Времето ги лечи раните, но што со лузните?

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Тешко дека раните заздравуваат. Нити времето нити ништо на светот не може да ги излечи. Со секое потсетување на она што ја предизвикало раната, истата ја расчепкуваме што го спречува нејзиното оздравување.
Да, со тек на времето болката ќе се намали но никогаш тоа нема да е доволно за раната целосно да се излечи.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Раните само се скриени. Болат само кога ќе се сетиме на нив
 

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Рана како и рана кога ќе се пресечеш.Ќе зарасне колку повеќе времето и ќе изминува.
Само остануваат сеќавањата.Тоа е лузната.
Некогаш си имал нешто што ете било убаво,но не било и до толку,оти секако завршило.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
лузните ќе си останат врежани во нашите срца...за да не потсеќаат се што сме поминале...и да ни даваат надеж за живот и понатаму да бидеме посилни и поупорни...затоа што веќе сме го поминале најтешкиот период во нашиот живот...но животот исто така мора да продолжи...како што продолжив јас.
 

Utopian

Нов член
3 април 2012
27
24
3
29
Општо позната мисла кај нас е дека времето ги лечи раните, но што е со лузните кој остануваат после тоа?! Лузните кој ни биле нанесени, или ќе мора вечно да се сеќаваме на нив?!
Иако оваа реченица доаѓа секогаш како мала утеха, не секогаш е толку надежна... Може со тек на време нашата болка ќе се намали, но тоа не значи и дека целосно ќе ја снема, за жал ќе продолжи да ве боли..
Што мислите вие?


Секоја рана боли, но не секоја рана остава задсебе длабока лузна. Некои зараснуваат па подоцна забораваме дека воопшто сме ги имале. Некои рани оставаат белег од кој неможеме да избегаме. Се прашуваме зошто времето ги лечи раните но не и лузните, но забораваме дека онаа лузна што останала, останала со причина, а причината е, никогаш да не ги заборавиме поуките и искуствата што сме ги научиле во борбата. МОжеби не сме победиле, но лузната е наш трофеј за она наученото.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Ќе цитирам една мисла што не ми текнува од каде ја прочитав,ако не се лажам беше од Magic the Gathering карта:
"He wears his scars like badges of honor,warning his foes that he's not easily defeated."
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Primrose

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Јас пак баш не се сложувам со она дека дотолку работите се неминливи, та само се привикнуваме на нив. Треба само да сме доволно силни самите да ги затвориме тие рани кога веќе нема назад. Зошто пак да си дозволиме да живееме ранети?
Секоја загуба, секое паѓање боли, но не сме ни први, ни последни што се соочиле со тоа, неминовно е, а кога веќе ќе ни затропа на врата, зошто пак да не стиснеме заби и излеземе ко победници?
Лузните остануваат да не потсетат на борбата, како и оние на колената кои не потсетуваат на детството и предизвикуваат блага, носталгична насмевка. Затоа сакам и на “внатрешните“ лузни да се сеќавам така, а не како лузни на кои сум додавала сол за утеха и сум им дозволила да ме конзумираат во својата меланхонија.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Не постои нешто како лузни. Постои единствена незаменлива болка кога ќе почине родител или многу блиска и сакана личност. Другото е заменливо, пролазно и едноставно небитно.

Ако сте го загубиле дечкото/девојката по извесен период ќе најдете некој што ќе ви е подраг.
Ако ве заебала другар/ка, тогаш секогаш на “дофат“ ви се вашите колеги, познаници, комшии. Секогаш ќе се роди ново и искрено пријателство со поголема воздржаност во пристапот ради претходното искуство.
Ако сте изгубиле работа, некое време ќе вегетирате само за храна и сметки, но со поднесување на cv, некаде и во брзо време повторно ќе се вработите.

Лузните постојат на кожа. И ќе сум повнимателна да не се одерам или удрам некаде.
Лошите искуства се пример - показател како да се снајдете во иста или слична ситуација. И не, не се учи од лошото, напротив се учи од успесите затоа што тие се реалната оценка за истрајност, диспцилина и успешност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Primrose