Воспитување: како ќе ги третирате децата?

Дали ке /ги казнувате вашите деца

  • Да , кога ке заслужат

    Гласови: 12 63.2%
  • Не , секогаш ке стојам зад нив и ке ги прикривам нивните грешки

    Гласови: 2 10.5%
  • Ке се обидувам да ги решавам работите само со разговор , ако не ми успее кревам раце од нив

    Гласови: 5 26.3%

  • Вкупно гласале
    19

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Родителите треба да разговараат со своите деца и јасно да им кажат што точно се очекува од нив. Децата треба да го знаат редот во куќата, но треба да знаат и каква казна следува ако го прекршат. Откако со децата ќе се разговара за казните и тие добро ќе ги разберат, куќниот ред треба да се спроведе во домот. Родителите не покажуваат љубов ако постојано ги опоменуваат децата дека ќе ги казнат, а никогаш не ја спроведуваат казната.Децата се чувствуваат посигурни и повеќе ги почитуваат и ги сакаат своите родители кога знаат дека родителот секогаш си стои на зборот, и дека неговото „Да“ значи „Да“ а неговото „Не“ значи „Не“ — дури и кога станува збор за казна.
Ова според Јосиф 11:82? :D
Казна за покорност? Па знаеш ли колку тинејџерите ги заболе уво бидејќи нивните родители ги уценуваат со казни? Ене ги, се облекуваат во мичи и деколтиња по автомобили, возени од ќелеши полни со пари. А замисли... требало да преспиваат кај другарките. Ама родителите не им дозволуваат да одат никаде и ги казнуваат.
Целиот проблем почнува од родителот и неговото недоволно посветено време кон детето. Од една страна и не се целосно за обвинување бидејќи сме дојдени во такво време каде родителите р`мбаат од јутра до сутра за да му обезбедат каква-таква иднина на детето... Од друга страна има и такви кои живеат на сребрена лажичка и мислат дека и детето истотака треба. А детето си има и второ место од каде да учи - општеството, при што се создава еден нуспроизвод на изгубеност и заталканост од двете страни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and balerina

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Има една поговорка која вели „ Господе дај ми добро дете за да бидам добар родител„...
Навистина е така...
Секој родител го воспитува своето дете како знае и умее воден од сопственото детство и начинот на кој го воспитувале, воден од примери на блиски и пријатели, па нешто читаме книги за родителство, читаме статии на нет итн, ама никогаш нема гаранција дека детето ќе биде мирно умно послушно...
Најважное да го опипаш своето дете и да заклучиш што кај него пали и што има ефект...
Еве на пример моето дете...
Ако го “плеснам“ по газето тоа ми враќа...нема ефект...
Ако му зборувам (иако е релативно мало, па нешто ме разбира нешто не) муабетот завршува со Договорени нема повеќе така? Не! ..По неполни 5 минути го прави истото значи нема ефект...
Е сега гледам дека кај него пали условување...Ако направиш така, нема ова или она...и постапувам така ама не секогаш и не за се’....не сакам и тоа по автоматизам да си го земе здраво за готово па и тоа да престане да делува...
Не знам како ќе биде понатаму ама засега условот е ефективен.
За жал, многу родители пробале да направат се’ и не постигнале ништо...затоа горе спомнав дека некогаш е и до самата нарав на детето...
Сите родители кои имаат 2 или три деца, нормално сите ги воспитуваат исто...Арно ама едното испаѓа мирно премирно а другово деликвент...и што тогаш? Кој е крив во тој случај?
Лично познавам такво дете..од свои 7 години крадеше, се тепаше и што не...и пробуваа секако...со разговор со ќотек, со казни (па скокаше и бегаше од тераса) со услов, на психолог што не и од својата 18 година е по затвори...Има премирни родители, чесни, пристојни, коректни и уште помирна сестра со свои деца, дом итн...луѓето си се на место ама ете...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and diva orhideja

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Некои се генетски метнати на некој гаден предок, нема чаре...(think)
А којзнае, велат дека лек за бесно дете било шугар депривејшн... значи стриктно на вештачки засладувачи да се држи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ова со воспитувањето на децата е тема која ја разглабувам подолго време.
Честопати многу често се прашувам,дали сум добра мајка за моето дете,дали го давам најдоброто од себе за тоа дете да го упатам во вистински правец,какви воспитни мерки да применувам,што е добро што не е за него...
Чинам ова се прашања кои секој еден родител си ги поставил себе си барем еднаш во текот на воспитувањето.
Секоја воспитна метка во која е применето насилство кон детето е no go,за мене.Ме згрозува такво нешто.
Еднаш,син ми имаше околу 6 години ме налути максимално за нешто(незнам што беше)и му дадов казна да оди во соба.Го затворив 5 мин.
Тој плачеше внатре во соба,јас надвор..
Тоа беше тогаш и никогаш повеќе.
Често пати партнерот ми мислејќи дека ќутекот е излезен од рајот пробал да го удри,па сум застанала измеѓу спремна да се тепам со него..Со насилство ја понижуваме личноста на децата,ги правиме безвредни и оставаме лузни на нивните души.
Разговор,граници,правила..Тоа се моите воспитни мерки.
Му дозволувам скоро се.
И немам проблеми со него.Нормално дете е,сака да ги испроба своите граници,сака да види колкава е неговата моќ,но ги запазува границите.
Доволен е строг озбилен поглед да сфати дека е доста.Или пак(почна да ме имитира кога е љут)кога дишам длабоко броејќи да се оладам..знае:доста е.
Му дозволувам да се испроба себе во сите можни ситуации,му дозволувам да биде таков каков е,дете,без да сакам да го обликувам.
Едно време купував секакви списанија во кои читав што е добро што не за децата,купував книги кои ми нудеа некаква теорија со многу решенија,за на крајот да сфатам дека доволно е да и верувам на сопствената интуиција и на своето дете.
Дека е доволно што постои некој кој му дава сигурност и љубов,му посветува време и внимание за да се развива во вистинскиот правец.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki, Luckky and existence