Дали искуството го прави човекот да учи побрзо?

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Еве една интересна тема која многу често ја разглабаме во друштво. Дали секогаш искуството го прави човекот да учи побрзо?
Сега ќе наведам два спротивни примери. Мало дете од 1 година. Мозокот му е табула раза. Тоа не распознава скоро ништо, се` му е непознато. Но тоа ја има моќта на впивање на многу нови нешта. И поминувајќи не толку долг временски период, детето е запознаено можеби со некои вредности за кои постариот човек би му биле потребни години и години за разглабање.

Од друга страна па искусниот човек има испорбано многу нешта. Има кондиција на брзо размислување и донесување на заклучоци.

Значи кој е побрз? Дали детето од самото раѓање е генијалец или таа генијалност се стекнува со вежба и искуство?
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
генијалците веројатно си се генијалци од раѓање
не вервам дека генијалноста се стекнува со вежба, ни па со искуство
ама дека можи да се изгуби ако не се користи, односно поттикнува и надградува, мислам дека можи
инаку за учењето, зависи шо треба да се научи
некои работи побргу ги учат децата, за некои други помага искуството
шо знам, вака општо кажано
некако широка и обемна е темава
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Значи кој е побрз? Дали детето од самото раѓање е генијалец или таа генијалност се стекнува со вежба и искуство?
... вака јас гледам на тоа.. замисли го човековиoт мозок како сунѓер. тој цело времe впива информации во случајов да речемe вода.. сунѓерот бидејќи е празен тој собира што е можно повеќе информации ( пример бебињата се им е интересно и цело време учат нови работи) .. а според иста аналогија постар сунѓер побрзо впива вода а искусен мозозк ( разработен ) впива побрзо информации.. па мое мислење е дека е исто во глобала. бебето учи брзо зашто неговото мозоле е гладно за учење зашто е празно, а искусен човек и тој учи брзо заради разработеноста на мозочните ќелии ...
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
искуството и генијалноста се два различни поима ...
ако си генијалец (пр. хемичар) , нема од 1 годинка ти да правиш магии, кога се уште не си запознает со светот ...
значи ке ти треба малку време за да се запознаеш и докажеш на тоа поле ...
a ни еден талент/генијалец не го достигнал "врвот" без никакво искуство ...

може грешам (nod) (shake)
:^)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mila mila

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Секако дека искуството прави човекот да учи побрзо
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Искуството... според мене не може ништо да се постигне без труд, џабе детето колку да го бива за некоја работа, сепак треба да поработи за таа работа што го бива, па отпосле да се покаже неговата генијалност... не за џабе проф. по физика ни велеше дека талентот е 10 % другото е се труд... а штом минуваш низ тој труд стекнуваш и искуство кон таа цел ;) така да искуството!!
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Секако генијалец не се станува преку ноќ - генијалец се раѓа, но исотака генијалец се развива.
Во психологијата им три типологии според кои луѓето можат да се поделат : надарени, талентирани и генијалци.
Но за сите тие заедничко е што мора да се надоградуваат себе си. . . да ги чувствуваат работите на своја кожа и да стануваат подобри. Искуството е важен сегмент од развиеноста на генијалецот, талентираниот или надарениот, искуството те прави помудар и ти ги отвара очите кон страната на која никогаш не си гледал ниту размислувал.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
само ќе кажам нема подобар учител од искуството !
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Генилајец или талент во некоја област или си или не си.
Ако си, таков си роден.
Ако не си, не си. И по сто години надоградување во таа област, ти нема да си исто што и оној кој се родил со тој талент ли со генијалецот.
Секако дека тоа нема од првата година да се покаже, но во одреден период кога тоа ќе исплива на површина ќе се покаже дека тој е талент за тоа. Дека таков се родил.
Со искуството кое би го стекнал ако на тој талент му се даде можност да се развие, би станал уште подобар во тоа што од раѓање му е дадено.
Еве ќе земам пример со пеењето. Има многу шоуа кои бараат таленти. Таму се пријавуваат луѓе кои се надарени за пеење, но за тоа пеење да биде добро им треба вежбање и искуство.
Но, се пријавуваат и луѓе кои едноставно пејат извонредно, совршено... Без вежбање, без големо искуство... Такви се родиле.
Тие се талентирани за пеење. А овие првиве се само надарени. Ако надарените не вежбаат, не се надоградуваат, гласот нема да им биде доволно добар за да пејат и тоа да звучи убаво.
Но, вториве, талентираниве, и без вежбање се одлични. Тоа е така кај нив од раѓање. Ако се надоградуваат ќе стануваат подобри и подобри, ама ако не се надоградуваат ќе стојат во една точка, во место, ама се уште ќе се талентирани за пеење.
Значи, талентот ниту се стекнува, ниту се губи. Таков или си, или не си.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin