Дали сте задоволни од понудената програма на македонските телевизии? | Црнобело Форум

Дали сте задоволни од понудената програма на македонските телевизии?

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,440
9,149
1,683
Кушкундалево
Единствено што претходно гледав на телевизија беше Котон Клуб на Петар Ренџов. Сега го имам на располагање кога сакам. Телевизија не гледам веќе 3 години воопшто, а и претходно не бев некој зависник од тв. Гајле ми е за програмите на телевизиите, за вести, политички пропаганди и сл.
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
НЕ!!! Најмногу заради турските и индиските серии, и иселеничкиот џубокс на МТВ. После ради кулинарските емисии на пропаднати пеачи и актери и попладневните ручеци на некои си госпоѓи, па де на ручек кај Марија, па де кај Силвија, „се прејадовме„ аман више, нека дадат нешто интересно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Која програма???
има ли такво нешто???
Па освен турски, шпански и индиски серии јас не сум видела друго нешто...
порано по некоја документарна и некоја забавна емисија ќе дадеа
сега ништо.....Тапа..а сабота и недела не ни пуштам тв..репризи на репризите по цела ден
срамота...од сабајле до вечер до 22 00 да даваш репризи...(shake)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Не!Ама ич не сум задоволна со програмите на телевизијата.
Започнувајки од МТВ.
Се секавам убаво на тие времиња кога даваа убави Американски серии ко "Плажата на залезот".
Уште ја паметам серијата.И никогаш нема да ја заборавам.
Потоа следеше серијата Беверли Хилс...Да не набројувам сега.
Имаше навистина што да се гледа.
Потоа беа на мода шпанските серии.Да бидам искрена ги погледнував од време на време.
А сега?Што сега?на која програма и да пуштам турско па индиско.
Народот затупаве.
Канал 5 и 5+ единстевно ја вадат Лигата на Шампионите.Ама и таа програма веке не ја регистрирам.
Телма италјанско првенство и се наога по некој интересен филм.
Единствено сум задоволна од Алфа телевизија.
За вести,спорт и филмови е добра.
Останатите програми мислам да ги бришам.
Не,сериозно срекна сум што ги имам Спорт Клуб,Фокс Крајм и Фокс Лајф и Алфа.
Без тие програми одамна ке го фрлев телевизорот од балкон.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio and WomanInRed

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Во сооднос на тоа дека слабо гледам телевизија и не ми смета ни да има ни да нема добра програма,што сакаат нека дават.Ако не ни се допага има и други канали.И онака ништо неможеме да смениме,се е политика а претежно вестите.Порано бар вести гледав,сега ни тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Препознатлива

Истакнат Член
27 јуни 2012
119
94
328
Не сум воопшто задоволна. Додуша и негледам многу телевизија бидејќи и ништо нема по каналиви асално што да се гледа. Турски и индиски серии не гледам, а бидејќи нив ги има по цели денови слободно си го гасам телевизорот. Само некогаш вести гледам, само тоа :)
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Само АБ Канал и Наша ТВ гледам од што нема што да гледаш по другиве телевизии освен турските ср*ња. :mad
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,023
9,649
1,683
Normandy
Одамна дигнав раце. Чат пат само телма и Алфа ако дадат некој од европскиве филмови, друго тиње. Од Вести сум опериран.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест