Дали новата цена и биоразградливите кеси може да помогнат со загадувањето? | Црнобело Форум

Дали новата цена и биоразградливите кеси може да помогнат со загадувањето?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,989
7,440
1,153
Big Sur
Па, од денес стапи на сила „законот“ да се продаваат (кхммм....) само биоразградливи кеси и да се по 15 денари, а хартиените по 12-13. Македонската јавност е повторно во шок од оваа прекрасна и промислена мерка и може да почнеме да славиме дека сме го решиле проблемот. Додуша, веќе и се осеќа чистиот воздух и еве имам дојава дека во реките до петок ќе се врателе делфините, а до недела и Македонија ќе била цела.

Шалата на страна (иако не е ни за шалење), ова е само уште една провидна профитерска лага од која највеќе пати сиромавиот (значи 90% од нас). А, што правиме со пластичните шишиња, канчиња за секакви производи, најлонски омоти за парфеми, шминки и други производи за нега (и пластиката од истите)? Што правиме со нелегалните депонии и нивното палење во близина на центрите на градовите и селата? Реките и езерата сами ли ќе се исчистат? Подолу баш ќе ставам слика од река Кумановка како изгледа кајшто минува баш близу до центарот на градот - има од фрлени чаршави од мртваци (раја морала да ги фрла по течението на река да оделе, да го однеселе лошото, не чинело дома да се чува тоа на кое умрел починатиот), па куфери во кои можеби има човечки тела, ама никој никогаш нема да дознае, па имаме и салон за мебел со по некој стар кауч, федери од кревети, јастуци, вц шољи, ајкули, дракули... Не, зачудувачки е што има по некоја шатка во реката, па дури и некакви отпорни, мутирани рипки и риболовци што дремат таму по цел ден. :eek::eek:
Колите од 80-ти што уште ги возат? За ова не е народот крив што нема, но сепак се голем фактор. Фабриките што имаат скоро па никакви филтри? Сигурна сум дека пропуштив уште многу ствари што треба да се решат.


Ќеси за 15 денари како мерка против загадување? Можеа и подобро. Јес да не сме замашни со интелигенција, ама...
Колку ќе трае ова пред да се вратиме на старо?
Луѓево на пазар како да продаваат? Да го мешаме купеното во една торба, рецимо леб, гаќи и кромид?
Па кој е овде поглуп?

Бонус: Кумановка, ес промисд.
1638385813817.png
Пфф, на нет нема ни пола од мои очи што имаат видено. Ќе ме натераат да појдам да ја сликам во сиот свој раскош.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,332
5,841
1,683
Disco
Уште една во низата малоумни арамиски одлуки на властите.
Во Фиром се увезува медицински отпад од Италија кој го горат на отворено на депонија, значи катастрофално дно, да не се трујат жабарите си пронашле блиска земја од третиот свет во Европа па си праќаат нејопасен отпад овде.
Настрана илјадници мртви од аерозагадување секоја година, Скопје, Тетово, Битола се во рангот на Пекинг, Дака, Калкута и слични крајно загадени региони, Цементара горат стари гуми за гориво, фабриките на олигарси трујат масовно без филтри и без никаква препрека арно ама ќесите...

Во Англија голема ќеса за повеќекратна употреба беше околу 5-6 денари ама фиромјани ќе наплаќале три пати повеќе пошто као екологија ќе развиваат, а тоа уште еден очаен обид да се затнат буџетски дупки и да се платат џаболебари од администрација. Со ова ќе останеле без работа над 800 лица кои работеле во фабрики за ќеси и придружни фирми, којзнае колку фамилии на раб на егзистенција.

Интересно е што ентитетот Република Северна Маќедоња веќе 30+ години е во постојана војна против граѓаните на таа творевина, од почеток со грабеж на девизните заштеди и криминална приватизација па до денес со вакви потези, цело време аздисани во уништување на граѓаните па после на попис 300К помалку раја него порано, тек наредниот ќе биде 600К помалку па така до 2055 ќе измуре последниот фиромјанин во земјава.
Постојана агресија од страна на номеклатурата без разлика на партиска припадност, Скопје-2014 се подзаборави, кралот на Хузните исто така, сега сметки за вода се 1000-1500 денари, натприродно обдарен црнец да им се најебе матер на фиромјани, шкиптари, роми, четници и остали идиоти, ви се насерам во идентитетот на сите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,989
7,440
1,153
Big Sur
Имам чувство дека за скоро ќе лета ѓубре по сите можни улици (ако не и по кровови) пошто народов ќе снема кеси, а тешко дека повеќето ќе сакаат да купат од црните за ѓубре, па ќе фрлаат директно во контејнер, па тоа ќе се разлетува, па ќе се лепи насекаде, ќе настане општ хаос.
Луѓе сега фрлаат кај стигнат, иако има канта на 10 метри од нив, не па вака.
Во зградата кајшто живеев порано, фрлаа секакво ѓубре, вклучувајќи и пелени, преку тераса. Пошто зградата е во мал трговски центар, точно под терасите е кровот на кафич, па неќам ни да замислам колку се слушало лупањето. Башка има луѓе што живеат на први и терасите им идат скоро паралелно со кровот. Така си пиеш кафе на тераса и ти слетува на тацна лајно од распрскана пелена. Прекрасно. Луѓето само чистеа и молеа да не се фрла......
Мислам дека пак ќе биде вака, само сега и по улици.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,989
7,440
1,153
Big Sur
Иначе кај нас си има продавнички (од оние малине, што никој не ги регистрира, нАли) што си тераат бизнис со продавање кеси на големо/пакетчиња.
Сиромав народ е тешко да зафркнеш со вакви ствари. Навикнат е да се снаоѓа да преживува.