Годините како основа за проценување дали е некој спремен за брак и деца

Малолетнички намерни бракови- да или не?

  • да

    Votes: 0 0.0%
  • не

    Votes: 5 100.0%

  • Total voters
    5

Moon child

Нов член
16 август 2019
1
0
1
Барам мислење од вас во врска со намерни малолетнички бракови? Дали девојче од 15 години може да биде спремно за брак и воспитување на деца? Дали е нормално да не го привлекуваат дружби туку да мисли само на сериозни работи и да се посвети на дечкото и да сака деца? Дали мислите дека е битна поддршката од родителите? Дали вонредно може да заврши со одличен успех и да напредува? дали има шанси да му овозможи нормален живот на детето итн. Ве молам изнесете ваше поопширно мислење.
 

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
104
153
Си го кратиш детството со тоа. Има време за семејството и деца, ама тие години не се враќаат назад
 
  • Like
Реакции: JaMi

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,277
1,898
1,133
Барам мислење од вас во врска со намерни малолетнички бракови? Дали девојче од 15 години може да биде спремно за брак и воспитување на деца? Дали е нормално да не го привлекуваат дружби туку да мисли само на сериозни работи и да се посвети на дечкото и да сака деца? Дали мислите дека е битна поддршката од родителите? Дали вонредно може да заврши со одличен успех и да напредува? дали има шанси да му овозможи нормален живот на детето итн. Ве молам изнесете ваше поопширно мислење.
Според тебе што мислиш, спремно е едно девојче за брак ? Спремно е тоа дете да раѓа деца и да воспитува деца?
Пред се` телото не е спремно за такво нешто... Само што добила менструација и треба да почне одма со раѓање?
Колку е психички тоа девојче стабилно и зрело за брак, за деца, за обврски, за одговорности... Дали тоа девојче ќе бдее цела вечер дури бебето има температура ? Ќе знае ли како да се справи со тоа? Ќе умее ли воопшто?
Едно е што мисли и што сака на свои 15 години а сосема друго е дали да се поддржи..
Како и кај секој тинејџер желбите и потребите се менливи, така да не треба да се зема сериозно воопшто ова..
Јас сум родител и јас строго би се противела на тоа... Најстрого...
И да се разбереме НЕ, тоа дете ако би стапило во брак нема да заврши вонредно школо, нема да запиши факултет и нема да има шанса за нешто повеќе во животот!
 
  • Like
Реакции: Ballet is my life