Службено име: Elliniki Dimokratia (Република Грција)
Државно уредување: Парламентарна република
Површина: 131.957 км2
Број на жители (2003): 11.001.000
Главен град: Атина
Службен јазик: грчки
Парична единица: евро
Грција, историски Ἑλλάς, е земја во југоисточна Европа на јужниот крај на Балканскиот Полуостров. Има копнени граници со Бугарија, Македонија и Албанија на север, и со Турција на исток. Грција граничи на исток со водите наЕгејското Море, на запад Јонското Море и на југ со Средоземното Море. И двата дела на источниот средоземноморски басен имаат голем број на острови.
Грција се наоѓа на крстопатот на Европа, Азија и Африка и претставува родното место на демократијата, европската философија,Олимписките Игри, европската литература и историографијата, политичките науки, големи научни и математички принципи, како и европската драма (вклучувајќи ги тука и трагедијата и комедијата). Според некои, Грција е наследничка на Античка Грција и на Византија.
По неколкувековен подем на античките градови-држави, странските освојувања на територијата на Грција не ги спречиле грчкиот јазик да опстане и како дел од тоа што денес во светот се нарекува византиско наследство. Ова траело сѐ до потпаѓањето под отоманска власт, кој генерално се смета за период на културна стагнација. Современата грчка држава е формирана на почетокот на 19 век, по ослободувањето од Турците.
Грција е развиена држава, членка на Европската Унија од 1981, членка на Економската и Монетарна Унија на Европската Унија од 2001,НАТО од 1952, ОЕСР од 1961, ЗЕУ од 1995 и ЕВА од 2005. Атина е главниот град; Солун, Патра, Ираклион, Лариса, Волос, Јанина,Кавала, Родос и Сер се неколку од другите поголеми градови во државата.
Налик на трозабецот кој го држел богот Посејдон, овој исклучително убав полуостров како да налегнал врз површината на Егејското море. Полуостровот Халкидики се протега југоисточно од Солун и заливот Термаикос. Со своите три краци: Касандра, Ситонија и Атос кои длабоко навлегуваат во Егејското море, формирал преку петстотини километри долги и песочни плажи. Прекрасната хармонија на синото море, обиколена со песочните плажи и бујното зеленило, допирајќи се со непрегледната небесна шир дава впечаток на своевиден рај на земјата. Веројатно оваа природна убавина и ги иницирала монасите во минатото, токму тука – на третиот крак, да ја формираат својата монашка држава - Света гора.
ПОЛИТИКА И ВРЕЃАЊЕ ВО ТЕМАВА СТРОГО ЗАБРАНЕТО !!!!