Дали парите прават добар родител? | Црнобело Форум

Дали парите прават добар родител?

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Проблемот е дека сте одредено кратко време без работа и сте константно обвинувани за тоа од другата страна дека не сте добар родител.
Какво е вашето мислење во врска со тоа?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Веќе долго време сум без работа и живееме најскромно што можеме, но не дозволувам децата да се почувствуваат оштетени од финансиската ситуација во голема мера. Сепак постојат ограничувања, не може секогаш за се да се најде алтернативно решение за се, но мене децата никогаш не ми замериле, можеби и дека се сеуште мали, но никогаш не се случило во маркет да плачат за нешто што не можам да им го купам, најчесто ке прашаат ке им кажам искрено дека тоа не можеме да си го дозволиме и толку, не инсистираат да имаат се по секоја цена.
Мислам дека имам многу близок однос со моите деца, се трудам секогаш да бидам искрена кон нив, а и тие ми возвраќаат со искреност. Им давам слобода да си ги искажат незадоволствата и досега искажале многу незадоволства и ме обвинувале за лошо родителство, но тоа никогаш не било поради пари.
 

Pink Panther

Староседелец
9 февруари 2015
1,790
802
1,133
Skopje
Тоа е одраз на тоа како ти си ги воспитала твојте деца , а предпоставувам имаш одлично воспитани за разлика од некои кои се третирани многу по различно ,а на штета на истите ...
Таквите воспитани деца кои се разбираат од тоа што значи НЕ заслужуваат да добијат и повеќе од се !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Пошто не сум роди теле уште не знам како е ама гледано од моиве родители..
Не треба да е сѐ во парите!
Добар родител си ако му покажеш нежност, љубов и искрена искра во очите кога го гледаш ако го научиш што е добро што не и ред др раб.. Да можда тоа нема да те нахрани ама затоа постои скромен жовот, скромни луѓе. : )
Никогаш родителот не треба да ги гледа децата во пари т. е со душа да чека детето да израсне, да му скрати сѐ, пошто знае дека детето сѐ ќе прифати и да почне во најубавите години да работи ко црнец, до денар да остава дома за на крај да се плаши пари да побара или да чека робата да се излити или празник да дојде за да се купи нова...
Не се станува родител само со пари и ќе настојувам дур сум жива како што скромно ме научија да живеам така и ја мојте деца да ги научам на скромен живот..
парите го расипуваат човекот!
фала
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Кога си студент и зависиш од родителите и студираш во друг град, парите се најважниот фактор, после студирањето не во толкава мера. Парите не мора да значи дека ќе те направат добар родител, ако не се грижиш и на емотивен начин за детето. Некогаш потребно е повеќе да се искажува љубов, посебно кога е помало детето, но како што расте самото гледа дека се зависи од парите ( дали ќе излезе, дали ќе оди на екскурзија, дали ќе има нова облека). Мислам дека добар родител е родител што не го разгалува детето, го учи секојден што е правилно во животот, а парите се само да помогнат за иднината. Многу деца потоа се трудат да ги вратат тие потрошени пари со купување автомобил за родителите или плаќаат одмор и сл. Важно е парите да се трошат разумно, детето да научи дека парите не те прават добра личност или добар родител, туку се само средство за помагање и подобра иднина :)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,778
7,300
1,153
Big Sur
Не можеме да се лажеме дека удобен и сигурен живот е лоша работа и дека родители што имаат пари, автоматски не се тука за децата и надокнадуваат за тоа со кеш. Ниту пак се сложувам со она дека деца на богати родители се строго размазени и со двоцифрен коефициент на интелигенција.
Океј, можеби кај нас е пренагласено она „Знаеш ли кој ми е мене татко?“, но треба да имаме на ум дека слушаме многу за такви пошто таквите се најгласни. Постојат огромен број добро воспитани деца чии богати родители биле тука за нив и ги научиле да ја ценат својата привилегија.
Тука ми текнува пример за другарка на другарка, која буквално го има прошетано сиот свет, може секој момент да оди каде сака и да купи што сака, блиска е со родителите колку што знам, но, во нејзини зборови, депресијата толку ја има конзумирано, што ѝ е сеедно каде и дали ќе го дочека следниот ден и око не би ѝ трепнало ако пред неа ги запалат сите пари што ги имаат. Не верувам дека на таа пара (т.е. општо не верувам дека некој родител) нејзините би сакале да ја гледаат така, но за жал, парите тука се немоќни.

А, за нафрлање вина поради краткотрајно останување без работа... тоа е незрелост. Никој не знаеме каде и со колку пари во џеб ќе завршиме, ниту пак колку време ќе ни трае (не)среќата да имаме добро/лошо/никакво работно место.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,235
2,326
1,153
Skopje
www.facebook.com
Секој родител сака, посакува неговото дете да си е најадено, напиено, облечено, образовано и се труди нормално во однос на можностите тоа да му го овозможи.
Тие деца што растат во семејство каде финансиите не се во изобилство, може да се каже дека пример за нијанса повеќе знаат да ги ценат парите, како и други вредности во животот, за разлика од децата каде што некои работи просто им се сервираат. Но тоа и не мора да значи дека е така. Мислам дека се зависи до карактерот на родителите како и до нивниот степен на воспитување. Ако еден родител е воспитан, совесен и милиони да има, ќе знае точно како и колку да му дава на своето дете, за да не направи од него паразит. Нормално ќе му овозможува повеќе, ама ако му овозможува повеќе не значи дека нема да го научи како да го цени тоа.