Хороскопот секогаш бил популарна тема на муабет и секогаш имало поделени мислења. Некои веруваат, некои не. Сепак астрологијата, тие што добро ја познаваат, ја сметаат за релевантна наука која може да открие многу работи за некоја личност. Е сега, не дека секој хороскоп е точен за сите, ама и тие што веруваат и тие што не веруваат, треба да признаат дека ги имаат барем главните карактеристики на нивниот знак.
Наталната карта, пак е нешто многу попрецизно и порелевантно, според мене, ако знае некој да ја протолкува. Јас не мислам дека наталната е гатање, баба Ванѓа или дека ја одредува судбината, туку дека само ги кажува можностите, аспектите и поволностите или предупредувањата во вашите животни полиња.
Наталната не може да ви каже дека сигурно ќе се вработите или заљубите точно во јуни 2015, ама може да ви каже дека тогаш имате шанса, која од вас зависи дали ќе ја искористите.
Во однос на сето тоа, ме интересираат и ваши мислења, колку верувате, зошто да, зошто не, дали сте направиле или сакате да направите и кој астролог би го препорачале?