Вовед во програмирање и лесно совладување

  • Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

ComputerService

Истакнат Член
29 јануари 2013
446
240
143
Баш видов дека нема тема за почетници кој би сакале да поднаучат нешто за програмирањето или пак оние кој знаат да програмираат . да ги споделат работите на кој тие најлесно успеале да го совладаат програмирањето , тоа споделување на вашето искуство со програмирањето баш би му помогнало на некој кој би сакал да понаучи нешто.

Едноставно и најлесно би можеле да се снајдите на програмот---->>
Microsoft Visual Studio


 
  • Like
Reactions: The_Mayor

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Напамет ги учам сите програми.Зш учам информатика програмирање година ипол до некња завршив фала богу :D и онака нема да ми треба,а програмер скраја да е не станувам :D
 

ComputerService

Истакнат Член
29 јануари 2013
446
240
143
Напамет ги учам сите програми.Зш учам информатика програмирање година ипол до некња завршиш фала богу :D и онака нема да ми треба,а програмер скраја да е не станувам :D
ее зшш ?! не е баш тешко ?!
 

MountainMan

Активен Член
29 јануари 2013
96
151
33
K2 Pakistan
Пф тешко е програмирањето и тоа како, Ц++ и остали Ц глупости.. Од Ц само Ц витамин си пијам редовно си го програмирам организмот :biggrin Само Веб Дизајн ништо више! :p
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,263
9,106
1,683
Во прва на факултет имав се положено, ама само вовед во програмирање 1 и вовед во програмирање 2 не можев да ги положам.
 

Trpana

Нов член
30 март 2013
12
0
1
49
A ada poucime Java malku?Ja obozavam,objetktno orientirana programa,raboti recisi na site platformi,lesna za ucenje.....
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
A ada poucime Java malku?Ja obozavam,objetktno orientirana programa,raboti recisi na site platformi,lesna za ucenje.....
Објектно ориентирана програма не мора да биде направена само во Јава, може да направиш и во C++, C# и сите јазици кои подржуваат класи и класни хиерархии. Патем, објектно-ориентираното програмирање и не е така тежок логички предизвик затоа што е едноставно. Поголем предизвик се минимални алгоритми за графови, динамичко програмирање, пребарувачки алгоритми со најмала комплексност и бинарни стебла.
 
  • Like
Reactions: Trpana

Trpana

Нов член
30 март 2013
12
0
1
49
Java е објектен програмски јазик којшто се појавува во средината на 1990-тите, а е развиен од Американската фирма Sun Microsystems. Тој програмски јазик е сè позастапен во софтверските решенија на пазарот. Негова силна страна е што може да се користи на повеќе оперативни системи само со инсталирање на jre (java runtime enviroment) за извршување на програми напишани во Јава или на jdk (java development kit) за развивање на програмите во овој програмски јазик.
Програмите напишани во Јава се составени објекти, произведени од класи кои што поседуваат својства и методи. Од напишаните класи во дадената програма се создаваат објекти со кои што преку дадените методи овие објекти се манипулираат.
 

Trpana

Нов член
30 март 2013
12
0
1
49
JSP страницa е всушност страница која е преведена во сервлет кога е повикана. Но, JSP страниците нудат повеќе можности од сервлетите, со тоа што овозможуваат поинаков пристап во создавањето, промената и одржувањето на апликациите. Тоа е мешавина од HTML код со Java и JSP тагови, кои можат да се создаваат, или искористат некои од веќе понудените моќни TAG библиотеки.
JSP и Java Servlet технологиите ги нудат сите предности на Java програмскиот јазик, зрели, солидни решенија погодни за мали и големи корпоративни апликациски решенија.
Ова решение нуди:
  • Подвижност помеѓу платформи и сервери
  • Масивно раководство со исклучоци, грешки и меморија
  • Пристап до широк обем на API технологии (JDBC, JavaMail, XML.)
JSP и Java Servlet технологиите се дел од Java 2 Platform, Enterprise Edition (J2EE) платформата, и овозможуваат високо флексибилни и размерливи решенија за создавање на повеќеслојни апликации во “enterprise” околина затоа што:
  • Имаат пристап до Enterprise JavaBeans и J2EE компоненти и опслужувачи кои содржат широк опсег на апликациски функционалности, вклучувајќи безбедност и менаџмент на трансакции
  • Овозможуваат “multithreaded processing” и повеќе конкурентни барања, со што се идеални за апликации со голем број на истовремени корисници