Гонител (stalker)

Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
Темава ме потсети на една ланса случка, малку хумористична е, ама во контекст на темава е, само што се работеше за забуна.
Имав една цимерка и таа си се враќала за дома, арно ама и комшијата што живееше спроти нас и тој си се враќал за дома и цело време испаѓало како таа по него да оди. И во еден момент пред да влезе тој дома и се свртел и и рекол: ШТО МЕ СЛЕДИШ?
Таа се изненадила и почнала да ја отклучува вратата не знам што точно му рекла и кога видел дека и таа тука живее сигурно му олеснало.
Загреота типот којзнае колку филмови му се свртеле во глава додека одела таа зад него. :D
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Направив некни едно беснеење со колата по повод темава, ама ептен автентично изгледаше. Човекот возеше зад мене некои 3 километри по уличиња каде што ретко се оди. Океј реков, вртам безвеза, врти и тој по мене.. Незнам дали беше случајност, но ми беше сомнително па го извозив летечки низ неасвалтирана улица кај што не може секој така да помине, му се изгубив во патчињата и му излегов точно пред него. Колата му беше застаната како божем чека нешто. Убаво го измеркав, не ми изгледаше невообичаено типот .... секако, глупо се осетив пошто бев параноик, но никогаш не се знае.