Грчка митологија

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Грците се единствен антички народ кој не се плашел со фина и директна иронија да покажат дека боговите ги создале луѓето, а не обратно и дека боговите постојат за луѓето, а не луѓето за боговите. Сега ќе ги спомнам позначајните грчки богови.

Зевс (старогрчки: Ζεύς) бил врховен бог, исто така познат како Диас (грчки: Δίας), и бог на молњата.
Хера (старогрчки: Ἥρα), сопругата на Зевс, била врховна божица и божица на бракот.
Артемида (старогрчки: Ἄρτεμις), божица на ловот.
Атена (старогрчки: Ἀθηνᾶ) била божица на мудроста.
Афродита (старогрчки: Ἀφροδίτη) била божица на убавината.
Арес (старогрчки: ῎Αρης) бил бог на војната. Тој бил најстариот син на Зевс и Хера. Најчесто е опишуван како многу силен. Аресов пандан во римската митологија е Марс. Неговото име во превод од грчки значи „уништување“, што го прикажува него како „уништувач“.
Аполон (старогрчки: Απόλλων) бил бог на сонцето и музиката.
Демитра (старогрчки: Δημήτηρ) била божица на земјоделството.
Дионис (старогрчки: Διώνυσος или Διόνυσος) бил бог на виното.
Посејдон (старогрчки: Ποσειδῶν) бил бог на морето.
Хад (старогрчки: ᾍδης) бил бог на подземниот свет.
Хермес (старогрчки: Ἑρμῆς) бил бог на уметноста, трговијата и литературата.Тој исто така бил и гласник на боговите.
Хестија (старогрчки: Ἑστία) била божица на срцето во старогрчката митологија.
Хефест (старогрчки: Ἥφαιστος) бил бог на ковачката вештина во старогрчката митологија.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Зевс
220px-Jupiter_Smyrna_Louvre_Ma13.jpg

Jupiter de Smyrne, откриена во Смирна во 1680
Крал на боговите

Бог на Небото и Громот

Дом - Олимп

Симбол - Гром, орел, вол и даб

Придружник - Хера

Родители - Крон и Риа

Браќа и сестри - Посејдон, Хад, Деметра, Хестија, Хера

Деца - Арес, Атена, Аполон, Артемида, Афродита, Дионис, Хеба, Хермес, Херкул, Елена од Троја, Хефест, Персеј, Минос, Музите

Планина - Олимп

Римски еквивалент - Јупитер

Во грчката митологија, Зевс е крал на боговите, владетел на планината Олимп и бог на небото и громот. Негови симболи се громот, орелот, волот и дабот. Поради неговото индо-европско наследство,доведува до одредени иконографски особини од културите на Древниот Близок Исток, како на пример жезлото. Зевс е често прикажуван од грчки уметници во една од двете пози: стоејќи, исчекорено нанапред, со гром во неговата подигната десна рака или седнат на престол. Зевс бил дете на Крон и Риа, а и бил најмлад од своите браќа и сестри. Во повеќето традиции тој е оженет со Хера, иако, кај пророкот на Додон, негова придружничка е Диона: според Илијада, Афродита е негова ќерка од Диона. Познат е по своите еротски лудории. Ова се резултирало во многу боженствени и херојски потомци, вклучувајќи ги Атена, Аполон и Артемида, Хермес, Персефона (од Деметра), Дионис, Персеј, Херакле, Елена од Троја, Минос и Музите (од Мнемосина); што се однесува до деца кои ги имал со Хера, најчесто се вбројуваат Арес, Хеба и Хефест. На грчки, името на богот е Ζεύς Zeús /zdeús/ или /dzeús/ (на модерно грчки /'zefs/) во номинатив и Διός Diós во генитив. Негов римски еквивалент бил Јупитер, а етрурски, Тиниј. Во хинду митологијата негов еквивалент е богот Индра, со оружје слично на громот, кое тој можел да го држи како стап.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Хад
Хад (или Ад) (старогрчки: ᾍδης) бил бог на подземниот свет во старогрчката митологија, син на титанот Крон и Реа. Негова сопруга била Персефона. Заедно со браќата Зевс и Посејдон го сочинувал тројството на најголеми грчки богови. Кога браќата му го одзеле тронот на таткото Хрон, ја поделиле власта. На Зевс му припаднала власта над небото и земјата. Посејдон ја добил власта над морето, а Хад станал владатер на подземниот свет. Негов еквивалент во римската митологија е богот Плутон.
Хад, Ад или Плутон, син на Крон и Реа, е господар на подземниот мртов свет, строг, неуморлив бог, непријател на секој живот и затоа ги мрази боговите и луѓето, од неговите ужасни пустоши нема враќање.
До него стои неговата чесна жена Персефона, ќерка на Зевс и Деметра, озбилна и строга како и нејзиниот маж со кој ја дели власта во царството на мртвите. Подземниот свет припаѓа уште и на: Танат (смрт), неговиот брат близнак Хипно (сон), потоа Ерние, грозните ќерќи на Ноќта ( трите Ернии: Алекта, Тизифона и Мегара, или само Хеката). Треба да се спомене и тиглавото куче Кербер, со змиска коса, чувар на подземниот свет. Овчарот Менетиј, кој ги пасе стадата на Хад. Возачот на сплавот Харон, кој ги пренесува душите на покојните преку езерото или реката Ахерона (реката на воздишките).
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Грците се единствен антички народ кој не се плашел со фина и директна иронија да покажат дека боговите ги создале луѓето, а не обратно и дека боговите постојат за луѓето, а не луѓето за боговите. Сега ќе ги спомнам позначајните грчки богови.
Ме интересира по што го заклучи ова?
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Ме интересира по што го заклучи ова?
Верници биле на многу божества,со точно опишан почеток на создавање на светот,а со тоа и создавање на човекот.
Верник без да го прифати тоа не би бил верник.
Многу слично е со денешното христијанство во битие со почетокот на создавањето,само што таа поделеност од небо и земја и понатака со ,мориња,растенија и човек,во грчката митологија е поистоветена со богови и полубогови.
Како тогаш така и сега,било кој христијанин - верник да прашаш ,бог го создава човекот,а не обратно.:kafe
Што те буни?
 
Точно, но што го опишуваш не важи само за грчката митологија, напротив, тука се нордиската, египетската, римската(панданот на грчката), за нашата - словенската.
Сите многубошци верувале дека кога сакаат можат да го предизвикаат богот да дејствува во нивна полза или против...
Всушност, додека денешните му се молат „аман Боже поможи“ многубошците ќе запалеле огин, ќе избереле најубавата девојка девица во племето, ќе ја соголеле и ќе му ја жртвувале(ако божеството сакало таква жртва)...и со тоа МУ НАРЕДУВАЛЕ, а не го молеле...
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
^Не баш наредувале. Ритуалите биле одржувани од неколку причини: за да се избегне гневот на боговите, за да се задоволи одреден бог, да се изрази благодарност на богот, да замолат за услуга и сл. Не наредувале многу со жртвувањето туку тие жртвувале и очекувале дека боговите ќе им бидат од полза, ама ако не им ги исполнеле молитвите сметале дека со нешто многу го имаат навредено богот во чие име приносувале жртви.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
^Не баш наредувале. Ритуалите биле одржувани од неколку причини: за да се избегне гневот на боговите, за да се задоволи одреден бог, да се изрази благодарност на богот, да замолат за услуга и сл. Не наредувале многу со жртвувањето туку тие жртвувале и очекувале дека боговите ќе им бидат од полза, ама ако не им ги исполнеле молитвите сметале дека со нешто многу го имаат навредено богот во чие име приносувале жртви.
Наредувале.
Додека вртеле околу огинот запален на денешен Бадник, вака викале „Ајде сега сонце на небеса изгреј посилно, запали небо, згреј земја“. Што е многу различно од тоа „Пријдете да се поклониме и да паднеме пред Христа. спаси нѐ Сине Божји, кој си прекрасен во Светиите, кој воскресна од мртвите, нас кои ти пееме Алилуја.“
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Епа така де, ама тоа не е наредување од причина што за да наредуваш треба да си погоре од тоа нешто, во овој случај би требало луѓето да се над боговите. Ако е така како што ти викаш тогаш ако пример му наредат на Еол да дувне ветер, а не дувне воопшто би требало да го казнат некако Еол затоа што не пуштил ветер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Епа така де, ама тоа не е наредување од причина што за да наредуваш треба да си погоре од тоа нешто, во овој случај би требало луѓето да се над боговите. Ако е така како што ти викаш тогаш ако пример му наредат на Еол да дувне ветер, а не дувне воопшто би требало да го казнат некако Еол затоа што не пуштил ветер.
Баш така! :)
Луѓето не се чувствувале дека се надмоќни, далеку од тоа, но во нивната бинарна логика постоело верувањето дека кога нешто даваш, веднаш мораш да примиш нешто за возврат. И да, многу знаеле да се лутат ако не добијат за возврат тоа што барале. Не за џабе Хомер го запишал гневот на Ахил што веднаш не му помогнал Зевс да изгубат Тројанците... дури запишани се доолги страници проколнување наменето за Зевс...
Контра аргумент на ова може да биде тоа што Хомерче си дозволил да ги направи боговите со повеќе човечки особини од тоа што навистина имале...но ако го земеме предвид тврдењето дека Хомер е „народен пејач“...тогаш може тоа да биде аргумент дека да, луѓето така ги гледале своите богови.