Голотиjата е уметност!

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Какво лудило е крајот на мај и почетокот на месецот јуни! Насекаде гледаш разголени задници, јако отворени деколтеа, голи рачиња и ноџиња – просто „в поле погледнеш или в планина - сегде Божева је хубавина“! Но не! Не зборувам јас за ливади, излети, одмори, плажи и слично! Јас зборувам за градските средини, за кафеаните, кафулињата, свадбените сали, дискотеките кои се преполни со „шљокици“ на сите страни.

Ги гледаш отстрана, разгракани тајфи и се прашуваш кон каде се упатиле? Свадба ли има во близина? Некоја приватна забава со постари бизнисмени? Нешто поопуштено... хммм... ги гледаш и си ја мислиш дека е мала, а таа да ти била осмоодделение! Или евентуално матурантка!

Бреј, бреј – кога пораснаа толку многу малолетничките, та се рафрлиле со градите на „повелете“, со тацна-задниците, со табуретка-фризурите? Зарем не ни беше доволно што „ги убивме“ од исмевање Бугарките и нивните надворешни изгледи за тоа како одат да прославуваат матура, па мораше и ние да се обидеме да го фатиме нивниот терк? Иако, признавам далеку сме од нив. Има уште многу работи да расоблечат нашите девојченца, за да наликуваат барем и на наојблечената Бугарка.

Во разговор со неколку колеги и со пријатели, секогаш се поставува прашањето: „Има ли бре девојчево родители? Каде отишла оваа вака облечена? Ја знаат ли од дома?“, но од друга страна, пак, не дека им пречи да си се подзагледаат малку во тоа што има да се понуди пред очи, а истото се движи на остри штиклиња, што едвај и’ ја одржуваат рамнотежата. Бидејќи, нели не знае да оди на штикли, зашто мисли дека од Бога и’ е дарена дарбата за нога-пред-нога да се движи. Не ги учеле ли мајки им да ставаат книга на глава, како по филмовите и да одат така низ дома, исправени?

Но, не – да знаеле нивните родители како им се (с)облекуваат ќерките за прослава на најзначајниот настан од животот – денот кога официјално научиле да стават своерачен потпис на документ, ќе преземеле нешто, односно ќе ги советувале дека не им личи на годините така да се шетаат, дека е невкусно да го расшетуваат младешкиот целулит на бутчињата, или да им бодат очиња на повозрасните мажиња (попознати како В.П.Ш. - „Ваша последна шанса“) со набрекнатите брадавичиња! Може вам ова ви звучи веќе перверзно како перцепција, но верувајте ми дека на оние од фамозниот „Регистар на педофили“ им се јавуваат многу поперверзни мисли од овие опишаните, па и не би размислувале многу за тоа како да ги искористат. Но, им ги знаете фаците, па ќе им избегате, а? Камо да беа сите регистрирани. Но нејсе, не е Регистарот сега важен во муабетов.

Важното е тоа дека со текот на генерациите се изгуби секаков вкус и секакво чувство за пристоен изглед. Не е моментот на тоа дека станува збор за вулгарност или нешто слично. И вулгарното е начин облекување кои си има свои правила. Точно се знае каде може да се подсоблече нешто и да се покаже точно толку – колку е што потребно за да се привлече внимание. Или што би рекле постарите – да изгледа како подароче, малку гледаш што има внатре и со душа чекаш да го погледнеш подарокот на само.

Сега нема што да се чека, сега точно се знае што има во подарокот. Тоа е јавна тајна.

Дали изгледот на денешните матурантки и полуматурантки по прославите е всушност одраз на она што го учеле на училиште? Дали дотолку соголени во умот остануваат што тоа се одразува и на облеката? Или, пак, нема кој да им објасни дека имаат доволно години за во иднина кога ќе можат да ги покажуваат сите стекнати атрибути, кои тогаш вистински ќе изгледаат како атрибути, а не како нешто што е недоволно созреано. Да не разбереме погрешни, не велам дека наоколу треба да ни шетаат калуѓерки, не одам од крајност во крајност, туку едноставно ја барам изгубената хармонија.

Голотијата е уметност. Треба точно да се знае што да се истакне и што да се сокрие, за да те доживеат луѓето гол или гола.

Се прашувам, дали во денешно време се’ уште важат стандардните стереотипи произлезени од описот на соученичките? На пример, ако некоја се облекува послободно, со голи бутчиња и голи градиња, тогаш може да биде надежна „уличарка“? Сите ние се боревме против овие стереотипи и очигледно успеавме во тоа. Но, губењето на стереотипите го уништи и чувството за срам, кое пак придонесуваше за креативно изразување преку чувство за вкус и невкус во облеката. Сега ни бубалиците не се закопчуваат до подбрадокот, туку до под градите!
 

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Донекаде ти ја сфаќам поентата на темава ама ме мрзи да ја тумачам целата. Ми остави впечаток ова последново со стереотипиве.. Да.. барем кај нас се’ уште постојат иако полека полека некои сами од себе си исчезнуваат. Стварно ме иритира кога некои (особено женски) ќе прокоментираат за некое девојче шо малце се опуштило у облекувањето, дека била к*рва, о*оспија итн. Од каде ми е тоа мислење бре? А уште повеќе ми доаѓа ја да им исечам вени коа то го зборат за некоја личност шо ја знам цел живот и знам дека не е она тоа шо они ја прават. Ма жити се :nah
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Јас следен пат од Мирка колумниве ќе ги пастирам,и така ја обожавам жената,мада пишува за политика:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble and True_Blood

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
АКО САКАТЕ ЧИТАЈ ТЕ И КОМЕНТИРАЈТЕ АКО НЕ НЕ МОРАТЕ
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Ние сакаме да читаме и читаме.
Мислам ништо лошо не реков освен да се наведе извор?
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
АКО САКАТЕ ЧИТАЈ ТЕ И КОМЕНТИРАЈТЕ АКО НЕ НЕ МОРАТЕ
Од модератор Caps Lock копчиња со заповед "Aко ви се чита читајте,ако не што??" како да го сватиме закана или демек идете во три фини лепе....????
Башка имаше кодекс за аватар или за една членка важеше за тебе не важи,ако го оставиш ќе ставам и јас сличен на твојот
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми