Групен менталитет (Mob mentality)

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Инспирирана од Derren Brown.
(Eкспериментот трае од 7:00 до крај на клипчето) Знам дека баеги е долго ама многу добро е прикажано ова однесување. За мене беше и малку вознемирувачко при крај зошто заради таквото однесување може сериозно да биде загрозен животот на многу луѓе.


Mob mentality по дефиниција е како дејствуваат големи групи на луѓе на ист начин во исто време. Ваквото човечко однесување почнува уште од времето кога луѓето формирале племиња, мигрирале во групи итн.

Ваквото однесување е последица на тоа што во големи групи сме само дел од нешто, без име и лик, дадено ни е да дејствуваме анонимно т.е. деиндивидуализација. Тоа е тоа што ги претвара совршено добрите луѓе во силеџии. Доста често можам да го видам ваквото однесување во некоја од темите на форумов или во голем број на коментари - кога еден ќе почне со негативности, се чини како сите да се придржуваме кон тоа мислење па настануваат нервози и слично без некоја очигледна потреба. Има и безброј други примери на вакво однесување ама мислам дека многу ќе се избега од темата ако набројуваме само каде се има вакво однесување.

Дали сте се нашле вие во таква ситуација?
Како сте реагирале, дали сте потпаднале на ваквото однесување или сами сте ги донеле одлуките по бон-тон, морал и резон?

Јас си мислев дека не ми се случило тоа ама ме потсети еден другар дека секое излегување во дискотека потфрлувам и паѓам под влијание. Ме нервираат гужви и станувам нападна зошто сите околу мене ми изгледаат нападно. А да сме сите смирени верувам дека нема ни да настанат гужви.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Браво за темава.
Го давам Clockwork orange филмот како пример за масата наспрема единката.
На прв поглед за да функционира масата мора да постои еден вид на анонимна хиерархија. Со голема назнака дека колку што и извршителите не можат без водачот, толку и водачот не може без извршители.
Ако збориме за руља (сурија), мора да постојат позади скриен поттик, причина, единка која ги има мотив. Се е еден вид на хиерархија, безтоа нема да постои траекторија каде би се движела толпата. Анархија? не би рекол. Тогаш секој со секого би се борел за свопствените хирови. Башка ако е анархистичко движење кое по себе поттикнува толпа, тогаш не е ли тоа еден вид на борба за некоја цел? Контрадикторно.
Не, никогаш не сум сакал да бидам дел од кланови, сурии, руљи. Едноставно, имам некои свои размислувања кои се сложуваат со оние кои сакаат да бидат толпа, но некои мислења комлетно се косат со истите.