Гошинце 2015

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Според вас која е вистината ?

  • Владино сценарио за оттргнување на вниманието околу политичката ситуација (Бомбите на Заев)

    Гласови: 10 76.9%
  • Вистински терористички напад на УЧК кон Македонија

    Гласови: 3 23.1%

  • Вкупно гласале
    13

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Српската полиција не знае за инцидентот

- За инцидентот што се случил вчера во Македонија, каде што група вооружени лица од Косово навлегле и зазеле полициска станица во кумановско село, дознавме од медиумите. Српското МВР нема коментар ниту, пак, некаква надлежност за случајот. Тоа е работа на македонските безбедносни органи.
Косовската полиција не забележала илегален премин

Нема никакви информации за сомнителна група која нелегално преминала преку косовско-македонската граница, за случајот тамошната полиција била известена од нивните македонски колеги, е дел од единственото соопштение од канцеларијата на Косовската полиција што вчера излезе во јавноста, а го објавија косовските медиуми. „Нова Македонија“ ја контактираше полицијата во Косово од каде ни потврдија дека се запознаени со нападот во Гошинце бидејќи ги исконтактирале македонските власти. Меѓутоа, во текот на вчерашниот ден не добивме одговори на останатите нашите прашања.
„Лајм“: Населението да се организира

„Лајм“ веќе долго време предупредува дека единствениот спас на некои политички структури им е да измислат етнички оружен конфликт. „Лајм“ подолго време предупредува дека може да се подготви албанска вооружена структура што ќе ја предизвика полицијата, за да им даде изговор да интервенираат. Инцидентот во селото Гошинце е дел од ова сценарио, пишува весникот на албански јазик.
„Лајм“ апелира до населението на Липково да се организира итно и да ги изолира вооружените лица, пред полицијата да интервенира, затоа што тогаш, според весникот, хаосот тешко ќе може да се контролира. „Лајм“ апелира и до косовските државните институции да спречат злоупотреба на границата и територијата на Косово, бидејќи целта на овие структури е „да предизвикаат конфликт што ќе им наштети и на Албанците од Македонија и на Косово како држава“.
Претседателот Иванов свика состанок на државниот врв

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера свика состанок на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето требаше да го информираат државниот врв на Република Македонија за актуелните настани, соопштија од кабинетот на шефот на државата. Состанокот требаше да се одржи вчеравечер во кабинетот на претседателот, по враќањето во државата на премиерот и на претседателот на Собранието.
Со реакција на осуда вчера се огласија неколку политички партии.
Повикуваме институциите одлучно и решително да постапат за расчистување на овој случај и да ги обезбедат законитоста, сигурноста и стабилноста по сите основи, се вели во соопштението на ВМРО - ДПМНЕ.
СДСМ најостро го осудува инцидентот во липковскиот регион. Партијата преку соопштение ги повикува граѓаните на воздржаност и да не подлегнуваат на какви било режирани сценарија.
Инцидентот во Гошинце е акт што е на штета на албанската агенда во Македонија и во регионот, се вели во реакцијата на ДУИ.

GIL_6277_resized[1].jpg

„Ние сме од УЧК, пренесете на сите“

Групата од четириесетина лица, кои вчера изутрина ја нападнаа караулата Гошинце, кај северната граница, влегла од Косово, нејзините припадници биле вооружени и носеле маскирни униформи со ознаките на УЧК, соопшти помошник-министерот и портпарол на МВР, Иво Котевски.
Во тој момент во полициската станица дежурале четворица полицајци, кои веднаш биле разоружени, тројца од нив биле врзани со лисици, а едниот напаѓачите почнале и да го удираат. Напаѓачите носеле со себе камера и го снимале целиот настан. Според МВР, групата говорела на албански јазик, а имало и еден преведувач, кој тешко зборувал македонски јазик со српски примеси.
- Ние сме од УЧК. Пренесете на сите дека ниту Груевски ниту Ахмети не може да ве спасат. Ние сакаме наша држава и не сакаме никакви охридски договори. Повеќе никој не смее да дојде надолу. Доколку вас или кој било друг фатиме, повторно сите ќе ве ликвидираме - ова се зборовите што им ги упатил водичот на групата на четворицата македонски полицајци.
Како што информира Котевски, напаѓачите им дале точно половина час да си заминат од полициската станица и им истакнале дека ако тргнат, порано или подоцна, ќе бидат ликвидирани.
- По половина час еден од полициските службеници што не бил врзан станал, ги зел клучевите од лисиците, кои биле оставени на земја во нивна непосредна близина, ги одврзал сите колеги и пеш се упатиле по патот - изјави Котевски.
МВР овој инцидент го осуди како терористички напад, кој, според првичните сознанија, го извршиле лица од Косово. Котевски не сакаше да дава дополнителни информации поради, како што кажа, сериозноста на активностите што се преземаат во моментот.

Извор - Нова Македонија
Според мене ова е владино сценарио за оттргнување на вниманието околу политичката ситуација во земјава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ова е нападот на невидливите арнаути, полош фолс флег не може да се замисли, постојат моржеви на арктикот кои би смислиле подобро сценарио од ова.
Outbreak of the Hunza virus е она што навистина загрижува...
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Владино сценарио? :eek:
Не заебавај.
Колку да звучи безвезе, сепак тоа е вистината.
Така беше то љочките ќе ги пуштеа Македонците, немој молим те се е наместено да се дестабилира за да можи ВМРО да го отргне СДСМ од бомбите и сака да се дешава нешто вакво оти подгреваањето на меѓуетничките тензии се најголемиот проблем во внатрешноста на Република Македонија според мене.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Или автомобилите биле автобуси или ова терористиве дошле од друга димензија. Четириесет учки во два автомобили е доволно добра приказна за нов дел на Стар Трек... Star Trek XIII: The visitors from the unknown dimension
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Или автомобилите биле автобуси или ова терористиве дошле од друга димензија. Четириесет учки во два автомобили е доволно добра приказна за нов дел на Стар Трек... Star Trek XIII: The visitors from the unknown dimension

http://arxiv.org/abs/0910.1589
Better yet, the multiverse. Во еден од нив, арнаутите се малечки, со големина на просечно кече. И како такви ги собира во два автомобили во нашиот универзум.
Останува мистеријата како се прошверцувале од тој универзум во овој, да беше автобус на ЈСП и некако...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Колку да звучи безвезе, сепак тоа е вистината.
Така беше то љочките ќе ги пуштеа Македонците, немој молим те се е наместено да се дестабилира за да можи ВМРО да го отргне СДСМ од бомбите и сака да се дешава нешто вакво оти подгреваањето на меѓуетничките тензии се најголемиот проблем во внатрешноста на Република Македонија според мене.
Знам дека е наместено, само тие што немаат мозок можат да мислат дека не е и да веруваат на сител.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy