Што знаете за ракописот?
Дали ја осудувате личноста според нејзиниот ракопис? Обично луѓето за ракописот велат за некои „убаво и читливо’’ додека за други „лош и неразбирлив’’.
Графологијата е научна гранка која го проучува ракописот на една личност и ги толкува карактеристиките кои произлегуваат од нејзината психолошка структура.
Еве некои примери што најдов.
Закосеност на буквите
Доколку буквите во вашата реченица се
закосени кон десно, најверојатно вие сте екстравертна личност која обожава да се дружи и има многу пријатели.
Доколку буквите во вашата реченица се
закосени на лево, тогаш вие сте личност која ужива кога е сама и која понекогаш е голем бунтовник, особено доколку пишувате со десна рака.
Доколку буквите во вашата реченица се
потполно прави, вие сте практична личност, која не сака многу да ги покажува своите емоции и се води по својата логика.
Големина на буквите
Доколку вашиот ракопис е
крупен, вие сте многу самоуверена личност која сака да биде во центарот на вниманието. Докажано е дека славните личности имаат крупен ракопис.
Доколку пишувате
ситно, тогаш вие сте помалку срамежлива личност, но точно знаете што сакате и знаете да се концентрирате на приоритетите во животот.
Доколку сметате дека големината на вашите букви е
средна, тогаш вие сте многу снаодлива личност која знае да се прилагоди на сите ситуации.
Јас сум личност што можам да пишувам на различни начини и искрено, не можев конкретно да се пронајдам овде
A Вие?