Господов комплекс

Што ја предизвикува појавата на овој комплекс?


  • Вкупно гласале
    14

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Обична вообразеност или покомплексен проблем?
Господ во секоја погрешна и контрадикторна смисла на зборот.
Не збориме за најдобриот, најправедниот и најмоќниот од небесите, туку арогантниот, самозаљубениот и најмоќниот во својот свет.
Што се крие зад „неспособноста“ да се прифати туѓа критика, предлог, мислење, или на другиот да се гледа ко помалку вреден?

Иако не може да се дијагностицира и смести во листата на нарушувања на личноста, овој комплекс претставува збир од негативни и непожелни особини.
Најчестите карактеристики кај овие личности се нарцисоидноста и ароганцијата т.е. чувствата дека тие се привилегирани, недопирливи и најпаметни, а себеси најчесто се издигнуваат преку споредба со другите т.е. омаловажување на истите.
Во минатото се сметало дека овој комплекс највеќе го поседуваат оние кои постигнале многу во животот, па си задавале слобода да се наметнат над другите како супериорни, но што е тоа што се сменило низ годините, па сега најчесто да се смета дека најголемиот дел од овие луѓе се всушност незадоволни од себе и (не)постигнатите успеси?
Дека е негативен комплекс, е, но ме интересираат мислења дали го сметате за комплекс на повисока вредност или сосема обратното - ниска вредност маскирана и заградена во супериорен оклоп?

Комплексов е присутен насекаде, од верувањето дека секогаш ние сме во право како индивидуа, до убеденоста дека една раса, вера, нација, па дури и група луѓе според професија е посупериорна од некоја друга. Славни личности и (воглавно) постари професори се земани како најчести примери за ваков тип луѓе кои сакаат работите да се под нивна контрола и наредба.
Како вие реагирате на овој комплекс?
Дали пак можеби сите по малку патиме од истиот, но тој не ни дозволува дури ни самите да си признаеме?

Ставив и мала анкета, чисто да видиме статистика, плус другар има дипломска поврзана со егоизмот, па можеби на некој начин ќе му помогне и ова.
 

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
Комплексот кај индивидуа (според мои забелешки) се јавува од издигнување од едно на друго ниво. Конкретно ако детето додека растело немало никаква поддршка од родителите или пак било омаловажувано, голема е веројатноста да се преобрази во она „посакуваното јас“ во/после касна адолесција (фаза на созревање). Она кога може да ја почувствува (лаички кажано) слободата на животот, свесноста за околината, за него итн. Онаа изреката „Што не си проживеал дури си бил млад, ќе мораш да надополниш во некое друго време“ е супер пример.
Друга и уште поизразена приказна на овој комплекс е наметнувањето на такви ставови од околината. Конкретно со родител/и кои го имаат овој комплекс, многу тешко дека детето би се развило со синдром на „nice guy“.
Околината заради тоа што работи на принцип на авторитет, овие луѓе ги прифаќа како модели за општеството. Факт е дека се авторитетни и со тоа имаат повеќе придобивки. Се на се и не е толку лошо да се има синдромов :D

P.S. егото не е господов синдом
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мрачна

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Одлична тема за дискусија, што значи и доста комплексна. :zelen

Па вака. Неоспорно е дека сите го поседуваат овој комплекс. Тоа е во човековата ДНК - желбата да се истакне во дадени моменти и дадени окружувања. Зависи каде и зависи колку долго - е комплексноста на оваа особина. Ако рецимо имаме индивидуа која не може да се помири со својот интелект да биде оспорен, а стекнат од онолку труд колку што личноста мислела да вложи. Обично оние кои вложуваат многу, многу и очекуваат за возврат.
Но не е секогаш така. Има индивидуи кои вложуваат малку но на клучни места, а потоа го имаат чувството на „фаќање на бог за муда“. Таквите посекако воопшто не го вреднуваат туѓиот труд и се сметаат за божество по пат на страв. Страв да утредента некој друг не им го земе местото. И најчесто таквите немаат никакви скрупули и газат преку луѓе само за да дојдат/останат на врв.
За првите кои вложуваат донекаде и го оправдувам нивното сметање на божество, бидејќи сепак тие имаат „изедено доста векни леб“ за да дојдат до таа позиција што се сега. Од друга страна па нивните норми кои порано многу ги пазеле и почитувале додека се качувале до одредиштето, сега се прегазени. Најчесто се прегазени поради согледувањето на проблемот што подолните го имаат „од високо“ како и заборавањето дека истите тие луѓе некогаш биле самите они.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мрачна

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мислам дека овие луѓе се толку полни со себеси, што никогаш нема да бидат задоволни од тоа како се третирани од другите, па затоа упорно и намерно покажуваат што се постигнале и направиле, а не се достојно третирани.

Нема да згрешам да кажам и дека се претерано исполнети со себе, а и исто и дека имаат недостиг од пофалби, вреднувања и поклонувања од другите, иако мислам никогаш нема да бидат задоволни, па добивале и кралски третмани.
Сепак гласав дека имаат недостиг од пофалби, зошто мислам главен фактор е тоа - мислат дека заслужуваат повеќе од тоа што добиле, после се што постигнале и направиле.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
P.S. егото не е господов синдом

Не е, но самото его се билда, дали при самофалење и молк или климање глави од другата страна, или некаква пофалба од другите, небитно.

Но, мислењава се пишани под претпоставка дека овие ликови се труделе, па имале колку-толку постигнато нешто, ама сметаат дека заслужуваат повеќе.
А што со феномените кои само мислат дека постигнале или никако да постигнат нешто, а се убедени дека не можат да се истакнат поради некои „недоследни“?
Многу неоправдан Господов комплекс има овде, а воедно се и најтешки (читај: невозможни) за разубедување.

Мене ми пречи што имам блиска личност која често го прави тоа. Знам дека е од слаба самодоверба, но не гледам како тоа натегање ѝ помага.
Што е најтрагично, неретко бара помош зашто знае да се изгуби поради таа несигурност во себе и своето знаење (иронично, зашто постојано потенцира дека повеќе знае од другите), претерано анализирање и кроење планови, за откако ќе ѝ помогнеш да каже „Па да, јас баш тоа го мислев“ и си ја зема сета заслуга, па се става на пиедестал ако добие пофалби за сработеното. И ај...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас мислам дека малку повеќе е скренато или несфатено дефинирањето на овој комплекс од првичната дефиниција. Јас не сметам дека некој кој се вреднува повеќе, а реалноста збори друго (пр. некој кој вели „Ехеее ја да бев у Америка досега ќе бев у НАСА“, иако реалноста вели дека сигурно не би бил) има ваков комплекс. Јас за Господов Копмлекс сметам ако некој не си ги признава грешките (т.е. воопшто не мисли дека згрешил некаде), многу често потценува и се однесува како сите наоколу да се неинтелигентни, постојано паметуваат и не прифаќаат друго освен своето, секогаш нивното знаење е поголемо од другите, цинично се потсмева ако некој направи грешка итн итн. Ова не би рекол дека се карактеристики на некој што не постигнал ништо и се умислил дека постигнал нешто посебно туку баш напротив ова ме асоцира на однесување на професори, декани, некои кои биле унапредувани на работно место па стигнале до висока функција и сл. Многу често можеби и ги наоѓаме овие карактеристики во некои околу нас ама тоа не ги прави личности со Господов комплекс зашто сите ама баш сите понекогаш постапуваме така.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Јас мислам дека малку повеќе е скренато или несфатено дефинирањето на овој комплекс од првичната дефиниција. Јас не сметам дека некој кој се вреднува повеќе, а реалноста збори друго (пр. некој кој вели „Ехеее ја да бев у Америка досега ќе бев у НАСА“, иако реалноста вели дека сигурно не би бил) има ваков комплекс. Јас за Господов Копмлекс сметам ако некој не си ги признава грешките (т.е. воопшто не мисли дека згрешил некаде), многу често потценува и се однесува како сите наоколу да се неинтелигентни, постојано паметуваат и не прифаќаат друго освен своето, секогаш нивното знаење е поголемо од другите, цинично се потсмева ако некој направи грешка итн итн. Ова не би рекол дека се карактеристики на некој што не постигнал ништо и се умислил дека постигнал нешто посебно туку баш напротив ова ме асоцира на однесување на професори, декани, некои кои биле унапредувани на работно место па стигнале до висока функција и сл. Многу често можеби и ги наоѓаме овие карактеристики во некои околу нас ама тоа не ги прави личности со Господов комплекс зашто сите ама баш сите понекогаш постапуваме така.
Ги заборави докторите, особено хирурзите...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Мрачна

Нов член
16 ноември 2013
12
3
3
26
Скопје
Господов комплекс мислам дека имаме сите :^), секако поизразено и скриено. Господовиот комплекс си оди со свое однесување а најчесто тоа е негативно за оној што го прима (мислење, контакт, општо) истиот. Погоре гласав и сеуште стојам на тоа. Овој комплекс најчесто го имаат луѓето кои постигнале нешто но сакаат уште. Цело време се со она "ЈАС" и се трудат да го престигнат за да се истакнат во според нив, неинтелегентната или недоволно добрата околина.