Дали имате направено натална карта, колку верувате и кој астролог би го препорачале?

Glory

Истакнат Член
8 септември 2013
27
13
103
Хороскопот секогаш бил популарна тема на муабет и секогаш имало поделени мислења. Некои веруваат, некои не. Сепак астрологијата, тие што добро ја познаваат, ја сметаат за релевантна наука која може да открие многу работи за некоја личност. :) Е сега, не дека секој хороскоп е точен за сите, ама и тие што веруваат и тие што не веруваат, треба да признаат дека ги имаат барем главните карактеристики на нивниот знак. :cool:
Наталната карта, пак е нешто многу попрецизно и порелевантно, според мене, ако знае некој да ја протолкува. Јас не мислам дека наталната е гатање, баба Ванѓа или дека ја одредува судбината, туку дека само ги кажува можностите, аспектите и поволностите или предупредувањата во вашите животни полиња. (happy)
Наталната не може да ви каже дека сигурно ќе се вработите или заљубите точно во јуни 2015, ама може да ви каже дека тогаш имате шанса, која од вас зависи дали ќе ја искористите.

Во однос на сето тоа, ме интересираат и ваши мислења, колку верувате, зошто да, зошто не, дали сте направиле или сакате да направите и кој астролог би го препорачале?(wasntme)
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,466
1,185
1,133
не верувам многу во тоа дека картава нешто точно ќе ми предвиди и не би направил ваква карта
предвидувањата на иднината и сите тие слични работи ми изгледаат многу морничаво што е уште една причина зошто не би направил ваква карта
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,541
2,555
1,133
Хм. Не сум направил, а искрено би сакал да направам. Доаѓаше еден учител во Скопје од Кабала и правеше натални карти, но цената беше некои 150-180 евра и малку не ми се даваа така лесно толку пари, ама интересно е и можеби вреди. Не сум сигурен дали може да ти ја предвиди иднината, ама мислам дека збори за твојот претходен живот, од каде потекнуваат нашите проблеми кои ги имаме сега и така би ги нашле решенијата и би си олесниле за понатаму, но...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,752
2,574
1,683
Han Wavel
Да бе некоја си карта ќе ми каже кога имам можност да добијам пари. Какви глупости се ова, се повеќе и повеќе се забегува од нормалниот живот. Дури и карти правеле за да ја дознаат иднината.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,063
1,133
На мајка ми и брат ми им имаат правено натална карта и искрено многу нешта се поклопуваат. Јас сакам да ми направат, но жената која им ги изработи картите на мајка ми и на брат ми сега е во странство, а поради скапата цена на наталните карти не ми се оди кај било кој...
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,105
973
1,133
Јас би сакала да направам натална карта, но мислам дека никој не може да ви ја предвиди иднината, зошто ние сами си ја правиме да ни биде каква што ќе биде, во зависност од тоа шо го правиме секој ден. Наталната карта ќе ни помогне подобро да се запознаеме самите себеси преку карактеристиките на хороскопот и подзнакот и колкави ни се шансите да бидиме успешни, да не бидиме и слично. Не верувам дека астролог може да ви гарантира каква материјална состоба ќе имате. :)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,506
14,414
1,683
во светот на бајките
Имам направено натална уште пред 5год, ама ништо конкретно не ми беше кажано,сето тоа што ми го кажа го знаев и самата.