Го сакам мојот град затоа што... | Црнобело Форум

Го сакам мојот град затоа што...

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Насловот кажува се. Јас си го сакам мојот град :

-Затоа што е мал и удобен
-Затоа што скоро сите меѓусебно се познаваме
-Затоа што е мирно место за живеење
-Затоа што луѓето се гостопримливи
-Затоа што го имаме најубавото вино (ова ептен ми оди во прилог) :giggle
-Затоа што тука се моите сакани и најблиски личности.
-Затоа што можеш за пиеш кригла пиво за 70 ден :D

А вие?
 

theowndemon

Полноправен Член
Го сакам мојот град затоа што:
- Има се` што ми треба.
- Во паркот ни се искршени светилките па можиме на мира да уживаме во темницата.
- Скоро сите мои роднини се тука.
- Се` е буквално блиску безразлика некој што ќе речи дека „неможи да стигни негде без такси зошто е далеку“
- Имаме млади уметници кои седат наоколу низ градот и сликаат.
И толку ми текнува за сега ...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,023
9,649
1,683
Normandy
- ради градскиот парк
- ради чаршијата која сеуште има останато малку дух
- Водно (населбата и планината)
Ќе допишам уште
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,438
9,147
1,683
Кушкундалево
Само поради тоа што се` ти е на 15 мин. максимум.

Aleksis инаку и во Скопје има места каде можеш да пиеш кригла пиво за 60 ден. Пример у бифето на електро, у некои помали местенца што не се у центар и сл.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,878
973
Сакам си га Куманоо затој што иамо најлуд дијалект
најпосетеност у кошарку, сала фршти увек над 5 000
Никој не се замара што збориф други за њега(читај пафнуеф сфи куде стигнеф)
И да, затој што иамо најјак хумор и сатиру : )))
 

Lovely*-*

Староседелец
27 мај 2012
230
164
1,043
30
Ohrid
kimmyqueen98.tumblr.com
~Има најголемо и најубаво езеро.
~Тука се моите најблиски
~Охрид е мал град (тоа што јас најмногу сакам)
~И е мој дом
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Си го сакам градот, затоа шо да излезеш од него ти е пола саат некаде (барем од местото дека ја живеам) и ти е погодно место за да идеш у планина, пример Осогово или од другата страна Плачковица.
Си го сакам градот затоа шо е мал, ама повеќе би живеала во село.
Си го сакам градот, ама 90% од луѓето не ги сакам. :D
Има убави високи места дека можеш да се искачеш и да ги гледаш полињата со ориз, башка ќе се подружеш и со комарците, нели они фини дружељубиви инсекти се. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and Aquarius