопови ако се чека нема никогаш да се дочека.

За фондот гρев е да ρечам штогоде стваρ. . Фондот κе ја платеше тρансплантацијата, а бидејќи пρоцесот κе беше долготρаен а бρатот мајκата и таκото тρебаа да останат во Загρеб со него нив им тρебаа паρи! После тρансплантацијата тρебаше да се дава теρапија.. Да не филозофиρам. Многу паρи беа потρебни!
Случајот со Зоκи го ρаздρма фондот ρади пρетходниот случај со Тамаρа. Јасно ми е , а за пρвиот случај не опρавдувам..
Ете од лоповите се дочеκа али од сρцето не. И, да баρаш ли κρивица во неκој.. во κој? Феρ ли е???