Губење сопствен идентитет во врската

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Дали некогаш ви се има случено да го загубите својот идентитет во врска?
Да се претопите во тоа што вашиот партнер сака да бидете?
Неговите/нејзините соништа и цели да станат ваши?
Како еден вид на асимилација.
Губењето на сопственото јас?

Или пак ви се има случено во врската да го зацврстите своето јас?
Целите, соништата и очекувањата да станат заеднички?
Едноставно да се надополнувате со својот партнер/ка?

(ако има слична или иста тема, спојте или канта)
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,411
1,103
.. да ми се има десено(првото) истово напишано... како да ми влегол некој у глава и ми ги зел размислувањата за оваа тема и ги пишал. Прашања на кои не најдов одговор... уствари не го сакав одговорот затоа што беше премногу болен... значеше признавање дека сум се изгубила самата . Од голема љубов..или можеби беше преголема желба да биде голема љубов..заборавив на љубовта кон самата себе. Се заборавив себе. Не беше вина на партнерот...едноставно јас премногу сакав да постоиме НИЕ...а по пат се изгубив ЈАС.

Среќа на време ми се појави онаа депресија.. ѕвонче во главата што ми рече ОЛЕ, а што е со тоа што ти го сакаш?.. најсеризоно кажувам дека се расплакав ко мало дете кога во огледало се запрашав дали сум Јас како Јас единка, навистина среќна?... по долг разговор со мојата баба сфатив дека да се биде себичен понекогаш не е грев. Разговарав со партнерот и му соопштив дека ако сака да продолжиме.. тоа мора да биде полека, и дури како се од почеток. Така и се случи. Тоа беше отприлика на почетокот на врската, па добро е што се се среди.. бидејќи и ден денеска сме заедно, среќни.
Мислам дека тоа беше резултат на тоа што бев повредена пред него, и итав кон совршена љубов како да треба со сила да ја создавам..јас се сменив, а он беше трпелив.
Сега моето јас се зголемува, целите и соништата гледаме да се во иста насока секако доколку тоа двајцата го посакуваме, и едноставно се надополнуваме.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Мене ми се има случено второто. Бидејќи сум постарата во врската (иако тоа не е пресудно), имам повеќе прилики за да го научам него нешто. Така е пред се, зошто многу дрндам. :giggle Секако дека учењето е обострано, но еве на пример, кога станува збор за филмови, серии, книги, уметност, и други слични работи со кои јас сум опседната, на еден вид, така си го зацврстувам сопственото јас.

Покрај тоа, секојдневно си се надополнуваме со партнерот, со премногу посветеност, грижа и љубов. Воедно, имаме слични цели и заеднички соништа и очекувања. И двајцата се гледаме во иднина заедно во брак, со деца. И двајцата се гледаме со слична, па и иста заедничка работа. И двајцата целиме за живот во странство, иако на различни локации.

Се на се, и двајцата си ги зацврстуваме сопствените јас и не би можела да замислам да биде поинаку.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,997
9,629
1,683
Normandy
Знаеш како викаат, You can change fate but not the little things.
Така и за ова. Да, човекот менува навики, се стекнува со лоши/добри особини, но има нешто што е стекнато уште од младоста и останува за век и векови. Може да се рече дека е начинот на размислување, решавање на прашањата што не` мачат.
Сум бил директен сведок на тоа како човекот се менува поради влегување во врска. Да не речам дека сум се стекнал со убави навики (навлегување подлабоко во хобито наречено читање книги, пишување проза). Истотака чест проблем е после таа врска навикнат човекот да биде во пар, го трача времето барајќи некаква си утеха/занимација. Така да не може да се рече дека човекот останал ист пред, за време и по излегување од врска. Сепак тоа се турбуленции од висок степен.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,063
1,133
Многу е тешко во една подолга врска да се зачува сопствениот идентитет...
Чекај малку... што е тоа сопствен идентитет?
Сопствениот идентитет е реален? ...или можеби непроменлив, постојан...???
Ако ја промениме професијата го менуваме ли со тоа сопствениот идентитет? Ако го промениме стилот на облекување...?
 
  • Like
Реакции: Outrider and Lena

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
999
606
423
Ohrid
па ми се има случено и првото и воторот
обично првото ми се има случено кога бев заљубен во неа до ѕвезди потсвесно и несвесно почнувава да мислам како неа али се додека бевме заедно после прекинот, си се враќаш сам во нормала во колосека каков што си бил порано.
а во однос на второто поучен од првото сакај со ум ама не и со срце имало моменти каде девојктаа прифајќа некои мои особини.
нешто и авторот да кажеше за себе ;) сепак адет е секој кој прави нова тема и да се отвори :sreken
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Незнам дали го изгубив својот идентитет или едноставно созреав па некои работи ги гледам на многу поинаков начин. ИЛИ пак нејзината личност беше толку силно па ме натера да ги гледам работите на поинаков начин без јас да сум свесен на тоа.
Битно... Овој човек што сум сега, и човекот од пред 8 години... се тотално ДВЕ различни прикаски...
Ако пред 8 години јас бев несигурниот, оној кој често се препушташе на судбината и се откажуваше и паѓаше често во „депресии“. Денес сум се’ обратно од тоа.
Ако пред 8 години знаев да бидам по малку љубоморен и конзервативен во своите сфаќања, денес можам да кажам дека љубомората речиси ја нема ( научив да бидам сигурен во себе, а на тој начин и љубомората исчезнува) и научив дека светот околу мене не може да се одвива по мои желби и концепти па ги прифаќам сите сфаќања :)
Што значи... највероватно го изгубив сопствениот идентитет.
... Всушност јас сепак би го нарекол тоа МОДИФИЦИРАЊЕ на мојот стар идентитет :)
 
  • Like
Реакции: Lena and malo

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
789
1,103
Во различна врска различни лекции научени. Во предходната не дека го изгубив индентитетот , но ми помогна да осознаам каква личност сум и каква несакам да бидам, дека со другата половина немаме толку заеднички ставови како што очекував, но и сфатив дека не сум кревка за друг да ми ги наметне неговите. Затоа во наредната веќе знаев што сакам и накај сакав да целам. Запознав личност која ме турка нагоре не надолу и која заедно славиме успеси, и баш таа поддршка и внимание ми докажала дека сме тргнати кон исти патишта.
 
  • Like
Реакции: Loner and Redhead

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Ми се има случено, првото. За среќа излегов од таа беда. Не бев ни долго, зошто не можев да трпам. Љубомора и наметнување на идеи, размислувања, гледиште за животот не трпам. Посебно кога има 3-ти лица во врската. Додека можев трпев, но толку било.
А второто го имам сега. Одиме напред заедно. Мислев дека сме тоолку различни, но честопати еден ист збор кажуваме истовремено...Мислиме само на убавото, на нас, на иднината... Конечно сум своја, онаква каква што сум била, онаква каква што сакам да бидам. Без никој да ме управува.
 
  • Like
Реакции: Outrider