Дали Бог е незаинтересиран и бесчувствителен? | Црнобело Форум

Дали Бог е незаинтересиран и бесчувствителен?

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,334
1,964
1,133
Не би рекла дека Бог е незаинтересиран и бесчувствителен, ама верувам дека си има свои начини и причини како да се одвиваат и какви да бидат нештата...
Се` му препишуваме на Бог...а никогаш не сме се запрашале каде сме ние тука...
Зошто е Бог одговорен за војните или за гладувањата или за искреираните болести кои направиле `поснопица` со луѓето...
Да не бидам сфатена погрешно и јас сум му се налутила на Бога...многу често...
Дури и тоа му го кажувам во молитвите...
Дека му се лутам, за многу работи му се лутам...
Ама тоа не значи дека се откажувам и престанувам да верувам во него...
Некои работи зависат од нас и треба да се потрудиме...
Некои пак, скроз не зависат од нас, па може да му ги препишиме на Бога...
Ама верувам дека секој во одреден момент му се налутил на Господ (дали заради загуба на близок, болест и сл)...
Ама јас сакам да верувам дека се` е со причина, дека се` е дел од еден поголем и поширок план, кој нам ни` е тешко да го разбереме и прифатиме...
Не сум од оние верници кои одат по цркви редовно, кои ги прават сите матании, постат, се причестуваат итн. Одам одвреме навреме, си ги славам празниците онака како што не` научиле предците...
Не...Јас само верувам во Бога, во една виша сила, на свој начин...
Сметам дека е најважно од се` е да си добар човек, да имаш добро срце, делата да ти бидат совесни и разумни и мислам дека тое е поважно од лажното клањање пред икони и олтари...