Во врска или брак поради поддршка и сигурност во себе?

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Дали мислите или ви се случило да сте во врска со некого ради тоа што не се чувствувате посакувано па ви треба некој кој секој ден ќе ви вели : преубава си , секси си , ме полудуваш, те сакам , ти си најлична од сите. Дали ви се случило да сте сами и помислите е мене никој не ме наога атрактивна и никој не ме сака. Дали само ради тоа за да не останете сами и несигурни во себе би влегле во врска. А партнерот да биде тој што навистина ќе ве сака и цени без да знае дека сте со него ради осаменост, несигурност во себе и реф други работи?
Според мене таквите девојки или момчиња се болни во мозокот и им треба лечење. Љубовта е нешто најубаво и не смее да се злоупотребува нејзиното значење. Не е во ред некој да ве сака и од срце ви дели комплименти и ви ја докажува љубовта со дела а вие се радувате на тоа дека некој ве сака, ве цени. Но сте се запрашале ли : дали вие самата или самиот себе се цените, сакате и почитувате ? Зарем мора да најдете некој кој тоа ќе ви го каже? Некои велат : преубаво ми е во врската, секој ден ми вика Те сакам и најубава си. Сето тоа е добро ако го сакате партнерот но ако сте со него ради комплименти и скапи поклони вашата врска нема да потрае. Освен ако и двајцата имате ист интерес и не се сакате.

И друго нешто да наведам во темава :
Ги мразам оние кои наместо да влезат во врска си наогаат муватори за некоја нок. Јас незнам со какви чувства се враќаат дома после некое мување. Зарем бог не ги створил мажот и жената да бидат заедно во една цврста врска а не да шврљаат и се понашаат слободни во својот избор. Или дечко или сама. Тоа е мојот став. А тоа е бидејки ако со некој се бакнувам де бакнувам од љубов а не оти ми е ќејф да се прочешам со некој, оти имам недостаток на нежност. Ајде вие кои имате такви мувачи објаснете ми дали воошто имате чувства? Или сте биле повредени од една врска па сега не сакате да се врзете. Ако сте биле повредени за лечете ги раните сами. А најлоши се оние кои рипаат од врска во врска мислејки дека ќе ја заборават предходната упропасте на врска.

Извинете што сум директна но морав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones and kizzo

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Како прво кој е Бог да одлучува мажот и жената да бидат во цврста врска, ете сега има маж со маж во цврста врска и обратно?

Инаку, шо сакав да кажам за темава, малце е глупо. Викаш да влезеш во врска само за да ти кажуват еј убав си или те сакам, па како ке влезеш во врска само поради тоа? Еве ај, може женскиве да имате таква потреба незнам. За некој да ти вели те сакам у врска значи нешто си направил повеке за да ја привлечеш, значи ти е интересна и сакаш да бидеш со неа, ондак тука не си само за комплиментите нели?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Епа рекол Господ дека треба маж и жена да се заедно и цврста врска. Тоа го реков бидејки има слободни момци и девојки кои со ситесе муваат што им се допаѓаат и после ќе навлечат некој прекар како к***а, слободна, распуштена или не дај боже ќе фати некоја болест. Нормално дека и во брак или врска тоа не е сигурно дека ќе е се подмачкано но сепак е посигурно од оној другиот живот.

Јас не влегов во врска ради таква причина но познавам многу кои ради тоа се во врска. Или се недораснати или патат од нешто. Можеби некои ќе се препознаат. ;)
 
M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
На еден збркан тинејџер јасно ли му е што е права љубов, односно што треба да се бара и дава во една врска?
Сите се сигурни во себе, самосвесни, зрели па расудуваат правилно?
А и оние што мислат дека се такви веројатно и тие имаат недостатоци кои очекуваат партнерот да ги пополни.
Голем број врски се случуваат од погрешни причини и некои се развиваат како што треба и стануваат тоа што треба да се.
Други веројатно кога ќе ја пополнат осаменоста или што и да е што им треба во моментот, ќе видат дека други работи фалат па ќе прекинат врска. Трети се заглавени во истата и немаат муда за прекин.
А за вториот дел, јас бев една од оние кои сакаа да флертуваат и да се муваат а не да избрзувам и веднаш да му дадам титула дечко, па да го држам за рака, да ме гледаат роднини по град да ми планираат свадба и сл. Што има лошо во тоа? Да ти одговорам на прашање си идев дома расположена, фино помината вечер(без секс де не сум била до толку) и не сум сакала ништо повеќе затоа што ми се допаѓал ама не бил комплетен за мене. За дружење и џиџи миџи-ок, зошто морам да сум во врска? Што има лошо во тоа не ми е јасно?
 
Без Чувства неможам некому милно да го погледнам а не пак да го бакнам или нешто повеќе. А и проблемот е што веднаш се вљубувам во него ако имаме нешто повеќе од пријателство. И ако нему му е дојдено до некоја игра после ќе кажи : извини што си се заљубила за мене си само број....

Ако не е правиот за тебе, ако не е оној со кој сакаш да ти планираат свадба оти се бламираш и дозволуваш да те лигави и потоа се фали дека имал нешто со тебе. Оти знаеш какви се. Ако те бакнал одма ќе кажи еее ја ебев...

Несакам да се расправам но тоа е мојот став.
 
M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Можно е да имаш чувства кон некого, и за недела дена да ги снема, знаеш? Сте почнале врска, излегле некои работи на виделина кои дотогаш не си ги видела и ти почнуваш да чувствуваш одбивност. Нема да раскинеш затоа што сте во врска и треба да се сфати озбилно и да се бориш и да трпиш? Не знам колку години си, но претежно зборувам за млади личности, зошто толкава сериозност, зошто идеализирање на партнерите, зошто толку грижа за тоа дали си официјално во врска или моментално се мувате? Оставете работите да течат по природен пат па ќе се види сама по себе работава дали била озбилна или ветер во магла.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Епа рекол Господ дека треба маж и жена да се заедно и цврста врска. Тоа го реков бидејки има слободни момци и девојки кои со ситесе муваат што им се допаѓаат и после ќе навлечат некој прекар како к***а, слободна, распуштена или не дај боже ќе фати некоја болест. Нормално дека и во брак или врска тоа не е сигурно дека ќе е се подмачкано но сепак е посигурно од оној другиот живот.

Јас не влегов во врска ради таква причина но познавам многу кои ради тоа се во врска. Или се недораснати или патат од нешто. Можеби некои ќе се препознаат. ;)
Ама и не заборави дека можно е да влегуват во врска се со цел да заборават на минатото, тоа сосема го оправдувам човек да направи некој чекор, можеби ке се заљуби или барем нешто ке почувствува ако оди со добра цел.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Весна1992

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Тоа ти е чисто недостаток на самодоверба, потреба некој постојано да ти кажува дека си убава, дека те сака и не може без тебе, потреба некој друг да те вреднува наместо самиот себе си.Не можам многу да коментирам околу ова зошто не сум баш компетентна во врска со искуството во овие работи, но можам сепак да изнесам чисто свое мислење.
Имало моменти и сите ги имаат таквите моменти, кога не се чувствуваш убаво, се мислиш дека ти фали нешто, ти паѓа самодовербата, но не значи дека поради тоа мора да бараш маж кој ќе ти го потврди тоа што сакаш да го слушнеш.Периоди се, многу други фактори може да влијаат на тоа да си ја повратиш самодовербата.Не викам не, да имаш веќе цврста врска па да ти се случи спомнатиот период, убаво е партнерот да те поддржи и да ти помогне, ама сега ти од ништо да навлегуваш во нешто на што не можеш да се ослониш за на подолги стази, да ти изиграва некој рамо за плачење и тешење, да ти каже дека си ослабнала 2кг, не сум баш за. :)
 
84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Мувањето го сметам за нешто како користење,значи само онака ,и затоа можам да кажам дека мразам такво нешто и сметам дека за да се смуваш со некој треба да чувствуваш нешто кон неа/него ... :rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Весна1992