Генетски модифицирана храна

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Генетски модифицираната храна е храна која е создадена преку мешање на генетскиот материјал на организми од кои повекето не би можеле да се спојат во природни услови. За разлика од хибридите кои се создаваат преку мешање на гени од сродни растенија, кое што е можно понекогаш и по природен пат, ГМО е храна создадена преку спој на гени од целосно несродни видови. Најпознат пример е доматот кој што во себе содржи гени од поларна риба и благодарение на истите не замрзнува и издржува ниски температури.
Во генетски модифицираните растенија најчесто има гени од бактерии, инсекти, риби, жаби, па дури и човечки гени.

И покрај тоа што прехрамбената индустрија, мултинационалните компании, големите производители и сопствениците на патентирани ГМО семиња упорно зборуваат за ползата која што човештвото може да ја има од ГМО храната (намалување на гладта во светот и намалување на употребата на пестициди, фунгициди и сл.) , во светот не е забележана некоја посебна корист (освен онаа на компаниите кои произведуваат гмо семиња) напротив, забележани се повеке штетни последици од употребата на гмо храната по човековото здравје, но и по економијата на државите кои увезуваат гмо семе.
Дел од ризиците познати во јавноста се :
- Предизвикува стерилитет кај луѓето и животните кои ја јадат
- Го контаминира човечкиот геном и доведува до многу мутации
- Предизвикува многу болести, помеѓу останатото и
- рак и автоимуни болести
- Ревматоиден артритис
- воспалителна болест на цревата, Кронова болест
- остеопороза
- артериосклероза
- алергии
- Предизвикува еколошка катастрофа, уништува автохтони растенија, инсекти, а пестицидите кои се применуваат заедно со ГМО, земјата ја прават неплодна
- ГМО семето е стерилно, патентирано е и доведува до зависничко ропство и економски колапс на земјата во која се одгледува

Дел од научните студии покажале :

Германските научници пронашле фрагменти од генетски модифициран ДНК во мозоците на новородени бебиња кај глувците кои биле хранети со ГМ храна.
Делови од генетски модифициран ДНК исто така се најдени во крвта, слезината, црниот дроб и бубрезите на прасиња кои се хранети со ГМ пченка.

Проф. Апард Пустај во Ровет институтот во Шкотска 1999 год. заклучува во својата опсежна студија дека сите животни хранети со генетски модифицирана храна заболеле од автоимуни и други болести.

Студијата на проф. Алексеј Суров, член на руската академија на науките и национален сојуз за генетска сигурност 2010 год. покажува дека глувците кои биле хранети со ГМО храна во третата генерација постанале стерилни.

Студијата на проф. Жил Ерик Сералини, професор по молекуларна биологија и неговиот тим, на универзитетот Каен во Франција, во септември 2012 год. чии резултати се објавени во “Food and Chemical Toxicology” – сериозно списание за токсикологија е најобемна и најдетална двогодишна студија која е работена на 200 глувци. Глувците имале видливи оштетувања на внатрешните органи, изразени карциноми, пореметен имонолошки систем и хормонска рамнотежа, автоимуни болести, алергии и многу други болести. Смртноста била зголемена 5 пати во однос на глувците кои се хранети нормално.

Кинеските научници, 2011 год. на Nanjing University во ин виво студијата, пронашле дека миРНА на оризот поминува низ ѕидот на цревата и се врзува за рецепторите на крвните клетки и органите на луѓето кои го јаделе тој ориз.
(компаниите кои произведуваат ГМО, тврдат дека ГМО не може да ја помине цревната бариера, што оваа студија го оспорува тоа)

Освен последиците по здравјето, ГМО остава еконоски и еколошко последици.
Аргентина откога дозволила одгледување на ГМО, економијата пропаднала. Процентот на гладни се искачил од 15% на 47%. Голем процент од шумите се исечени поради ширењето на ГМО полиња. Голем број на растителни видови секојдневно исчезнуваат, водата е затруена со хемикалии и животните масовно умираат поради труењето со отрови.
Бројот на спонтани абортуси е 100 пати поголем од просекот. Децата се раѓаат без нозе, без раце, парализиранни, се појавуваат чудни болести. Земјата 10 години под ГМО постанува стерилна. ГМО компаниите изнајмуваат приватни фирми за обезбедување кои ги палат фармите и полињата на малите земјоделци ако им се најдат на патот.

Во Индија помеѓу 2007 и 2010 година, 200.000 селани извршиле самоубиство, бидејки ГМО семињата се стерилни, земјоделците кои одгледувале ГМО растенија биле принудени да бидат зависни од компшаниите кои ги произведуваат овие семиња и секоја година да купуваат ново семе. Поради сушните години, земјоделците во Индија биле немоќни да ги отплатат долговите за кредитите кои ги подигале за купување на ГМО семиња, поради што извршувале самоубиства.
После тоа, Индија забранува ГМО.


ГМО остава и еколошки последици.
Се повеќе има научници кои тврдат дека главниот причинител за исчезнувањето на пчелите се токму ГМО растенијата со БТ токсинот кој го разорува дигестивниот тракт на инсектите (и не само на инсектите).

Пчелите опрашуваат, доколку пчелите изумрат, сите растенија ќе престанат да раѓаат. Би се уништил цел ланец. За да би успеале, ГМО “растенијата“ мора да се запрашуваат со голема количина на пестициди кои ја контаминираат земјата и ги убиваат сите останати растенија, освен ГМО, па така имаме помор на инсекти, глисти, органски растенија...

Ова е листа на производи за кои е познато дека содржат ГМО и се продаваат на нашите простори:
1 – “Snickers
2 – “Campbell” супи
3 – Ориз “Uncle Ben’s
4 – Чај “Lipton
5“M & M
6 – “Twix
7 – “Milky Way
8 – “Cadbury” чоколада
9 – “Ferrero Rocher
10 – “Nestle” чоколада
11 – Чоколаден напиток “Nesquick
12 – “Coca–Cola
13 – “Sprite”, “Fanta
14 – “Pepsi–Cola
15 – “7 Up
16 – “Knorr” сосови
17 – Кекс “Parmalat
18 – “Hellman‘s” зачини, мајонези, сосови
19– “Heinz” зачини, мајонези, намази
20 – Детски напиток “Nestle
21 – “Hipp” кашички за бебиња
22 – “Abbot Labs Similac” млеко во прав за бебиња
23 – “Danone” јогурт, кефир, сирење,
24 – “McDonalds
25 – “Kraft” чоколада, чипс, кафе, детски напиток
26 – “Heinz Foods” кечап, сосови
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас воопшто не ја подржувам употребата на генетски модифицираната храна. Прво нешто е што компаниите како Монсанто веќе нараснаа толку многу што можат да фрлаат пари за прикривање на факти и истражувања во нивна корист. Кога се купува ГМ семе се склучува договор со нив и веќе си обврзан па на некој начин и посевот не е баш твој. Друго нешто е што и покрај бројните истражувања кои што потврдуваат колку е штетна ГМ храната првично по конзумерот, големите корпорации кои што ја користат го користат тоа што ваквите садници се поиздржливи и плодовите се поголеми што за нив значи огромен профит и воопшто не им е гајле за нивните конзумери. Компаниите не дозволуваат истражувањата кои што се противат на нив да излезат како легитимни и често пати научници ги снемувало, лабораториите им се оштетувани и слични препреки само за да не извадат труд против ГМО.
Од друга страна ја имаш сиромаштијата која што прави ГМО-то да се продава затоа што има помала цена поради количината која може да се произведе. Магичен круг од кој нема излез : )

Она што ми се допаѓа е што неколку европски земји покренаа иницијатива да се укине внесот и производството на ГМО на континентот. Колку ќе успеат во крајната цел ќе видиме. Последно што знам дека се приклучија се Франција и Русија кон оваа листа и се надевам дека и ние ќе се приклучиме во скоро време.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Outrider