Грешки при интервју за работа

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
279
1,063
Скопје
Разговорите за работа се многу стресни. Испитување за вашиот живот, работното искуство, доблести и мани, за многумина се оптоварување, особено кога за иста работа се пријавени стотина луѓе со иста квалификација.

Кои постапки се сметаат за грешки при интервју за работа?

Јас ќе наведам неколку, слободно надополнете ме со вашите мислења!

1. Трема
Дали некогаш ви се случило јазикот да ви е побрз од мислите, па да кажете нешто што ќе влијае лошо?

2. Фокусирање само на својот интерес
Најлошо што можете да направите на разговор за работа е да ги испрашувате претставниците на компанијата за сите бенефиции кои би ги имале во случај да ја добиете работата.

3. Несоодветна облека
Колку и да ви се чини дека компанијата на потенцијалниот работодавач делува лежерно и опуштено, ваша задача е да се облечете најдобро што можете.

4. Невистини во CV-то
Често се случува луѓето да внесуваат мали или големи невистини во своето CV се со цел да не им изгледа сиромашно. Ова е огромна грешка!

....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr, She and Minella

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
416
707
1,103
Лаги на самото интервју

Премногу фалење, сите се криво јас сум прав и сл
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Напнатоста си го прави своето.
Главната грешка е што всушност, тремата те прави да не бидеш ти. Да ти се препотуваат раце, да почнеш да пелчетиш, да кажеш некоја непромислена шега која одпосле сфаќаш дека е ноу сенс фраза....

Можеби најголемата грешка што секој ја прави е што премногу очекува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScoobyDoo

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Разговорите за работа се многу стресни. Испитување за вашиот живот, работното искуство, доблести и мани, за многумина се оптоварување, особено кога за иста работа се пријавени стотина луѓе со иста квалификација.

Кои постапки се сметаат за грешки при интервју за работа?

Јас ќе наведам неколку, слободно надополнете ме со вашите мислења!
Малку поопширно од моја страна :)
  • Трема
Дали сте се нашле во ситуација кога јазикот ви е побрз од умот, па кажувате нешто што на крајот излегува поинаку од она што сте го мислеле? Тремата и напнатоста во ваквите ситуации може многу да ви наштети. За да ги избегнете смешните одговори, пробајте да импровизирате неколку интервјуа со вашите домашни или со пријателите. На тој начин ќе си ги изострите вашите комуникациски способности и ќе добиете поголема самодоверба. Ќе се чувствувате спремни и сигурни, а на интервјуто ќе имате далеку помала трема.
  • Гледање само на својот интерес
Најлошото нешто што можете да го сторите на интервјуто за работа е вие да го испрашувате работодавецот кои ќе бидат вашите бенефиции доколку се вработите таму. Прашањата за плата, слободни денови, користење службена опрема и возило оставете ги за малку покасно. Така вие ќе создадете слика на чесен работник кој сака да придонесе за градење на фирмата. Наместо тоа подобро е пред интервјуто убаво да проучите со што точно се занимава фирмата за да бидете целосно упатени во нивните тековни активности.
  • Непристојна облека
Многу психолози тврдат дека првиот разговор за работа е најважен, а облеката која ја носите тогаш може да каже многу за вас. Колку и да ви се чини дека работодавецот е лежерен и дека не му е битно што носите, ваша задача е да се дотерате најпристојно што можете. Тоа значи дека во комбинација влегува сако, костум, здолниште и кошула. Избегнувајте спортски комбинации, деколте и провокативни парчиња, бидејќи тие можат да остават многу погрешна слика за вас.
  • Невистини во вашето CV
Доколку сметате дека вашето CV делува сиромашно и сметате дека треба да додадете уште некој странски јазик, плус некоја година работно искуство или пак уште еден факултет или можеби магистерски труд, тогаш подобро да не го сторите тоа. Дури и најситната промена на вистината може да биде лесно проверена, а вие фатени во лага. Наместо да ризикувате, спремете се подобро за да ги истакнете вашите вистински квалитети.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Кога дојдов на разговор, пред да ме вработат.... Се блокирав...:nah
и не знам што да кажам,само викав, Да, Не, може....
Кога излегов надвор, се ми текна, што требаше да кажам, ама што дека, сама со себе си праев муабет после тоа...:zelen
па дури и место по една улица по друга фатив :rofl
дезорјентација...ама на арно излезе...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Anakin

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Кога имав интервју за работа , се спремав дома, се спремав , се што беше поврзано со работата изначитав, се облеков пристојно( не дека поинаку се облекувам) меѓутоа тој ден секој прави мал труд да изгледа како шо треба...и заврна дожд...ме напраи лом...косата за греови...ама не е битно се присредив и отидов таму..таму пред мене имаше некои тетки ...сеа ти се обидуваш да бидеш пријатен и колегијален, они те гледаат ко закана за човештвото...не е битно , блегов на интервју..траеше многу кратко, ме прашаа за образование , за просек ...некои основни прашања од типот каде живееш, со кого, мажен женет , какви амбиции имаш и чао пријатно.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Најголема грешка: Немате роднина/пријател во фирмата во која конкурирате.
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Да не се ѕверите у некоја точка додека зборите :) Еднаш ми се случи откако ми ги кажаа условите за работа, што секако тие беа причината да се опуштам, да чекам интервјуто да заврши побрзо, и да не го гњавам у стилот- "Да, секако во право сте" "Да, се согласувам".
Ајде бре магла хоштаплери капиталистички.
 

Malinna

Староседелец
20 јануари 2014
48
41
1,018
27
Хаха,запозната сум со тоа,кај брат ми у канцеларија бараа работници и иде една и му кажуе дека сака на работа,бато ја носе у друга просторија а ја слушав од канцеларија,пошо една до друга се просториите.Женава му вели на брат ми: Нема да најдете некој како мене,сега ќе ви кажам каде имам работено,имаамм работено воо,леле извинете малце на телефон да зборнам,и излегува се јавува изглеа на сопругот и му вели:Симе,како се викаше фирмана кај што „Работев“? овој и кажуе нешто па влегува пак на интервјувои вели Анатомска Ортопедика Дооел Скопје.Брат ми и вели,морам да истражам за фирмава кај што се работеле да видиме,може да сте неспособна :) По две неделе иде дома брат ми и го прашувам дали ја примил таа,ми вика ја забораив,а нема фирма во градов таква,сегаде прошетав,и во полиција,сите викаат нема бе човек.:roflИ се лути кога ќе му речам дека „најспособни“ наоѓа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Другарка ми е HR и некогаш прегледувам интервјуа со неа пошто две глави подобро размислуваат од една, па покрај неа многу убаво научив дека, ко прво, луѓе навистина не знаат да напишат CV за воопшто да дојдат до шанса за интервју. А, не е дека немаат квалификации некои, туку не знаат како да се истакнат.
Дури потоа идат овие што лажат дека поседуваат одредена вештина, што набрзо испливува на површина и е погубно повеќе за нив отколку за фирмата.
Последниве неколку недели пак има и кандидат што бил одбиен, но упорно упатува закани, па моли за работно место, прави нови мејлови и свашта, што станува дури и страшно пошто мислиш следно на врата ќе се појави.
А, ете, дури и да имаше шанси за слична позиција или да е викана понатака, ги уништи.
Така да, би додала и секогаш да ја прашате самата фирма/тој што ве интервјуира дали би можеле да ви дадат фидбек каде би можеле да се поправите и крајно да пишете да ве имаат предвид за слични позиции (бар овде ги ставаат во друг фолдер за подоцна).
Некогаш знае позицијата да се ослободи по месец-два и ќе сте први на список.