Дали ни е потребен нов месија?

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Веќе долго време го нема и се прашувам дали воопшто постоел некогаш стариот или истиот сеедно. Дали нешто би променил во тоа што неговиот претходник пропуштил или самиот тој, за да не промени нас, за да не ни биде потребен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Prashina

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Веќе долго време го нема и се прашувам дали воопшто постоел некогаш стариот или истиот сеедно. Дали нешто би променил во тоа што неговиот претходник пропуштил или самиот тој, за да не промени нас, за да не ни биде потребен.
Можеби токму ти си новиот месија, ако не за останатите, за тебе си. Се додека самите не си се спасиме, никој друг не би можел да направи било што во тој поглед.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Со темнината ги измив очиве,
пред да прогледам,
и патував од град до град,
од село до село,
од земја до земја,
плодна и неплодна,
да пронајдам светлина,
од бога создадена,
со неговиот месија што создава трн во цвет,
и останав слеп,
од чемер и јад,
од моќ за жал,
продадена за немоќ и немост за прашања,
со рането срце,
од кое истекува небото останато,
во други времиња,
за да престанам да постојам,
и заборавам,
на телото,
што ноќта го заспива,
за да го разбуди,
во туѓа душа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Prashina

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Па еве Трамп го истераа, ништо значи засега. Ова обичнава раја аматери, а републиканците по Америките веруваа дека Трамп е пратен од Бога да ги уништи рептилијаните, да воспостави нов ред (во корист на белци, Христијани и несиромаси ама, да се разбереме) по светот пошто светот е Америка и Америка е светот, па фино-лепо се испоотруја 30ина души нели што им кажа на ТВ белило да пијаат (значи имаме малку и Џонстаун), па ред други чуда.
Ама ете, го пресекоа рептилијаните...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Па еве Трамп го истераа, ништо значи засега. Ова обичнава раја аматери, а републиканците по Америките веруваа дека Трамп е пратен од Бога да ги уништи рептилијаните, да воспостави нов ред (во корист на белци, Христијани и несиромаси ама, да се разбереме) по светот пошто светот е Америка и Америка е светот, па фино-лепо се испоотруја 30ина души нели што им кажа на ТВ белило да пијаат (значи имаме малку и Џонстаун), па ред други чуда.
Ама ете, го пресекоа рептилијаните...

Ништо, Трамп не издржа како борец против светски неправдиње заедно со неговиот сајдкик Путин, рептилијанци, ламинати, масони, јесуити, евреј, црно племство, тајни организации све тоа ќе идеше под мач да останеше.

Сериозно сега, интересно е како милиони луѓе се крстат во припадник на тие фамозни 1% (повеќе 0,001% пошто милијардер) дека ќе донесе правда во светот, а тој делел тендери на свои лобисти и другарчиња заедно со намалување на давачки за најбогатите па уште и поголем буџет за воено-индустрискиот комлекс пошто малку им беа 700+ милијарди годишно...ама ќе го спаси белиот мажјак од пропаст лол :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Sasho

Истакнат Член
12 ноември 2020
43
14
108
41
Може и е потребен ама за ништо нема да служи ако лугето се злобни. Не ти треба некој да ти кажува што да правиш ак о го немаш доброто во себе.