Во врска со партнер кој има дете

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Генерализирам? Можеби. КАМО ДА ГРЕШАМ! Тешки да е така! И мене работата ќе ми стане полесна и поубава и луѓето ќе бидат среќни.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Супер те сваќам...и драго ми е што се објаснуваме...

Прво да разграничиме. Не сакам да си правам хипотези што постои шанса да не се исправни, особено не вака јавно. Главно заради етичка кочница, што некој аутсајдер неупатен во муабетот може да го прочита и да си го свати здраво за готово :( Тоа е неубаво(shake)

Пред се сум личност - индивидуа со свој живот опкружен со бурни случувања секојдневно. Нивни посматрач, учесник, само што конкретно можам да кажам и квалификуван за да се занимавам со нивната суштина. Таква ми е и работата и приватните случувања. Моите лични ставови не сакам да ги наметнувам и како професионално исправни ставови. Потребно е само да воочиш барем некои 3 - 5 ситуации за да увидиш дека нешто се повторува постојано.
Ова е секојдневно случување, нималку далечно или нереално. Од Х причина нејзиниот сопруг ја напуштил или било што, па сега се чувстува сама, потребна и е поддршка, го има она одвратно чувство дека ја гази животот и секоја пропуштена прилика е неповратна, дека сега веќе испаѓа од конкуренција и треба да биде среќна со „скрпено“. Порано или подоцна овај комплекс на чувства се јавува кај сите жени кои останале со дете, а не се доволно „храбри“ (волни, заинтересирани) животот да го продолжат сами. Океј.. животот продолжува.
Сметаш дека ти е потребен маж со кој ќе го поминеш остатокот од животот, кој твоето дете ќе го гледа како негово и ќе се грижи за вас.
Во пракса, никој неможе да сака туѓо дете. Особено не откако ќе има и свое. Маѓијата поминува брзо. Опасно тежок живот е тоа , да не си му во кожата! Знам премногу такви случаи... тоа е убајна со сила правење, демек семејство сме... страшно е!

Кај жените ... не е наивност во прашање, туку преголема надеж што често заслепува.

Верувај, нагледан сум симетрични примери, ќе доловам еден детално, ако ти е интересен прочитај го... :

Пример... типката има 30 години, 4 годишно дете со неа, животот г`з преку глава направен, сопругот избегал Хрватска со швалерката. Трча од дома на работа, го зема од градинка, готви, пери чисти, дома... кај мајка и... домаќинка, негователка, болничарка, другар за детето и се друго што ќе затрева. Другарките си водат свој живот, родителите на дотогашниот сопругот пробуваат да ти го поткупат детето со киндер јајца и ефтини кинески играчки , ти ги мразиш од дното на душата (пошто ти префрлаат што те виделе со некој маж дека зборуваш и веднаш стануваш неквалификувана за добра мајка(bandit).)

И тогаш се појавува човекот од твоите соништа. На твои години, те наоѓа од нигде никаде и настанува еуфорија. Убав, згоден, „паметен“, со убава кола и стан под кирија. Почнува да ве носи на пица вас двајцата, доаѓа на ѕвонче од работа и носи „бураго количе“ за син ти - малиот скока од кеф.Тоа е најубавиот поклон за тебе во моментот. Ти ѕвони на мобилен и ти вика, поминувам кај градинката, ќе го земам малиот, ти оди си право дома... Ти среќна задоволна мислиш дека си го нашла вистинскиот што ќе ве чува.

НО...

Почнува да те вика на пица и сама, нормално не можеш да го одбиеш пошто секогаш беше толку добар спрема тебе. Доволно си уплашена да не останиш без него и ќе загризиш. Сите што ги знам загризале. Ти ѕвони навечер на телефон како не може да спие без тебе (абе лажи животното, во ВЦ е, се туширал после секс со некоја ефтина(punch) :mad). Почнува да ти навалува за да имате односи. Ти се колебаш. Тој навалува на сите можни начини (демек се плаши ти да не си со друг, да не сакаш друг, да не не ти е убаво со него итн..) Мора да се случи. Се чувствуаш должна и неправедно кон него да не му ја исполниш желбата, пошто тој цело време се ви удоволува. Се случува. Еднаш... два пати...Х пати..

3 чин на драмата:

Ти го попрашуваш со помукает кои се идните планови, тој ја врти темата. Престанува да го зема детето од градинка, престанува да купува подароци и да ве носи колективно на вечера. Те поканува исклучиво кај него дома ... се знае за што...
Сваќаш што се случило. Еуфорија од 2 недели. Го седнуваш и му викаш дека тебе така не ти одговара и сакаш сето да биди како на почетокот, а тој „зачудено те погледнува“ и ти вика „погрешив во врска со тебе. Ти не си таква и не ме заслужуваш“ (ти вели отсечно, од дома планирано. Животињо... што да те заслужува??? Признај дека истото им го велиш на сите кутри што ги ловиш на сентименти:cenzura)

Сваќаш дека си се зезнала, дека ќе се пофали на пола град и дека ќе те покажат со прст. АКО! - си викаш, така ми треба кога сум глупава!:place
Тажна си и разочарана. По 3 дена ти се јавува бифшата свекрва (нели, први разбираат кога не треба ... и ти ломоти дека ти си почнала да бараш мажи, како не ти е срам... те згазува со земја, а ти немаш сила да се објаснуваш) Ништо не ти оди некое време.
Потфрлаш на работа.
Се наоѓа еден „добар и пријатен“ колега што го забележува тоа и ти вика: Остави го тоа, јас ќе го сработам...
Почнува да те теши, ти му се исповедаш, како направиле ѓубре од тебе, како си ти лоша мајка, како не си успешна во ништо..
а тој те теши ... и тешиии... и тешии....
И ПОЧНУВА СЕТО ОТПОЧЕТОК!



За жал, не познавам ниеден пример што отскокнува и прикрпен пар живее убаво.(brokenheart) А многу примери познавам. На никого не му посакувам таков живот:(
Јоооооооој филм :eek:
Јас стварно не знам шо мислиш дека се случува во главата на жените, ама дека се случува вака, по некојси дифолт или па дека ова е доминантната статистика чисто сумњам.
Не знам шо да ти одговорам, во главата ми се милион мисли и не знам која побргу да ја напишам. Ако почнам да пишувам 3 километри реферат нема да ми е доволно.
Пак само ќе речам, можеби е ова шо го опиша нечие реално искуство, се случило некогаш некому, но професија како твојата не смее да си дозволи ваков начин на генерализирање. Се воздржувам колку можам од посочување некому како треба или не треба да размислува, но психолог мора, абе мора да размислува многу, многу пошироко од ова.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Може човек да размислува како сака. Тоа не ја прави стварноста поинаква.
Јас си дозволив да објаснам што гледам како секојдневно случување. Пишав и во постот погоре - камо да не е така, за мене ќе биде полесно, но за жал, таквите случаи се 1 на 1000. Секаква варијанта е можна, но практиката те окрутува и ги гледаш работите според редовниот редослед. Замисли што би било судијата кога би се внесувал во секоја парница или болничарите на интерно одделение ако плачат по секој умрен. Исто и со ова. Шаблон. Го знаеш редоследот на 90% од случувањата, исклучоците ги третираш поединечно. Секаде е така. Тешко е кога треба да работиш со луѓе кои се оставени, се чуствуваат осамени. Прават непромислени постапки Многу е лесно да се тешиме и да кажеме дека тоа не е случај, дека тоа со нас нема да се случи, дека познаваш некој пар кај што тоа оди океј... ама ... сепак, во праксата тоа е само порекнување на реалната ситуација. Недајбоже да дојде на глава, тогаш е тешко. Како што кажа и сама „секогаш се сериозно премрежје со силни влијанија“ што не оставаат личност да остани цврста.
Сеедно. Тоа што го гледам - тоа го зборувам.
Нема смисла повеќе да коментирам на темава.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Пример...
Се наоѓа еден „добар и пријатен“ колега што го забележува тоа и ти вика: Остави го тоа, јас ќе го сработам...
Почнува да те теши, ти му се исповедаш, како направиле ѓубре од тебе, како си ти лоша мајка, како не си успешна во ништо..
а тој те теши ... и тешиии... и тешии....
И ПОЧНУВА СЕТО ОТПОЧЕТОК!
А ако константно ја прави типката истата грешка, нели проблемот е до неа ?!
Мислам сопругот ја оставил со дете заради швалерката, моменталниот дечко ја доби в кревет и и’ рече чао, и сега следен е колегата?
Разбирам се...потребата за блискост, сигурност, поддршка итн, ама да грешиш без престан...Јас мислам дека типката има проблем со правилно проценување на луѓето...
А да, ќе заборавев...Сашко, верувај туѓо дете може да сакаш, исто како да е твое...тврдам!
 
23 јануари 2014
10
4
3
36
Децата се дар од Господа. Сакајте го секој негов дар. Небитно е дали некој имал дете или немал, дали некој претходно во животот направил грешки или не, сите грешат и ќе грешат допрва. Битно е покајанието. Каде што има покајание има и прошка. А децата не смеат да бидат пречка за љубовта туку поттик за истата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and Prashina

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
На секој може да му се случи. Не треба да се осудува. Посебно не родители, роднини и пријатели. Што ете ако немаат деца од предходен брак. Потоа ако се разведат, со деца млади? Зар треба за нив животот да заврши??? Немам ништо против. Секако, ќе размислам што е најдобро, дали и тоа невино душиче го разбира и се согласува со тоа. Но лично мене, тоа дете воопшто не би ми пречело.
 

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
105
353
Имам другарка која е мажена со дечко кој има син од претходниот брак. Таа си хо прифати како свое дете. Сепак и тоа е дете и има право на среќа. Има некој кој тоа дете воопшто не го почитуваат. Го мразат