Водни желки (општа дискусија)

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Во домашните миленичиња спаѓаат и водните желки. Тоа не е милениче со кое можете да се играте ниту да го милувате. Кај нас најчесто чуваат црвеноушестите желки поради нивната ненаметливост и убав изглед . Името го добила поради нејзините црвени уши. Потекло води од САД, Мексико и Централна Америка.

За чување на водна желка не се потребни многу услови , важни се три фактори калциум, витамини и сончеви зраци.Потребно е аквариум кој собира најмалку 5л. вода за една желка, за да има доволно простор за пливање. Најдобри се аквариумите кои имааат преграда, едната страна е сува, а другата е со вода. Температурата на водата треба да биде константна, ни помала од 25 степени ни повеќе од 35 степени.
Температурата е најдобро да се регулира со грејач за аквариуми кој може да се набави од посебни продавници за миленичиња. Желките се хранат со разновидна храна, полна со витамини, да не биде зачинета, и секогаш се става храната во вода бидејќи тие не голтаат на суво.
Најдобро е да ги храните со црви, поточни ракови, ларви од комарци и др. Но оваа храна може да се најде во pet-shop преработени во друг облик. Желките имаат многу апетит но се хранат два пати дневно, за да не дојде до прејадување.

Дали сте чувале или сеуште чувате водна желка?

Како се грижите за неа?

Дали би купиле и чувале?

162020_206315189467390_1062708760_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and Aaliyah

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Како помала чував :cool:
Кога јадев ја вадев од аквариумчето и ја ставав на маса со мене да ручка (facepalm)
По некое време ми ослепе и ми умре (worried)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Како помала чував :cool:
Кога јадев ја вадев од аквариумчето и ја ставав на маса со мене да ручка (facepalm)
По некое време ми ослепе и ми умре (worried)

Епа не си ја чувала убаво. Живеат тие по 200 години. :D Ја ставаш со тебе на маса да јаде, тоа што јадеш ти и она јаде. :rofl

Не јадат тие све. Ако и даваш грав сигурно е дека ќе умре.
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Епа не си ја чувала убаво. Живеат тие по 200 години. :D Ја ставаш со тебе на маса да јаде, тоа што јадеш ти и она јаде. :rofl

Не јадат тие све. Ако и даваш грав сигурно е дека ќе умре.
Абе не и давав да јаде од мојата храна,и ставав ракчиња на неа :sram
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14