Грција

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Службено име: Elliniki Dimokratia (Република Грција)
Државно уредување: Парламентарна република
Површина: 131.957 км2
Број на жители (2003): 11.001.000
Главен град: Атина
Службен јазик: грчки
Парична единица: евро

Грција, историски Ἑλλάς, е земја во југоисточна Европа на јужниот крај на Балканскиот Полуостров. Има копнени граници со Бугарија, Македонија и Албанија на север, и со Турција на исток. Грција граничи на исток со водите наЕгејското Море, на запад Јонското Море и на југ со Средоземното Море. И двата дела на источниот средоземноморски басен имаат голем број на острови.
Грција се наоѓа на крстопатот на Европа, Азија и Африка и претставува родното место на демократијата, европската философија,Олимписките Игри, европската литература и историографијата, политичките науки, големи научни и математички принципи, како и европската драма (вклучувајќи ги тука и трагедијата и комедијата). Според некои, Грција е наследничка на Античка Грција и на Византија.
По неколкувековен подем на античките градови-држави, странските освојувања на територијата на Грција не ги спречиле грчкиот јазик да опстане и како дел од тоа што денес во светот се нарекува византиско наследство. Ова траело сѐ до потпаѓањето под отоманска власт, кој генерално се смета за период на културна стагнација. Современата грчка држава е формирана на почетокот на 19 век, по ослободувањето од Турците.
Грција е развиена држава, членка на Европската Унија од 1981, членка на Економската и Монетарна Унија на Европската Унија од 2001,НАТО од 1952, ОЕСР од 1961, ЗЕУ од 1995 и ЕВА од 2005. Атина е главниот град; Солун, Патра, Ираклион, Лариса, Волос, Јанина,Кавала, Родос и Сер се неколку од другите поголеми градови во државата.


greece-maps.gifgreekflag.jpg

Налик на трозабецот кој го држел богот Посејдон, овој исклучително убав полуостров како да налегнал врз површината на Егејското море. Полуостровот Халкидики се протега југоисточно од Солун и заливот Термаикос. Со своите три краци: Касандра, Ситонија и Атос кои длабоко навлегуваат во Егејското море, формирал преку петстотини километри долги и песочни плажи. Прекрасната хармонија на синото море, обиколена со песочните плажи и бујното зеленило, допирајќи се со непрегледната небесна шир дава впечаток на своевиден рај на земјата. Веројатно оваа природна убавина и ги иницирала монасите во минатото, токму тука – на третиот крак, да ја формираат својата монашка држава - Света гора.
halkidiki.gif

ПОЛИТИКА И ВРЕЃАЊЕ ВО ТЕМАВА СТРОГО ЗАБРАНЕТО !!!!
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
добро шо е финтата со темиве за државите...
дечки иам една молба до сите
глупо е политички да се делиме на форумот пошто стварно е безвеза
ако сакате за Грците нешто да кажете како ( споменици,историја,митологија што ја имаат ) и така нешто океј е
а иначе на вој начин стварно е глупо и безвеза
не дека политички се делам или шо ти знам шо само не сакам да има политики тука на форумот :);)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
atina-1.jpg
mndk_sky_by_mndkm-d51664q_large.jpg
atina_turu_seker_bayrami_ozel_btur_5474583750.jpg
ATINA_yunanista.jpg
509.jpg
santorini_overview.jpg
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Преименујте гу у Грција - природни убавини. Овакој .. провоцира :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
ЗАКИНТОС – уште еден бисер на Јонското море. Старогрчките богови Артемида и Аполон ова острово го одбрале за одмор, поради благата клима , идиличните пејсажи, прекрасните песочни плажи, длабокото и сино море и магичните зајдисонца. Поради сево ова и Вие ќе го засакате Закинтос, а ќе Ви се допадне и поради гостопримливоста на домаќините и богатото културно историско наследство. Закинтос е најјужниот остров и трет по големина на Јонското море, со површина од 400км2 со приближно 35,000 жители. Островот името го добил по синот на тројанскиот крал Дардан. Познат е и како еден од најсончевите острови во Грција со блага клима, прекрасни борови шуми, идилични и скриени заливи, прекрасни туристички места со богата и разновидна понуда. Островот е и најголем природен резерват на Медитеранот, каде што морските желки Caretta – Caretta на песочните плажи на југот на Закинтос ги положуваат своите јаца. За да се заштитат нивните легла и нивниот опстанок , оваа област е прва во Грција која станала национален приморски парк.

getimage.jpgionian_zakynthos_island_map_small.jpgmapA4.jpgzakynthos_4-Greece.jpgZakynthos_I-04.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија

Покрај Санторини и Крит, Миконос е најпопуларниот, но и најскап грчки остров. Се наоѓа на средината на Егејското море, припаѓа на групата острови Киклада, а од Атина е оддалечен шест часа, односно 40 минути со авион… Се наоѓа помеѓу островите Тинос, Сирос, Парос и Наксос. Има премногу плажи кои најчесто се преполни, за време на „ сезоната “ е преполн со туристи и најчесто сместување во овој период е тешко да се најде…но сепак вреди да се посети…
1-139.jpg

Иако и рестораните се поскапи од остатокот од Грција, квалитетната храна, брилијантната клима и посебноста на ова место вредат… Често, Миконос се споредува и со Ибица. За некои, ова е рајот на земјата, за други, европската Содома и Гомора. Миконос е островот кој што никогаш не „ спие “. Журките, пабовите и клубовите овде имаат примат, повеќето туристи не се будат пред попладне, а гласната музика се слуша до раните утрински часови.
1-317.jpg

Миконос е остров кој Боговите го создале за хедонистите…
Пронајдете се и Вие !!!
1-418.jpg

1-514-660x438.jpg

1-613-660x495.jpg

1-720-660x434.jpg

1-1013-660x495.jpg

13103-660x495.jpg

1449-660x438.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Една од најубавите и најпримамливи дестинации за одмор, е грчкиот остров Скијатос. Местото со преубави шуми, песочни плажи и бујна вегетација…
Островот е сместен во Егејското море на северозапад и се протега со должина од 12 и ширина од 6 километри. Тоа го прави поволен и атрактивен за обиколка. Инаку спаѓа во групата острови Спорада, која ја сочинуваат 4 преубави острови. Доста е динамичен и посетен за време на Јули и Август…
1-137.jpg

Поради неговата популарност, во последните години се забележува пораст на бројот на туристи, а со тоа се менува и самиот концепт на островот… Сé поголем е бројот на модерни хотели, апартмани, ресторани и таверни кои се протегаат на брегот. Главниот град на островот, го носи истото име, Скијатос. Во него се наоѓаат две пристаништа, покрај кои се сместени разни кафулиња, продавници, пешачки зони и сите содржини потребни за еден совршен одмор.
Јужната страна на островот е позната по преубавите плажи со кристално чиста боја на море. Локалните жители истакнуваат дека можеби најдобар период за посета на ова место е Септември, кога бројот на туристи е значително помал…
Ако сеуште немате одлучено која ќе биде Вашата летна дестинација…Овој остров е идеална можност за да донесете одлука… Токму сега !!!
1-216.jpg

1-314.jpg

1-414-660x439.jpg

1-511.jpg

1-610.jpg

1-716.jpg

1-815.jpg

1-1011.jpg

1-1113.jpg

1-1212.jpg



Еве го рајот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mitre na Lenka

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
halkidiki_satelite_google_e.jpg
Налик на трозабецот кој го држел богот Посејдон, овој исклучително убав полуостров како да налегнал врз површината на Егејското море. Полуостровот Халкидики се протега југоисточно од Солун и заливот Термаикос. Со своите три краци: Касандра, Ситонија и Атос кои длабоко навлегуваат во Егејското море, формирал преку петстотини километри долги и песочни плажи. Прекрасната хармонија на синото море, обиколена со песочните плажи и бујното зеленило, допирајќи се со непрегледната небесна шир дава впечаток на своевиден рај на земјата. Веројатно оваа природна убавина и ги иницирала монасите во минатото, токму тука – на третиот крак, да ја формираат својата монашка држава - Света гора.
Petralona_cave_510.jpg
Многуте туристички места и хотелски објекти, кои како бисери се нижат покрај брегот на Халкидики, го вбројуваат овој туристички регион како еден од најпосетените во Грција. Првиот негов крак - Касандра, специфичен со својот благ рељеф и исклучително зелаената вегетација, не случајно се издвојува како посебен и привлечен за најголемиот број туристи. Пештерата PetralonaКако една од најважните пештери во поглед на Палеонтологијата, Петралона го покажува примерот за тоа како човекот живеел уште пред 700.000 години. Во 1960 година најстариот човечки скелет бил пронајден токму во оваа пештера. Најспектакуларно откритие сепак претставувале трагите од оган, кои датираат од пред околу милион години кои се воедно најстарите траги од оган, некогаш пронајдени. Ке можете да ги видите и прекрасните форми на сталактити и сталагмити кои изгледаат како да се правени од врвни архитекти и декорирани со вистинска уметност.
mount-athos-3.jpg
Крстарење покрај Athos (Света Гора) На третиот крак наречен Атос, а многу повеќе познат како “Света Гора”, ќе имате можност да ја видите единствената автономна, православна и монашка држава во светот. Оваа држава е оформена во 885 година и наречена “Црква Басил”, но дури после 80 години откако првиот манастир бил изграден токму на овој крак. Иако таму влезот за жените е строго забранет, а за мажите е под посебен визен режим, крстарењето ќе ви овозможи сепак донекаде ја почувствувате сета мистика на таинствената Света Гора. Единствениот начин да ги откриете добро чуваните тајни, е крстарењето покрај кракот на дозволените 500 метри оддалеченост. На ова крстарење ќе почувствувате неверојатен мир и спокој, кој произлегува од чистотата, светоста и тишината на самата околина. Остовото Amouliani
halkidiki_amouliani.jpg
Од пристаништето Tripiti кое се наоѓа на третиот крак, од внатрешната страна спрема кракот Sitonia, можете да се префрлите на единствениот населен остров во водите на Халкидики - островчето Amouliani. Истоименото рибарско село на островчето, кое ве очекува уште со самото пристигнување на траектот, веднаш ќе го окупира вашето внимание. Убавите куќи, цветни тераси, ресторани и таверни од кои допираат пријатни мириси на локални морски специјалитети, ве мотивираат да седнете под нивните сенки. На спротивната страна од Амоулијани на оддалеченост од неколку километри се наоѓа една од најчистите и најубави плажи во овој регион. За морето, тоа го потврдуваат делфините кои ги има во околните води.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mitre na Lenka

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Лефкада е еден од најубавите грчки острови таа се наоѓа на Јонско Море еве неколку слики од прекрасниот грчки остров
Lefkada.jpg

lefkada2.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars and Gemini