Во живо од јадрото на медиокритетот

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Сурова реалност што распорува.
Склопот на индивидуалното дејствување се темели на млаки ставови, недоречени нешта, прегризани усни...
Зошто?
За да делуваме како персони сковани од милостие и вештачки насмевки.
Живела Мајка Тереза.

Јас не можам да разберам, моите сензори не го прифаќаат сигналот од ситните души. Не сакам да виреам во коцката од вредности, кај што нема место за проширени видици. Кај што владее незапирлива сила на која сите ракоплескаат.
Ја крстија медиокритет.
И се поклонуваат и молчат.
Тука запираат сите обиди да се создаде нешто повеќе од обично и досадно шепотење, тука сите носат костуми исплетени од дежа ву реплики. Тука молчат дури и оние чии што раце имаат ножици да ги пресечат корењата на сиромашното зобање творби.
Што е причината поради која се задоволуваат со површност?
Прифаќањето од социјалното опкружување со раширени раце? Поштедата од критики?
Кој е мотивот да љубиш половични нешта, да не ти трепне око дека удираат шајки на статус кво?
Појма немам.

Јас да молчам нема!
Јас да мижам нема!

Не сакам да се задоволувам со интереси достојни за мизерија, не сакам да се тргам од каменот фрлен од нечисти раце, не сакам да подлегнам на зајадливост стасана од досадни, нереализирани клукајдрвци.
Видикот на мојот хоризонт е подалеку и немам намера да застанувам на станици со искршени клупи.
Кој разбра, разбра.
Кој не разбра, очекувано.
Кој сака да знае, ова е манифест на нечие делување и гледиште на развиток на едно собиралиште на дискусии.
Мхм, токму така.

Поборник да бидеш, ама со мисија. Да знаеш кај целиш и која е смислата на твоето делување.
Да има што да кажеш.
Можеби премногу очекувам од личности кои дошле само да ги величат своите приоритети.
Лакирани нокти?
Нови штикли?
Успех на превртена шанкерка у петок?

Добро.
И токму од таму почнува да извира незадоволство за нешто повеќе. Во корупката од монотони искажувања е најтопло, најсигурно.
Во силината на границите, кај што се заштитуваш од критики ако гугкнеш нешто повеќе, ако патролираш со став за нешто повеќе е најбезбедно.
Боље квантитет.
Квалитетот нека го коваат некои други. Полесно е.
И така, сите сложно ќе гугукаме, ќе се смешкаме, ќе пружаме јазици за лижење на задници....ах, што убаво ни е.
Епа ја нечу! Изгледа не сум попрскана со крстена вода...
 
Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland

"Зависта е религија на медиокритетите.Таа им ја враќа силата,таа е одговор на немирите што ги јадат и,на крајот на краиштата,им ја растура душата и им дозволува да ги оправдаат својата беда и својата алчност се додека не поверуваат дека тоа се доблести и дека вратата на рајот ке се отвори само за несреќниците како нив,што поминуваат низ животот не оставајќи никаква друга трага освен намерата да ги омаложуваат другите и да ги исклучат и,ако е можно, да ги уништат оние што,со самиот факт дека постојат и дека се такви какви сто се,укажуваат на нивната беда на духот,умот и силата.Среќен е оној по кого лаат кретените,зошто неговата душа никогаш нема да им припаѓа." Ова е еден мал дел од книгата на Зафон "Играта на ангелот".Ама мислам совршено добро се вклопува во колумнава.:)
Нема потреба да кажам дека потполно се согласувам со тебе.:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: UnFleur and True_Blood