Дали ја живееме 1984?

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Својот наслов темата го влече од легендарната ,,1984” на Орвел, напишана веднаш по Втората светска војна. Накратко, станува збор за тоталитаристички систем на управување, каде што Големиот брат (Партијата) ја контролира секоја сфера од човечкиот живот, како јавниот, така и нивниот приватен живот, со помош на медиумите манипулира со сите информации, фактите и историските податоци со цел да се замагли совеста на личноста преку наметнување на одредена идеологија и ,,отупавување” на човековата свест за рационално расудување. Самиот автор има напоменато дека ,,книгата, колку што е водич за минатото исто така е водич за иднината”.

Моето прашање е – Дали ние веќе ја живееме приказната на 1984? Колку Владите и владините агенции свесно ја нарушуваат приватноста на обичниот човек криејќи се зад маската на националната безбедност? На пример, долколку на некоја од најпопуларните социјални мрежи во обична конверзација дури и на шала се спомнат зборови како што се бомба или аеродром, автоматски во вратот ни дишат светските тајните служби. За што всушност навистина служат чиповите во личните карти, сателитите и камерите на секој агол?
Дали и ние сме жртви на двомислата (doublethink) кога навидум живееме во демократски опшества а се повеќе сме свесни за угнетувањата и кршењата на основните човечки права?
Колку медиумите го отупавуваат народот ширејќи економско-политички пропаганди, и колку агресивноста на истите влијае во т.н потсвесно ,,перење на мозоците”? И дали преголемиот број на непотребни информации кои секојдневно ни го преокупираат мозокот, сакале или не, ја уништуваат рационалната мисла и го сведуваат човечкиот живот на јадење, работење, спиење, на чиста рутина?
Зарем војните во Ирак, Сирија, Либија, Египет итн. не се разгоруваат намерно со цел одржување на ,,класната” нееднаквост, и поради фактот дека со истите, опстојуваат голем број на тешки индустрии кои инаку би пропаднале? Нели е истото со лажирањето дека не постои лек против најзлогласените смртоносни болести како ракот и СИДА-та со цел да не пропаднат цели индустрии и центри за лекување кои прават многу пари?
Национализмот, кој се повеќе се разгорува во последно време нели преставува пречка од согледувањето на сличноста на сите човечки единки насекаде во светот?
Дали намерно ни се создаваат психички бариери и дупки, кои несомнено се посилни од физичките поделби?

Дали преку – војната е мир или постојаната физичка/психолошка/национална/политичка војна полесно се манипулира со совеста на широката маса?

Дали преку слободата е ропство – навистина се укажува на фактот дека ако размислуваш поразлично од тоа што ти се наметнува си во старт осуден на пропаст? И обратното, дали само ако се придржуваме кон тоа што ни се сервира ќе можеме да добиеме некоја привидна слобода? Каква е таа слобода?

Дали Незнаењето е сила – навистина посочува на фактот дека колку повеќе луѓето се спречуваат да размислуваат со својата глава толку полесно можат да бидат искористени за туѓи цели?
 
Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Системот за владеење е едноставен и краток : “раздели па владеј“.
Не мора да се земаат другите земји за пример,кога живееме во таква. За да може да се контролира еден народ, во денешно време каде парите се најголемиот контролор на народите, најпрво осиромаши го, а потоа дојди му како спасител со минимални средства.Денешните партиски вработувања не се само по заслуга заради завршената работа,туку како благослов го гледаат и се веќе вистински поддржувачи на системот.
Колку слободни медиуми имаме во земјата? Колку слобода на говор има меѓу народот? Колку единство имаме?
Одговорот е 0.
Се додека еден народ сам не се промени,никој нема да го измени.
 
Пред тоа ,,раздели па владеј" мислам дека претходи процес на колективно ,,отупување" на широките маси, се до оној степен кога можат уште полесно да бидат манипулирани со само една мисла (националистичка,религиозна а често и идеолошка). Не се согласувам со тебе со делот дека парите се најголем контролор. Напротив мислам дека тоа е она инстиктивното во човекот кое е лесно за манипулација, а можат сите да го разберат - етничка,национална, расна, религиозна припадност. Чист пример можеме да земеме токму од кај нас - Кога се крена поголема прашина и протести - кога се затвараа тутунските монополи, кога пропаѓаа фирмите од типот на Охис или религиозно/етничките случувања? Ќе го спомнам Хитлер со неговата - на човекот спомни му ја религијата и националната припадност и тој ќе те следи како овца.Слобода на говор меѓу народот има, и тоа повеќе од тоа што треба. Но дали има храброст јавно да се искаже тоа? Владите треба да се плашат од народот а не обратното. И што ќе ни е слобода на говорот, кога поголемиот дел не сме свесни што ни се работи зад грб, од зад сенка. Народот не треба да се промени туку треба да стане свесен за што всушност ни се случува, кога ќе го надмине тоа - ,,Јас разбирам како но не разбирам зошто".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Рајата може лесно да се одвлече од економските прашања со форсирање на националните и религиозните.
Зошто е тоа така е нејасно, можеби се работи за чувството за припадност. И националната и религиозната припадност немаат никаква објективна заедничка точка за оние кои се декларираат како припадници. Освен мала група со која лицето има некаков реален однос во животот, можеби 100-200 души преку сила, останатите не ги ни познава. За повеќето не чул ниту ги видел.
Како може човек да се декларира дека има заедничко нешто со ликови кои не ги видел, не знае ништо за нив, не знае ни дали постојат.......веројатно од страв. Стравот да се биде надвор од наменетата група која по дифолт му доаѓа од раѓање. Се прилагодува. Живее како што живее и средината. Индивидуалноста се губи некаде....

И така некој лик зема 150 евра плата ама е припадник на `старата моќна и славна` нација` .... или му исекле одреден дел од гениталната анатомија на млади години па некако е приврзан кој анонимниот авторитет кој наводно го заповедал тоа.

Имаше една анегдота за некој чистач на чевли во викторијанска Британија кој чистел кондури пред Вестминстер. Секој ден чистел кал и земја од кондурите на политичарите и диломатите. Иако Британија била најголема империја, некако животецот и не му бил којзнае што. Туберколоза, мали приходи, очаен дом, никаква надеж за иднина.
Често го гледале насмеан. Кога го прашале зошто, и покрај тоа што живее како гомно - е насмеан - одговорил `Јас сум припадник на нацијата која владее со светот`!
 
Мислам дека стравот е далеку од вроден, тој се наметнува. Токму го кажува и самиот слоган на Орвел - ,, Слободата е ропство". Лесно е да се исполни еден човек со страв кога ќе види како се постапува со таквите што размислуваат поинаку од тоа што им се наметнува. Доволно е еден таков да биде скршен од страна на моќниците за да служи како пример за повеќето што така размислуваат.
Индвидуалноста не се губи некаде таа се задушува, со разнолики скриени методи кои струјат низ околината и се прифатени како нормална појава. Чисти примери се со ,,Абре македонче" или ,,Македонско девојче" во двете најбројни етнички заедници кај нас. Нели е тоа сервирање на предрасуда кај мало дете која ја впива како сунѓер и почнува да живее со тоа сфаќање како такво? Ваквите умови имаат чувство на припадност едни кон други иако не се познаваат физички, а причината не е стравот, туку инфилтрирањето на одреден став или идеологија наметната од повеќе или помалку радикални струења главно преку медиумите и верските институции.
Но да, додека умот на една личност е во ,,воена" состојба многу лесно може да се манипулира.

A за примерот со ,,старата моќна нација" многу јасно е покажан фактот дека идеја не може да се прободе, обеси ниту запали .. таа продолжува да живее од генерација во генерација. Пример чисто ќе земам од Советскиот сојуз - зошто ликот и делото на Троцки не влезе во Советската рехабилитација предводена од Хрушчов прогласена како просветлување на руската историја од дамката која ја оставил Сталин. Зошто после повеќе од половина век се кријат оригиналните факти и се преставува друга слика за реалноста?Дали сталинизмот (читај тоталитаризмот) како движење запира со неговата смрт? Нели е тоа пример за владеење од сенка? Зарем денес не владее насекаде истиот принцип - владеење само и само од сенка?
 
Нормално дека не е вроден, она што по дифолт доаѓа со самото раѓање е средината која делегира национална и религиска припадност кај новороденчето. Нешто како даунлоуд.
Рационалноста не помага многу за жал, се работи за емоционално поврзување со самата припадност кон некоја заедница, која во најмногу случаи нема никакво позитивно влијание врз поединецот, најчесто е негативно.
За да таа припадност опстојува, мора да постојат `закани` од надвор, `непријатели` или `домашни предавници`. Под замислената или реална закана заедницата станува покохерентна на голема радост на власта која знае `да је читава прича срање` ама и одговара да остане статус кво.

Поради тоа што луѓето ја обожаваат својата припадност кон замислени целини и бидејќи не гледам како тоа би се сменило во догледна иднина би рекол...

Welcome to 1984.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta and Luckky