Дали Бог е незаинтересиран и бесчувствителен?

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
401
1,073
Eupen
Аи леле .. види го ти ѓаволот и у јаболко знаел да се претвара. Одам кај него утре да ме научи како да се претворам у улична сијалица.

Ами сеа јас така сфаќам. Не сум многу читала на таа тема. Ова си е мое лично мислење
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
43
www.oto-mk.net
Бог ги создал Адам и Ева и рекол размножувајте се. Да не каснала од јаболкото можеби денес не ќе сме рагале мачно, не ќе сме се срамеле од своето тело, ме ќе сме си завидувале еден на друг. Јаболкото е всушност ѓаволот. Злото. Противникот на доброто и бога. Тие кои сепак го љубат господ и не прават гревови и ги почитуваат десетте божји заповеди се праведни и сакани од бога. Секое дете од мало ако имало нормални родители е учено на добри манири, а негова е одлуката дали ќе му го сврте грбот на бога или ќе остане верен на неговата милост и немилост.
"Јаболкото" е сознанието за добро и зло, а не зло или ѓавол! Според библијата на Адам и Ева им било забрането сознанието за добро и зло и потоа биле казнети затоа што се здобиле со него, со способноста да чуствуваат вина, срам, страв.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
@FallenAngel , во Постанок или Берашит не се зборува за дрво јаболкница.
Никаде не е наведен „плодот“ на дрвото кое дава знаење со кое им се отвориле очите на ADM и HAVA во космогонијата на евреите !!!
Од каде овие идеи за „јаболко“?
Снежана?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
А што подразбирате под ``добро``? Што подразбирате под ``зло``?
Зарем е можно бог да ги казнува лугето затоа што е злобен?
Дали родителот го казнува своето дете од злоба? Дали уметникот прави измени на своето дело од злоба? Од злоба ли дрвото ги отфрла своите лисја и ги остава да изгнијат кога ке падне снег?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Abraxas

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
401
1,073
Eupen
@FallenAngel , во Постанок или Берашит не се зборува за дрво јаболкница.
Никаде не е наведен „плодот“ на дрвото кое дава знаење со кое им се отвориле очите на ADM и HAVA во космогонијата на евреите !!!
Од каде овие идеи за „јаболко“?
Снежана?

Извинете. Не сум многу упатена во овие детални информации.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Извинете. Не сум многу упатена во овие детални информации.
Кога се работи за вера и за спасување на душата преку истата, треба да се упатите многу добро и во својата религија, но уште повеќе во учењата на разните еретички учења кои постојат во однос на сопствената вера :)
Трнлив пат за „спасување“ на една душа... така велат, а верникот мора да верува дека е така.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,401
5,901
1,683
Disco
А што подразбирате под ``добро``? Што подразбирате под ``зло``?
Зарем е можно бог да ги казнува лугето затоа што е злобен?
Дали родителот го казнува своето дете од злоба? Дали уметникот прави измени на своето дело од злоба? Од злоба ли дрвото ги отфрла своите лисја и ги остава да изгнијат кога ке падне снег?

Ако не се лажам, во цунамито од 2004 настрадаа 297.000 луѓе а десетици милиони останаа без домови, на улица, по избеглички кампови... дали направија колективен грев кој морал да биде санкциониран или тоа рандом, онака, за пример ги казнил...

Каков грев направиле милиони деца кои умираат од глад и ретро болештини секоја година? Шо знам, за да мало детенце умре во агонија предизвикана од глад или од маларија мора да направило некој неверојатен грев... или тоа се само млади лисја кои снажниот ветер ги дувнал?
Каков погубен грев направиле деца кои умираат во сопствени фекалии и повраќаници (колера)?

Со векови е стара теолошката и логичката дилема околу тоа како може да постои зло во свет создаден од Бог кој е добар...... и најголемите рисјански умови фејлнале мизерно во обидот да ја помират оваа непомирлива контрадикција. Штета што некои од компилаторите на библијата биле со креативност на конзервирана сардина...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Abraxas

Никој нив не ги казнува, а најмалку бог. Не се работи за тоа дали направиле грев или не. Гревови не постојат, тоа е една голема човечка измислица создадена со цел да ги управува лугето, нели одсекогаш постојат тие што управуваат и тие што се упрвувани, а благодарение на најголемата манипулација наречена грев тоа лесно се постигнува, без никаква мака. Е, во природата го нема тој процес. Тука се е едноставно и се се случува од едноставни причини (па нели нештата не исчезнуваат само се претвараат од еден вид во друг и тоа не важи само за енергијата туку и за материјата) или на друг начин кажано за едно нешто да се создаде прво мора нешто да биде уништено, во спротивно ке нема движење, кругот ке се затвори и повторно ке бидеме ништо.

Никој не би можел да разбере зошто. Човекот не е доволно моќен за да ја согледа големата слика од високо, човекот едвај гледа и пред својот нос и не би требало да го обвинува бог за својата несреќа.
Нема да зборувам за ниту еден измислен бог од било која религија бидејки и за нив го имам истото мислење како и за гревот, всушност тоа е едно исто...
Ке зборувам за оној ``бог`` кој не создал, кој и да е, што и да е... тој кој со својата интелегенција и љубов го создал универзумот и нас лугето како дел од него и освен сета таа разнолична, обоена, восхитувачки убава материја, вдахнал дух за да ја придвижи истата и оставил и дел од себе во сето тоа со цел и неговото дело да создава дела... наречете го како сакате сеедно... Тој ``бог`` неможе да биде неправеден, да мрази, да казнува. Дури и сите тие примери кои ги наведуваш да се негово дело, не би можеле да имаат злоба за основа.
 
balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Ако не се лажам, во цунамито од 2004 настрадаа 297.000 луѓе а десетици милиони останаа без домови, на улица, по избеглички кампови... дали направија колективен грев кој морал да биде санкциониран или тоа рандом, онака, за пример ги казнил...

Каков грев направиле милиони деца кои умираат од глад и ретро болештини секоја година? Шо знам, за да мало детенце умре во агонија предизвикана од глад или од маларија мора да направило некој неверојатен грев... или тоа се само млади лисја кои снажниот ветер ги дувнал?
Каков погубен грев направиле деца кои умираат во сопствени фекалии и повраќаници (колера)?

Со векови е стара теолошката и логичката дилема околу тоа како може да постои зло во свет создаден од Бог кој е добар...... и најголемите рисјански умови фејлнале мизерно во обидот да ја помират оваа непомирлива контрадикција. Штета што некои од компилаторите на библијата биле со креативност на конзервирана сардина...
Бог никогаш немал намера човештвото да страда од природни катастрофи. Тој сака луѓето да живеат засекогаш во мир на Земјата.Денес Бог не ги предизвикува природните катастрофи за да го казни човештвото. Како Бог на правдата, никогаш ‚не би го погубил праведниот заедно со злиот‘ (1. Мојсеева 18:23, 25). Тој ги штител оние што му биле послушни. Денешните природни катастрофи не ги бираат жртвите.Таквите непредвидени настани не се во склад со Божјата личност. Во Јаков 1:13 пишува дека Бог не ги искушува луѓето со зло, а 1. Јованово 4:8 многу јасно и едноставно ни кажува каков е Бог: „Бог е љубов“. Тој никогаш не може да биде одговорен за страдањата на невини луѓе предизвикани од случајни бури, земјотреси и други катастрофи.

Понекогаш едно размислувам-Зошто мораше Исус да умре,нели можеше Бог таткото негов да најде друго решение,и зошто го прати на земјата каде луѓето ги создал да имаат слободна воља и размислување.
Прво, со тоа што останал верен, Исус ја докажал својата беспрекорност и потврдил дека само Бог има право да владее. Сети се, Сатана изнел лажно обвинение дека луѓето му служат на Бог само од себични причини (Јов 2:1-5). Со тоа што останал верен „сѐ до смртта... на маченички столб“, Исус дал непобитен одговор на ова неосновано обвинение од Сатана (Филипјаните 2:8; Изреки 27:11). Второ, со страдањето и смртта на Месијата требало да се платат гревовите на луѓето (Исаија 53:5, 10; Даниел 9:24).Исус го дал „својот живот како откупнина за мнозина“, и на тој начин ни овозможил да станеме пријатели со Бог (Матеј 20:28). Трето, со тоа што поднел секакви неволји и страдања, Исус бил „испитан како и ние“, во сѐ. Затоа е сочувствителен првосвештеник, кој може да „сочувствува со нас во нашите слабости
 
Последна промена од модератор:

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Зарем ти би жртвувала свое дете?Бог не створил да бидеме слободоумни,тогаш зошто такви и не не оставил,туку своето дете го ставил на маки и навредување,а пак не добил Ништо,сега сме повеке нелуѓе.