Дали технолошките и научните достигнувања ни го подобруваат квалитетот на животот?

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Опис на темата мислам дкеа не мора да дадам, самиот наслов си кажува, а мое лично мислење и не можам да дадам пред се зошто мислењата ми противречат. Долга е листата на позитивни и на негативни страни и не само што е долга туку и се испреплетуваат меѓусебе.
Но генерално мислам дека не оддалечуваат од реалноста, луѓето и природата. Вредностите изопачени, лајк или коментар на статус имаат поголем ефект и вредност одколку насмевка, преградка, бакнеж.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Пополека стануваме свет на пореметени вредности како што кажа и самиот. Наместо да користат за потреба, ние фактички ги силуваме и им даваме друга вредност на технолошките пронајдоци. Така да не ме чуди луѓето во иднина да станат бездушни, да немаат чувства и да немаат врска од животот и да станат толку дебилни што ќе нема да можат еден ден два метри да поодат без помош од технологија. Така да човекот себе си ќе се уништи и никој друг..
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Ништо не стои во место.
Ништо не може да стои во место.
А на крајот, мора да го има токму него - крајот.
После крајот, некој нов почеток. :)
Не можеш да си против процесот на развој, оти развивањето те води од детството, преку младоста, кон староста, а староста понатака кон завршувањето на животниот циклус.
Колку и да е бескрајно голем дијаметарот на кругот, сепак кругот мора да се исцрта и да се затвори :)
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Meне лично ми го подобруваат.
Не би можела да се замислам себеси, како чистам без правосмукалка, единствен начин на комуникација ми е писмото, а интернетот не постои.
 

The puss in boots

Староседелец
27 февруари 2012
221
147
1,043
27
Охрид
We live in a world full of stupid people but smart phones ;)

иначе има некој работи кој го подобруваат животот, но има и некој кој не а за жал овие се во поголем број
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Venom'z

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Мислам дека го подобруваат, поедноставуваат и го прават животот и секојдневните активност полесни :)