Греење со пелети | Црнобело Форум

Греење со пелети

КоКиЧе

Нов член
11 март 2012
7
13
3
Скопје
Ново на пазарот... Веќе неколку години се хит низ светот па пристигнаа и кај нас. Пелети. Некој ги користи, некој можеби воопшто нема ни слушнато за нив. Колку сте информирани и дали некој од форумџиите веќе ги користите. Поздрав!
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Јас знам дека другар ми се грее на брикети.Е сега тоа пелети ако е исто ко брикети тогаш знам за што се збори.
А ако грешам( што е многу поверојатно) би сакал да ми ги објасните тие пелети :D
 

КоКиЧе

Нов член
11 март 2012
7
13
3
Скопје
Да, да. Тоа е тоа.
Ова се брикети или пелети. Многу лесен и едноставен начин на користење имаат а богами и ефтини се. Е сега малку е поскап почетокот т.е. печката која треба да се набави или доколку имате парно со котел треба само да се вгради еден дел кој од прилика чини 1 000 евра (не ме држете за збор) но потоа е многу едноставно. Значи немаш никаква физичка работа, огнот се пали на дугме од дома, си ја поддесуваш температурата која сакаш да ја постигнеш во зависност од просторот кој го затоплуваш, претходно во делот кој си е наменет за да стојат пелетите тураш вреќа и другото се е многу лесно. Во однос на квалитетот на пелетите има различни нивоа на квалитет во зависност од тоа од што се направени пелетите. Во Србија има неколку фабрики кои ги прават а веќе и во Македонија има 2-3 кои почнаа но македонските во однос на оние од Србија се далеку понеквалитетни. Српските се најквалитетни а ги има и на македонскиот пазар. Доколку има заинтересирани можам да ви пуштам информации и понуди од човекот кој е увозник и застапник за Македонија од Србија и со кој можете да се договорите дури и за достава до дома. Поздрав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stance

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,053
1,183
Ова брикетите да ти биле. Да ефтини се, ние земавме за проба не се од тие вие што ги спомнавта туку некои други, жар држат но не и топлина многу.
 

КоКиЧе

Нов член
11 март 2012
7
13
3
Скопје
Тие што прават жар а топлина не, се направени од неквалитетен материјал т.е. сено, гранки од дрва и слично додека оние кои имаат поголема топлина, помал отпад и се без чад се вискококалорични и во составот имаат само дрва и тоа 50% бука и 50% зимзелени дрва (т.е. пресирана пилевина од споменативе дрва без никакви други примеси) што го објаснува создавањето на топлина. Најдобар дел е тоа што немаат отпад, немаат чад, немаат којзнае каква физичка работа а даваат многу топлина.
Една груба математика:

Сооднос по калорична вредност, 2 кг. пелети заменуваат 1 литар. нафта за греење (која е во постојан пораст)
1л нафта е 65 денари а 2 кг пелети се 30 денари што е за 60% поефтино... Па сега вие пресметајте си...
 

КоКиЧе

Нов член
11 март 2012
7
13
3
Скопје
Извинете, мала грешка. Брикетите и пелетите не се исти. Брикетите се поголеми и се ставаат во печка како дрва. Има разлика. Пелетите се подобри...
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,053
1,183
Извинете, мала грешка. Брикетите и пелетите не се исти. Брикетите се поголеми и се ставаат во печка како дрва. Има разлика. Пелетите се подобри...
На сликата колку што можам да видам се како плутените тапи на шишињата за вино, овие ние пт ги имавме беа како 2тупаници и мислам дека само вечерно време ги стававме за да држат жар.
 

КоКиЧе

Нов член
11 март 2012
7
13
3
Скопје
На сликата изгледаат како плутена тапа затоа што се сликани од многу блиску но доколку ги видиш во живо се уште поситни и се користат во специјални печки или во котел за парно специјален за пелети или на стариот котел кој се користел за дрва и ќумур со надградба на пламени а до котелот има резервар или буре од 200л. и со специјален носач си уфрла пелети по програмирани интервали.​
 

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
@Кокиче, темава нема да биде избришана, но не ја користи за реклама. Линкот од еден твој коментар е избришан, претставува реклама.